Советничка група на СДСМ - Зрновци

Советничка група на СДСМ - Зрновци Кандидат за градоначалник на општина Зрновци од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалкицијата

СДСМ е горд наследник на НОБ и борбата против фашизмот и предводник на европскиот пат на Македонија. Нека е честит денот...
09/05/2026

СДСМ е горд наследник на НОБ и борбата против фашизмот и предводник на европскиот пат на Македонија. Нека е честит денот!

🇲🇰 1 Мај нека биде ден на борба за правдина, достоинствена плата и човечки услови за живот! Честит нека е Денот на трудо...
01/05/2026

🇲🇰 1 Мај нека биде ден на борба за правдина, достоинствена плата и човечки услови за живот! Честит нека е Денот на трудот! 🇲🇰

30/04/2026

ОСМА седница на Совет општина Зрновци (30.04 2026)

9 години од крвавиот 27 април. Ден кој останува најтежок потсетник колку брзо една недемократска и криминална власт може...
27/04/2026

9 години од крвавиот 27 април. Ден кој останува најтежок потсетник колку брзо една недемократска и криминална власт може да ја оттурне државата во провалија. Насилството во Собранието, крвавите пратеници, нападите врз новинари, ништо не смее да се заборави.
Но, уште пострашно е што денес ги гледаме истите тенденции. Истата екипа. Истата банда. Истата криминална матрица на ВМРО-ОКГ.
Наместо правда, обиди за рехабилитација на насилниците. Наместо демократија, повторно заробени институции, притисоци врз судството, напади врз опозицијата и медиумска контрола.
Под водство на Христијан Мицкоски, државата повторно се турка во истата опасна насока, кон заробена држава.
27 април не е само сеќавање. Тоа е опомена.
Никогаш да не се заборави, да не се повтори.

20/04/2026
Честит Велигден! За многу години!
12/04/2026

Честит Велигден! За многу години!

07/04/2026

СЕДМА седница на Совет на општина Зрновци (06.04.2026) во 16:00ч

04/04/2026

Владата призна дека СДСМ бил во право со мерките, но предоцна реагира.

🎙️ Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека со денешната најава на премиерот Мицкоски за намалување на акцизата, владата призна дека СДСМ бил во право, но предоцна се реагира. Филипче посочи дека доколку се прифатеа мерките на СДСМ навреме немаше да има вакво големо поскапување на цените на горивата и на храната.

„Се поставува прашањето зошто сега, и кој досега ја плати разликата во цените. Се знае, разликата во цените ја платија граѓаните. Милиони евра отидоа и кај компаниите, кои што имаа профит изминатиот период. Како што укажувавме изминатите недели што треба да се направи, гледаме сега дека делумно премиерот допрва ќе разгледувал“, рече Филипче.

Притоа тој додаде дека ионака високите цени на храната, сега поради поскапувањето на горивата, цените се уште повеќе зголемени, а граѓаните се оставени сами да се справуваат со кризата.

„Пред кризата, белиот леб од 500 грама беше 34, сега 47,5 денари во некои маркети. Зејтинот од 77,5 на 110 денари. Јајцата од 220 на 290 денари, брашното од 40 на 52,5 денари, млекото со 3,2% масленост од 67,5 на 82,5 денари. Драстичен раст на цените има на зеленчукот и овошјето. Доматите од 130 на 235 денари, домашните јаболка од 45 на 70 денари. Ова е доказ дека граѓаните се оставени сами да се справуваат“, рече Филипче.

На прес-конференцијата Филипче нагласи дека ниту премиерот, ниту било кој во владата има желба и капацитет да им помогнат на граѓаните, да конструираат мерки, да ги имплементираат за да се ублажат овие ценовни шокови.

„Има зголемување на минималната плата од 1.667 денари. Ништо со ова не се постигнува. Скоро 68.000 денари е потрошувачката кошничка. Ако имаме предвид дека претходно порасна цената на струјата, понатаму на парното, со ова зголемување ништо не се постигнува, граѓаните не можат да го почувствуваат. Сега ни онаа минимална плата која што ние ја предлагавме, а која власта ја одби од 600 евра, нема да им помогне на граѓаните“, рече Филипче.

29/03/2026

Цените во продавниците, маркетите и на пазарите растат секој ден, граѓаните едвај врзвуваат крај со крај.

Дури и пиперките стануваат луксуз со цени од 300 денари за килограм, доматите над 200 денари.

Зејтинот е 118 денари, јајцата над 110 денари.

Цените до плафон – рејтингот до плафон.

Во маркетите – шок а во фрижидерите на граѓаните – празнина.

Доаѓа Велигден, следат подготовките. Е тогаш, секое македонско семејство ќе го провери „рејтингот“ на власта – директно во својот фрижидер.

Нема поголема анкета од оваа.

Нема поголема вистина за рејтингот од празната трпеза.

Нема леб, но затоа има игри!

Македонија повторно горда!

22/03/2026

Address

Zrnovci
2305

Telephone

+38970998467

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Советничка група на СДСМ - Зрновци posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share