08/21/2026
Неверојатни 4 дена во Словенија! 🌿✨
Ги посетивме Нина и нејзината мајка од Грамона Фарм во Порторож, каде научивме сè за одгледувањето на маслинки, јапонски јаболка и лешници. Особено интересно беше производството на маслиново масло и други преработки, како и начинот правилно да оцениме кое маслиново масло е навистина квалитетно.
Потоа нè пречекаа Урбан и Соња од Желични Рај во Марезиге. На нивниот имот од 5 хектари одгледуваат разни билки од кои прават креми и масти, грозје за вино и ракија, а нивните пчели имаат најуникатната куќарка што сме ја виделе. Си заминавме од таму полни со позитивна енергија! 🐝
Во Шкофја Лока нè пречекаа Жига и Патриција од Малине з Долине . Беревме малинки, капинки и јагоди, а пробавме и разни слатки специјалитети – превкусно! 🍓
Следна дестинација беше Блед, каде Матеја од Врт Укусов ни ја покажа зеленчуковата градина, кокошките, малинките и аронијата. Собравме свежи намирници и дегустиравме штрудла со малинки и домашни сокови. 😋
Нашата студиска посета ја завршивме во центарот на Љубљана – на кровот од 12-катен хотел каде Гораст има урбани пчели. Неверојатен пример што прерасна во здружение Урбан Пчелар со околу 1000 заеднички сандаци со пчели низ Љубљана!
Се враќаме полни со впечатоци, позитивна енергија и многу идеи кои сакаме да ги имплементираме. Благодариме на сите што нè пречекаа и споделија од своето знаење и љубов кон земјата! 💚
📌 Активноста е дел од Програмата , финансирана од Delegation of the European Union to North Macedonia и имплементирана од UNDP MK во партнерство со CNVP Северна Македонија.
📌 Проектот "Рурални Жени за одржлив развој на Преспа" е финансиран од CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust - PONT