14/04/2026
🇲🇰 Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората
Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги повикува сите заинтересирани организации, здруженија и поединци, кои потекнуваат од редовите на дијаспората, да поднесат проектни пријави кои опфаќаат идеи и иницијативи од нивен интерес.
Рокот за поднесување на апликациите е 15 дена од денот на објавување на Јавниот повик на веб-страницата на Министерството. Предлог-проектите доставени по истекот на наведениот рок нема да бидат разгледувани.
Проектите се доставуваат во скенирана форма по електронски пат, и тоа:
до Министерството, преку електронската пошта на надлежните Дипломатско-конзуларни претставништва (ДКП) на Република Северна Македонија во странство, како и до Секторот за дијаспора при МНРНТ на e-mail адресата: [email protected]
🔗
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026 Јавни огласи Информации од јавен карактер Министерство за надв...