СДСМ ВИНИЦА

СДСМ ВИНИЦА Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from СДСМ ВИНИЦА, Political Party, Vinica.

🚨 Нова манипулација од градоначалникот Митко Костадиновски!Почитувани виничани, По 5 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Мит...
11/06/2026

🚨 Нова манипулација од градоначалникот Митко Костадиновски!

Почитувани виничани,

По 5 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Митко Костадиновски во Општина Виница, ЈП „Солидарност“ е оставено со долг од 19,8 милиони денари. Денес се претставува помош од 3,2 милиони денари како голем успех, но вистината е поинаква.

Не може да се фалите дека спасувате и го помагате ова претпријатие кое самите го доведовте во ваква состојба.Овие средства не се подарок туку заостанат долг кој вие од ДПМНЕ го направивте и одамна требаше да биде во целост исплатен.

❗ Наместо помош, граѓаните добија:
💧 Покачување на цената на водата за 30%
🌳 Нови давачки за зеленило
📈 Повисоки комунални трошоци

Како резултат на тоа, многу семејства денес плаќаат и над 500 денари повисоки сметки месечно.

📢 Граѓаните на Виница секојдневно ги гледаат резултатите од овие погубни политики. Наместо самопофалби, време е да се преземе одговорност и да се подмират долговите.

Платете го долгот, наместо да се фалите со тоа што требало одамна да го направите.

02/06/2026

Радувај се народе!

Премиерот Мицкоски вели дека напредуваме толку многу што од петта, сега сме трета економија во Европа. Со вакво темпо, изгледа наскоро ќе ги престигнеме и Германија, Франција и сите останати.

Во меѓувреме, граѓаните секојдневно се соочуваат со високи цени, ниски плати и сè потежок животен стандард, но очигледно статистиките што ни ги сервира власта покажуваат некоја паралелна реалност.

🎭 Кога една културна установа не е во состојба самостојно да состави неколку реченици за сопствена објава, па текстот це...
01/06/2026

🎭 Кога една културна установа не е во состојба самостојно да состави неколку реченици за сопствена објава, па текстот целосно го презема од ChatGPT, се поставува прашањето дали проблемот е во недостатокот на време, креативност или елементарна посветеност?
🪄 Алатките можат да помогнат, но не можат да ја заменат автентичноста и личниот печат што една институција треба да го има во својата комуникација со јавноста.

📢 Почитувани жители на Општина Виница,На вчерашната седница на Советот на Општина Виница беше донесена измена на Годишни...
29/05/2026

📢 Почитувани жители на Општина Виница,

На вчерашната седница на Советот на Општина Виница беше донесена измена на Годишниот план за вработување и беше изгласан ребаланс на Буџетот од советниците од Дпмне.❗

👉 Иако во изминатиот период градоначалникот Митко Костадиновски тврдеше дека нема да има нови вработувања, тоа очигледно не е така.

📌 Веќе од понеделник ќе започнат со работа 4 нови лица, меѓу кои и лице кое беше инволвирано во пожарот во „Пулс“ во Кочани, а одреден период беше и во притвор и суспензија.

📈 Со измените на планот, покрај овие 4 лица, до крајот на годината се предвидуваат уште 7 нови вработувања.

💰 Токму затоа, со ребалансот на Буџетот, средствата за плати – кои и сега изнесуваат огромни 60 милиони денари (околу 1 милион евра) – ќе се зголемат за уште дополнителни 100.000 евра на годишно ниво.

➡️ Тоа значи дека за плати во Општина Виница ќе се трошат околу 1.100.000 евра годишно!

🏗️ Во Виница, освен проектите наследени од претходните градоначалници, со кои постојано се фали Митко Костадиновски, нема ниту еден позначаен нов проект.

❌ Наместо нови проекти:
➡️ нови 11 вработувања
➡️ нови унапредувања
➡️ рекордни суми за плати

А сето тоа ќе го плаќаат граѓаните. 👥

🗣️ Баравте — гледајте.Тоа е Виница

📍 На денешната 9-та седница на Советот на Општина Виница, советничката група на СДСМ предложи два амандмани 📄✅ Првиот ам...
28/05/2026

📍 На денешната 9-та седница на Советот на Општина Виница, советничката група на СДСМ предложи два амандмани 📄

✅ Првиот амандман предвидува еднократна финансиска поддршка за сите матуранти од средното училиште во Виница 🎓

✅ Со вториот амандман се предлага наградување на најуспешните ученици од четирите основни училишта и средното училиште во општината 👏📚
Вкупно 10 ученици би добиле бесплатно едукативно патување – екскурзија ✈️🌍

❌ Иако советничката група на ДПМНЕ призна дека предлозите се добри и издржани, сепак не собра храброст да гласа „за“ и да даде поддршка на матурантите и најдобрите ученици.

💸 Очигледно, средства има за репрезентации и нови партиски вработувања, но не и за младите и иднината на оваа општина.

Повторно потценување на интелигенцијата на граѓаните на општина Виница. 🤦‍♂️Во објавата што ја сподели градоначалникот М...
28/05/2026

Повторно потценување на интелигенцијата на граѓаните на општина Виница. 🤦‍♂️

Во објавата што ја сподели градоначалникот Митко Костадиновски, јасно се гледа дека ќе се прска терестички, со возило низ градот а не авионски. 🚜🦟

До кога мислите дека граѓаните на Виница се наивни и дека ќе повторуваат сè што ќе им кажете? Не се сите членови на ВМРО-ДПМНЕ. Во Виница има и неутрални граѓани, како и поддржувачи на други политички и невладини организации, кои размислуваат слободно и критички. ☝️

Со една пумпа ќе испрскате неколку грмушки, две дрва и една ливада, а ќе потрошите 150.000 денари и ќе објавите дека „нешто функционира“. Срамота е вакво потценување на Виничани. 😡

Кажете си отворено дека нема да има авионско прскање, а парите ќе се користат за партиски вработувања. Толку е едноставно. 🎭

И ова лето, Виничани сами нека се чуваат од комарци и болести, затоа што очигледно авионско прскање нема да има, додека општината и градоначалникот трошат пари на други работи. 🦟⚠️

📢 Почитувани љубители на фудбалот во Виница,ФК Слога 1934 повторно испаѓа од Втората во Третата македонска фудбалска лиг...
26/05/2026

📢 Почитувани љубители на фудбалот во Виница,

ФК Слога 1934 повторно испаѓа од Втората во Третата македонска фудбалска лига. За многу навивачи ова не е само спортски неуспех, туку отвора сериозни прашања за работењето и управувањето со клубот.

⚽ Граѓаните имаат право да добијат одговори:

📌 Што се случи со најавуваното спонзорство од Турција и дали има јавен извештај за тие финансиски средства каде и како се трошени?
📌 Како се потрошени средствата што во изминатите години биле издвојувани за клубот од страна на Општина Виница околу 10 милиони денари во последните 5 години?
📌 Дали постои детален и јавно достапен финансиски извештај за сите трошоци?
📌 Дали е точно дека за угостителски услуги и други оперативни трошоци биле потрошени значителни милионски суми и дали тие расходи биле оправдани?
📌 Дали е точно дека за превоз биле исплатени повеќе од 2,5 милиони денари и дали постоела транспарентна постапка за избор на превозник? Во јавноста се поставуваат и прашања околу наводите за поврзаност на превозникот со лица блиски до локалната власт (кум на Градоначалникот Митко Костадиновски) – очекување е овие дилеми јавно да се расчистат.

❗ Наместо резултати и развој, клубот повторно пропаѓа и се соочува со испаѓање. Навивачите, младите фудбалери и граѓаните заслужуваат отчетност, транспарентност и јасен план за иднината на клубот.

📍Фудбалот во Виница заслужува многу повеќе од неспособно водство предводено од Вмро-Дпмне.

25/05/2026

📢 Почитувани,

Граѓаните на Општина Виница очекуваат јасна информација дали и кога ќе се спроведе прскање против комарци и зошто не се спровело досега. Веќе има зголемена појава на комарци, а нема јавно објавени информации дали е реализирано ларвицидното третирање и зошто НЕ Е и кои мерки се преземени и зошто НИШТО НЕ Е.

Наместо постојано претставување на наследени проекти како нов успех, време е Митко Костадиновски фокусот да биде на тековните обврски и конкретни резултати. Граѓаните дадоа доверба за работа, организација и решавање на секојдневните проблеми а не за китење со проекти од претходните Градоначалници.

Виничани очекуваат дела, не фотографии. Време е редовните обврски да станат приоритет — за летово комарците да не бидат најактуелната тема во Виница. 🦟📍

Нека ни е честит празникот на светите Кирил и Методиј - сесловенските просветители, творци на писменоста и чувари на дух...
24/05/2026

Нека ни е честит празникот на светите Кирил и Методиј - сесловенските просветители, творци на писменоста и чувари на духовноста.

Вечна благодарност за нивното дело!

Почитувани припадници на влашката заедница, Во име на СДСМ Виница упатуваме искрени честитки по повод Денот на Власите. ...
23/05/2026

Почитувани припадници на влашката заедница,

Во име на СДСМ Виница упатуваме искрени честитки по повод Денот на Власите.

Овој ден претставува признание за богатото културно наследство, јазикот, традицијата и историјата на влашката заедница, која со својата посебност значајно ја збогатува мултикултурната слика на нашето општество.

Нека овој празник биде потсетник за важноста на меѓусебната почит, соживотот и заедништвото меѓу сите заедници. Гордоста на Вашиот идентитет нека продолжи да се негува и пренесува на идните генерации.

Address

Vinica
2310

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СДСМ ВИНИЦА posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to СДСМ ВИНИЦА:

Share