26/03/2026
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, на 25.март оствари работна посета на Полска.
На средбата со потпретседателот на полската Влада и министер за надворешни работи, Радослав Шикорски, беа констатирани одличните билатерални односи, како и совпаѓањето во ставовите за клучните геополитички прашања, како партнерски држави во НАТО.
Полската страна повторно изрази поддршка за нашите аспирации за влез во ЕУ, нудејќи помош за изнаоѓање прифатливо решение.
Беше истакнато задоволството што Полска се проби меѓу првите 10 наши трговски партнери (во 2025 година, го зазеде 9-то место со 685 милиони долари трговска размена), но беше констатирано дека постои голем простор за проширување на трговската размена, и покрај одредените проблеми со кои се соочувааат нашите транспортери. Беше поздравен влезот на PEPCO на македонскиот пазар, каде веќе подолго време се наоѓаат ASSECO, Ziaja, Sinsay и други полски фирми, како и купувањето на „Еуро-композит“ од Прилеп од страна на компанија од Краков.
По тет-а-тет средбата и работниот ручек, двајцата министри одржааа заедничка прес-конференција
Во рамките на посетата, МНРиНТ Муцунски оствари средба и со претседателката на Комисијата за ЕУ во полскиот Сејм, Агњешка Помаска, на која се разговараше за модалитетите и условите за можниот почеток на нашите преговори за членство во ЕУ.