Виница, вашата следна дестинација

Виница, вашата следна дестинација Општина Виница, Р. Македонија - Municipality of Vinica, R. Macedonia

Во средишниот дел на источна Македонија, како посебна област се издвојува плодната Виничко - Кочанска котлина. Го зафаќа средниот дел од сливот брегалница. Има околу 870 км и спаѓа во редот на помалите географски целини во Република Македонија. Виничко - Кочанската Котлина е најнаселена и стопански - сообраќајно е исклучително важна област во Источна Македонија. Реката Брегалница, чиј правец на ис

текување е од североисток кон југозапад, протечува по средината на оваа котлина.
На тој начин, северозападниот и југоисточниот дел од оваа област се одвојува со оваа река, преку која во секоја прилика не може да се поминува. Тоа било причина за формирање на две посебни трговски и градски средини од кои едната е Виница - југозападниот дел.
Името Виница за прв пат е документирано во словенските писмени споменици од 16 век. Со обликот Vinica ојконимот (името на населено место) Виница е регистриран во Лесновскиот поменик, чии записи се датирани од 16 век. Потоа неговото име во обликот Виница се спомеува во еден судски (турски) документ од 1619 година.
Подоцна Името на градот е регистрирано кај Верковиќ како Виница-Гумно, а во географската карта од 1900 година ојконимот е запишан како Vinica. Во формата Виница, градот е регистриран во студијата на В. Кнчов, а Бранкоф го предава како Vinitza. Административното име на градот е Виница.
Општина Виница, според просторно - географската положба , се наоѓа во Источна Македонија. Го зафаќа југо-источниот дел од Виничко- Кочанската котлина и ридско-планинскиот дел од плодната Плачковица со надморска височина од 301 до 926 метри.

Што пишувал Христо Татарчев во Торино 1930 година„Македонија била и си останува култ на македонскиот народ, на неговата ...
27/05/2026

Што пишувал Христо Татарчев во Торино 1930 година
„Македонија била и си останува култ на македонскиот народ, на неговата религија, род, јазик, на реликвиите на неговите дедовци и прадедовци. Индивидуалноста на македонскиот народ, која е резултат на значајни сили што дејствувале низ вековите, е зачувана и до денес, а ќе се зачува и во иднина. Зошто во него живее оној невидлив и незнаен од никого дух, кој ја создаде неговата судбина. Имено тој дух, заедно со духот на безбројните херои кои паднаа за слободата на Македонија, кој лебди над нашата убава земја, го зачувува во Македонецот светиот огин за слободата, ја зачувува безусловната љубов кон татковината во Македонецот, за да ѝ служи саможртвено, групиран околу својата веќе историска револуционерна организација, од провидението предопределена со мисијата да ги постигне слободата и независноста на Македонија. На тој начин не само што ќе се создаде правда и справедливост за достојниот македонски народ, туку ќе се создаде и мир на Балканскиот Полуостров.
Денес љубовта на Македонецот кон татковината не е само чувство, туку и долг кој лежи врз неговата мисла и волја, стимулирајќи ги неговите дела. Тој татковински долг налага стегната организација, ред и дисциплина. Македонија ќе биде извлечена од денешните нејзини владетели-тирани преку упорна борба на целокупниот македонски народ. Во единството на силите на сите Македонци е нашата сила и нашата победа“.

27/04/2026
27-ми Април. Припреми за промена на името режирано од страна на странските служби и домашните предавници. 6000 кривични ...
27/04/2026

27-ми Април. Припреми за промена на името режирано од страна на странските служби и домашните предавници. 6000 кривични пријави на луге кои го штитеа Уставот и не дозволуваа гласање на Претседател на Собранието на Република Македонија со 59 гласа ЗА. Целта беше внесување на страв меѓу Македонците и нивно парализирање, недостаток на реакција при потпишување на предавничкиот Преспански договор со Грција и двата протокола со Бугарија. Лугето кои невини уште капат по затвори заслужуваат огромен споменик на сред плоштад во Виница, кој ќе сведочи низ времето за нивната саможртва. Да се надеваме дека овој глас ќе стигне до градските власти. Вашиот ЛАЈК е подршка за оваа иницијатива.

Да се потсетиме. На денешен ден пред 8 години некои излегоа на улиците против промена на името. Други не продадоа за сит...
27/02/2026

Да се потсетиме. На денешен ден пред 8 години некои излегоа на улиците против промена на името. Други не продадоа за ситни лични интереси како што се вработување, унапредување, бизнис, хонорари... со изговор дека сакале влез во ЕУ. Трети тражеа разни изговори да си останат на топличко дома и да плукат на фејсбук против тие што излегоа на улици, а држават никогаш повеќе нема да биде тоа што беше пред 8 години.
Само тие што излгоа на улиците имат чувство дека не направиле се што можеле да направат. Вторите и третите не чувствуват ништо за Македонија.

16/02/2026

Целосна подршка за отпорот кој го пружат Блатчани против изградба на проточна брана на река Блатешница. Многу грѓани даваме подршка, но тоа го правиме само вербално. Вербално за овој случај е скоро ништо подршка. Да не дозволиме како што ја зеде некој пошто-зашто топлата истибанска вода и го закочи развојот на Општина Виница за сите овие триесет години, истото да ни се случи и со Блатец. Блатец има два манастира, две цркви, многу селски чешми со прекрасна вода за пиење, прекрасна шума, 2 блатешки езера, блатешки водопади,... Тоа е огромен туристички потенцијал. Релативно мала инвестиција може овој потенцијал да го претвоти во кинетика (движење). Ако бевме поодлучни сите ние и се спротивставевме на земањето на истибанската топла вода, сега Истибанци ќе издаваа апартмани, а Топлички рид ќе имаше 7 хотела како што е предвидено со урбанистичките планови. Народот не треба да чека некој друг да го организира туку треба тој сам да се организира. Да го омасовеме отпорот.

30/12/2025

Address

Bel Kamen
Vinica
2310

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Виница, вашата следна дестинација posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Виница, вашата следна дестинација:

Share