Општина Виница

Општина Виница Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Општина Виница, City Hall, Бел Камен 13, Vinica.

Да покажеме повторно заедништво и поддршкаПоканети се сите љубители и поддржувачи на фудбалот!
29/05/2026

Да покажеме повторно заедништво и поддршка

Поканети се сите љубители и поддржувачи на фудбалот!

29/05/2026
Денес Советот на Општина Виница ја одржа 9 та редовната седница на која беа разгледани и усвоени повеќе значајни точки о...
28/05/2026

Денес Советот на Општина Виница ја одржа 9 та редовната седница на која беа разгледани и усвоени повеќе значајни точки од интерес за граѓаните и развојот на општината.

Советот расправаше по кварталните извештаи за извршување на Буџетот, извештајот за достасани обврски, задолжувањата, како и за ребалансот на Буџетот и измените на развојните програми за 2026 година. Дополнително беа донесени одлуки поврзани со комуналното работење, урбаната опрема, енергетското планирање, меѓуопштинската соработка со Општина Берово, како и повеќе прашања од областа на образованието, културата и јавните претпријатија.

Најзначајна и како прва точка беше Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Виница за првиот квартал од 2026 година.Иако опозицијата не го поддржа извештајот, фактите се повеќе од јасни — Општина Виница бележи историски највисоко ниво на капитални расходи и инвестиции во инфраструктурата.
Виница се гради како никогаш досега. Денес тоа го потврдуваат и официјалните бројки. Во 2026 година, само во ПРВИОТ КВАРТАЛ, капиталните расходи изнесуваат 49 милиони денари!Тоа значи дека за само три месеци се реализирани повеќе средства за инфраструктурни проекти отколку во целата 2025 година, која досега беше рекордна, а капиталните расходи изнесуваа 47 милиони денари.

На седницата беа разгледани и повеќе барања за финансиска помош за лекување, поддршка на спортот, хуманитарни активности, како и барања на граѓани за приклучоци на водоводната мрежа, со што Советот уште еднаш покажа дека останува директно посветен на потребите на граѓаните.

28/05/2026
Честит 24 Мај - Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и МетодијТемелите на п...
24/05/2026

Честит 24 Мај - Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј

Темелите на писменоста на словенските народи ги поставија учителите, браќата Кирил и Методиј. Со нивното дело дадоа огромен цивилизациски придонес не само за македонскиот народ, туку и за сите народи кои ги негуваат словенските културни и традиционални особености.

Градењето на македонскиот идентитет денес се должи на нивната безвремена посветеност да го направат јазикот разбирлив за другите народи и да се пренесе својата мисла, култура, вредности, а пред сè, јазикот на идните генерации.

Нивната благородна мисија е светска придобивка која денес обединува многу народи преку писменоста, како едно од основните обележја на еден народ. Важноста и значењето на Светите браќа Кирил и Методиј се гледа и во фактот што Ватикан со признание ги прифаќа како патрони на Европа и токму на овој ден ги чествува.

Нека е вечно нивното име, а делото нивно да го зачуваме од заборав.

21/05/2026
Во чест на патрониот празник на СОУ „Ванчо Прке“ – достоинствено одбележување исполнето со уметност, знаење и младински ...
21/05/2026

Во чест на патрониот празник на СОУ „Ванчо Прке“ – достоинствено одбележување исполнето со уметност, знаење и младински успеси.

Со премиерата на музичката приказна „Четири сцени од младоста“, СОУ „Ванчо Прке“ го започна чествувањето на својот патрон, претворајќи ја сцената во простор исполнет со емоции, креативност и младешка енергија. Пред многубројната публика која ја исполни салата до последно место, учениците и професорите уште еднаш потврдија дека љубовта кон уметноста секогаш го пронаоѓа својот пат до публиката и остава силен впечаток.

Чествувањето продолжи денес со положување свежо цвеќе пред спомен-бистата на Ванчо Прке во училиштето, оддавајќи почит кон ликот и делото на патронот, чие име со гордост го носи оваа образовна институција.

Во рамки на свечената програма, исполнета со хумористични сцени, прекрасна музика и искрени ученички изведби, посебна емоција предизвика прогласувањето на најдобрите ученици на генерацијата и доделувањето благодарници на учениците кои во текот на учебната година постигнаа значајни резултати и високи достигнувања на општински и државни натпревари.
Плакетите на најдобрите ученици ги додели директорката Сузана Трајкова, која упати искрени честитки за нивниот труд, посветеност и успех, заблагодарувајќи им се што со своите резултати и вредности оставаат траен белег во училиштето и претставуваат вистинска гордост за СОУ „Ванчо Прке“.

Патрониот празник уште еднаш покажа дека СОУ „Ванчо Прке“ не е само образовна установа, туку место каде се градат знаење, таленти, пријателства и идни генерации кои достоинствено ги продолжуваат вредностите на училиштето.

Address

Бел Камен 13
Vinica
2310

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Виница posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Виница:

Share

Category