Оваа страна е посветена на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука. Наоѓалиштето претставува благо возвишение - тумба, а се наоѓа во пелагониската општина Кривогаштани. За пошироката јавност Врбјанска Чука станува позната во 1977 година, а во 1979 год. се извршени и првите археолошки истражувања на тумбата, кои ќе продолжат и во наредните 1981 и 1982 година. Под лупата на археолозите, локалитетот по
вторно е ставен пет години подоцна, односно во 1987 година. Со овие истражувања утврдена е хронологијата на чуката. Всушност, се работи за наоѓалиште активно во три периоди, неолитот, доцната антика и средниот век. Во највисоките слоеви се откриени шест средновековни погребувања, но и повеќе јами кои од тука поаѓајќи, се симнуваат до најдолните културни слоеви. Периодот на доцната антика на чуката, застапен е преку нумизматички материјал, како и фрагменти од куќна и покривна керамика. Како особено интересна се издвојува неолитската фаза, кога за прв пат се забележува човечка активност на истражуваниот простор. Истражен е објект во кој е пронајдена масивна глинена конструкција, од можно ритуално значење, што го прави овој објект исклучителен за македонската археологија и особено неолитскиот период. Според формите и орнаментите изведени на неолитските керамички садови, неолитската населба која постоела на Врбјанска Чука, се смета за дел од пелагониската група Велушина - Породин.