Видовиште Vidoviste

Видовиште  Vidoviste Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Видовиште Vidoviste, Landmark & historical place, Vidoviste, Zrnovci.

Селото Видовиште се наоѓа во источниот дел на Република Македонија на трансверзалата Скопје-Велес-Штип-Кочани-Делчево со Р.Бугарија на воздушна оддалеченост од 7 км јужно од Кочани. Сместено е во падините на планината Плачковица т.е. во зоната на српско-македонскиот масив или старите Родопски Планини. Селото е широко отворено кон реката Брегалница и Кочанската котлина со површина на селскиот атар

од 8.759.322 м2. Денес селото се наоѓа во склопот на новоформираната општина Зрновци. Видовиште се наоѓа на :
-12км оддалеченост од најблиската железничка пруга во Кочани
-137км оддалеченост од главниот град Скопје
-121км оддалеченост од аеродромот “Александар Велики”
63км оддалеченост од граничниот премин кон Бугарија кај Делчево.

Видовиште се наоѓа на надморска височина од 360м и како дел од кочанската котлина е заштитено од силни северни ветрови со Осоговските Пл.,а од силни воздушни продори од југ со планината Плачковица и нејзиниот највисок врв Лисец со висина од 1754м. Параметрите кои ја илустрираат климата во ова село се следниве
-просечна годишна температура од 13 ºС
-просечна средногодишна релативна влажност на воздухот од 71%
-просечна средногодишна сума на врнежи од 547,9 мм

Според кажувањата од предците ова село било населено уште од Римско време од страна на христијанско население кои што претежно се занимавало со сточарство. За ова не постојат конкретни пишани информаци но се претпоставува дека тоа било кон крајот на XIII и почетокот на XIV за што сведочеле христијанските гробишта од римско време на чие место се наоѓаат и денешните христијански гробишта како и црката која што се наоѓала на местото на овие гробишта чии што остатоци од ѕидови му пркоселе на забот од
времето до пред десетина години кога што биле срушени. Со потпаѓањето на Македонија под турско ропство, и ова село било завземено и населено од страна на турците кои што локалното христијанско население го протерале кон околните планински села и во Видовиште останало да живее турско население.
Со Балканските војни и протерувањето на турците од Македонија, од дваесетите години на XX век турското население од селото почнало масивно да се иселува и во селото останале да живеат уште 5-6 фамилии кои што се иселиле во педесетите години од XX век. Откако почнале турците да се повлекуваат први во Видовиште во 1922год доваѓаат десетина влашки фамилии кои што се занимавале со сточарство и со своите стада се населиле во селото. Од 1924 год во селото масовно почнало да се населува христијанско население кое што доааѓало претежно од Кривопаланечко, Кратово и од Осоговијата.
Според кажувањата од предците и преданијата селото Видовиште го добило името според ќерката Вида на еден богатовластец кој што живеел во римско време и кој што во ова село ја оженил својата ќерка и им го доделил поголемиот дел од имотот кој што спаѓа во селскиот атар.
Според други селото го добило името според тоа што од само од центарот на ова селото се простира прекрасен видик на целата кочанска котлина и селата кои што се наоѓаат во неа.

https://www.facebook.com/share/18FsxYt2qo/
09/12/2024

https://www.facebook.com/share/18FsxYt2qo/

Преку Единствениот бројот за итни случаи 112 во ЦУК, до Сектор за операции и координација е добиена пријава од лице Ванчо Димитров од с.Видовиште, ул.,,Панче Пешев дек....

16/08/2024
🙏🙏🙏
07/08/2024

🙏🙏🙏

https://m.youtube.com/watch?v=JS6ZhysFnLo
07/08/2024

https://m.youtube.com/watch?v=JS6ZhysFnLo

Vtora Tradicionalna Iselenicka Sredba vo Selo Vidoviste, Opstina Zrnovci. 04.08.2024Posebno Golema Blagodarnost do Sponzorot Dame Ivanov za poddrskata i real...

04/08/2024
Спремни за Втората Иселеничка средба во Видовиште со естрадниот уметник Влатко Миладиновски
04/08/2024

Спремни за Втората Иселеничка средба во Видовиште со естрадниот уметник Влатко Миладиновски

02/08/2024

Да се потсетиме.

Address

Vidoviste
Zrnovci

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Видовиште Vidoviste posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share