Левица - Виница

Левица - Виница Локален огранок на Политичката партија Левица во Општина Виница

28/05/2026
23/05/2026

ВЛАДАТА НА МИЦКОСКИ ГИ ШТИТИ КОЦКАРСКИТЕ БИЗНИСИ ПОВРЗАНИ СО КОРУПЦИЈА И ПОТКУП ВО АВСТРИЈА

⚠️ #Левица алармира дека македонската коцкарска индустрија е длабоко поврзана со меѓународни компании чии сопственици се гонат за корупција и ПОТКУП на политичари. Односно, најголем удел во македонскиот бизнис со коцкање има австриската компанија ,,NOVOMATIC AG", која преку низа фирми контролира значителен дел од автомат клубовите во државата.

❗️Додека граѓаните тонат во сиромаштија, фирмите поврзани со австриската ,,Novomatic" извлекуваат милионски профити од зависноста и социјалната беда. Само една од нивните компании во Македонија – ,,ХТЛ Мацедониа" – во 2025 година остварила чист ПРОФИТ од над 955.000 евра! Особено скандалозно е што токму кога австриското обвинителство официјално подигна ОБВИНЕНИЕ против сопственикот на австриската ,,Novomatic" за поткуп и корупција поврзани со коцкарски лиценци во Австрија, владата на Мицкоски предлага закон со кој коцкарските компании ќе продолжат да плаќаат симболични давачки.

🚨Според предлог-законот на Владата, лиценцата за автомат клуб изнесува само 100.000 евра за период од шест години. Тоа значи дека само една фирма поврзана со ,,Novomatic" - за само една година заработува ДЕВЕТ ПАТИ ПОВЕЌЕ од износот што го плаќа за лиценца за период од шест години. Ова е јасен доказ дека законите не се пишуваат во интерес на граѓаните, туку во интерес на коцкарските лобија.

⁉️Се поставува логичното прашање: како е можно власта на ВМРО-ДПМНЕ да предлага толку НИСКИ ДАВАЧКИ за индустрија која врти милиони, ако зад тоа не стојат политички договори, клиентелизам и коруптивни релации. Јасно е дека власта на ВМРО-ДПМНЕ е под директно влијание на коцкарското лоби, кое со години ја поткопува државата преку политички врски, мито и привилегирани лиценци. Наместо заштита на јавниот интерес, Владата се претвора во сервис на странски коцкарски корпорации со сомнително корупциско минато.

Додека во европските држави се отвораат истраги за поткуп и влијание врз политичари, во #Македонија истите тие компании добиваат повластен третман, ниски давачки и законски решенија скроени по НИВНА МЕРКА. Тоа е уште еден доказ дека власта на Мицкоски не води борба против криминалот и корупцијата, туку ја институционализира.

21/05/2026

ЗОШТО ДРЖАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НЕ ГИ КОРИСТИ СВОИТЕ ОВЛАСТУВАЊА ЗА СЛУЧАЈОТ "МАЗУТ"?!

🚨Додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител да постапи по скандалозното затворање на случајот „Мазут”, иако претходно Мицкоски од говорница повикуваше по кои предмети да постапи новиот државен јавен обвинител - за овој случај Савески одбира да МОЛЧИ.

🔸️Иако ОЈО ГОКК ја запре истрагата, Законот за Јавното обвинителство јасно му дава механизми на државниот јавен обвинител да постапи во оваа фаза од предметот, односно Савески може да побара УВИД во предметот со цел утврдување на законитоста на истрагата, како и да наложи нови вештачења или прибирање докази. Сепак, и покрај јасните законски алатки, државниот јавен обвинител воопшто не покажува волја да побара увид во скандалозното запирање на истрагата во предметот „Мазут“, ниту да отвори институционална ПРОВЕРКА за начинот на кој е запрена истрагата.

⚠️️Особено загрижува фактот што по именувањето на новиот државен јавен обвинител беа забележани експедитивни кадровски и процесни потези кои одат во прилог на политичките интереси на ВМРО-ДПМНЕ, како што беше случајот со предметот „ТАЛИР”. И покрај тоа што има законска обврска и овластувања да побара увид, да наложи дополнителни дејствија и да утврди дали постапката била водена законито, Савески останува ПАСИВЕН и одбира да глуми ненадлежен.

⁉️Дали пасивноста на Савески доаѓа после телефонскиот разговор со Мицкоски, каде добил такви НАСОКИ?! Ако новиот државен јавен обвинител навистина не постапува по политички и партиски директиви, тогаш Савески треба да ги искористи законските механизми кои му стојат на располагање и да утврди како е затворена истрага за случај во кој државата била оштетена за 169 милиони евра.

14/05/2026

ОГРАНИЧУВАЊЕТО ОД 500 МЕТРИ НЕ Е ДОВОЛНО - МАКЕДОНИЈА ИМА НАЈЛИБЕРАЛИЗИРАН ПАЗАР ЗА КОЦКАЊЕ ВО ЕВРОПА

🚨 #Левица укажува дека ограничувањето на казината на само 500 метри од училиштата е минимален и "шминкерски" чекор, кој не го решава суштинскиот проблем со експанзијата на индустријата за коцкање во Македонија.

📈Според јавно објавени податоци, само во текот на 2025 година во казината, автомат клубовите и обложувалниците во Македонија биле уплатени околу 2,83 милијарди евра. Овие бројки се доказ дека коцкарската индустрија прерасна во еден НАЈПРОФИТАБИЛНИТЕ бизниси во државата, додека илјадници семејства секојдневно се соочуваат со долгови, сиромаштија и зависност.

❗️За разлика од #Македонија, Словенија има значително ПОРЕСТРИКТИВЕН МОДЕЛ, каде државата строго го ограничува бројот на концесии, односно операторите мора да исполнат високи финансиски и регулаторни услови за добивање концесија за овој бизнис. Дополнително, Словенија својот модел го насочува претежно кон туристичкиот сектор, при што голем дел од казината се позиционирани во туристички и погранични региони и се ориентирани кон странски гости. Наместо казина и обложувалници во секоја населба, словенечкиот модел се темели на ОГРАНИЧЕН БРОЈ строго контролирани туристички комплекси.

🔸️Токму кон ваков модел треба да се стреми и Македонија – модел во кој државата нема да биде зависна од приходите од коцкање, туку ќе ги ШТИТИ граѓаните од социјалните последици што оваа индустрија ги предизвикува.

📣Левица смета дека е неопходна целосна промена на политиката кон игрите на среќа - наместо паушални измени кои ги најавува владата, која не ги ни ограничи казината да бидат на три километри оддалеченост од училиштата, како што апелираше граѓанскиот сектор. Токму поради ова, Левица ќе поднесе НОВ ПРЕДЛОГ-ЗАКОН кој значително ќе го ограничи бизнисот со казината, по примерот на словенскиот модел каде казината се ограничени само во туристички центри и погранични региони.

❗️Македонија НЕ СМЕЕ да биде држава во која казината и обложувалниците се побројни од културните и спортските центри за младите.

08/05/2026

ФОТОВОЛТАИЦИТЕ ОТКРИЈА КОЛАПС НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СИСТЕМ – ЛЕВИЦА ПРЕДЛАГА ИНТЕРВЕНТНИ МЕРКИ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА

🚨Јасно се покажува дека постоечкиот електроенергетски систем не е подготвен да се справи со зголеменото производство на електрична енергија од фотоволтаици. Наместо да се направи адаптација на системот, институциите дозволија да се приклучуваат сѐ повеќе нови капацитети БЕЗ соодветно ПЛАНИРАЊЕ со што ја доведуваат во прашање стабилноста на електроенергетскиот систем.

⚡️Дополнително, постоечкиот двотарифен систем за домаќинствата е застарен и финансиски ШТЕТЕН за ЕЛЕМ. Денес имаме намалена потрошувачка на електрична енергија во текот на денот наместо навечер, како што беше во минатото кога овој систем е воведен.

❗️Во случај на сончеви денови, операторот се соочува со апсурдни ситуации, затоа што се јавува потреба фотоволтаици во текот на денот да се исклучат од електричната мрежа или операторот мора да ги плати од буџетот на потрошувачите, за да се компензира регулацијата на нивната произведена енергија. Од друга страна, државните производители неусогласено дополнително инјектираат електрична енергија која нема кој да ја потроши. Ова предизвикува пренапони и непредвидено ОПТОВАРУВАЊЕ на преносната опрема, создава можности за дефекти и испади на електроенергетскиот систем. Исклучувањето на фотоволтаичните централи од мрежа не го решава проблемот, бидејќи производството не е оптимизирано.

⚠️Ваквото НЕОДГОВОРНО управување со енергетскиот систем ќе ја загрози енергетската стабилност на државата. За да се обезбеди стабилно функционирање на енергетскиот систем предлагаме:

🔸️ИТНА набавка на батериски системи за складирање на вишокот произведена електрична енергија како краткорочно решение;

🔸️Започнување на градба на државна реверзибилната хидроцентрала #ЧЕБРЕН со што на долг рок би се решил проблемот со вишокот на електрична енергија;

🔸️Воведување на ПОВЕЌЕТАРИФЕН систем (зимски и летен со повеќе часовни блокови како и сончева тарифа) за усогласување на производството со побарувачката;

🔸 #️️Гасификација на ТЕЦ Неготино, со ова би се овозможила поголема флексибилност на системот и конечно ставање во функција на овој енергетски капацитет кој денес единствено служи како место за партиски вработувања;

🔸️Реорганизација на ЕЛЕМ и поставување на стручни раководни лица во делот на оптимизација на микс на производството со цел да се воведе ред и фирмата да почне да прави профит, наместо да тоне во долгови.

30/04/2026

ЛЕВИЦА ГО ПОДДРЖУВА ПРОТЕСТОТ НА РАБОТНИЦИТЕ И СИНДИКАТИТЕ НА ПРВИ МАЈ

🔴Застапувајќи ги интересите на сопствените спонзори, десничарската влада целосно заборави на работникот и третирајќи го како орудје за остварување профит, доведува до социјално-економска криза, структурната експлоатација и континуираното дерогирање на работничките права.
👷‍♂️Пред само неколку дена сведочевме за тоа како животот на работникот нема никаква вредност за државните институции кога се во прашање милионите на олигархијата и владејачката класа.

🚨Мицкоски ја претвори Владата во нем посматрач на трипатртитниот дијалог со работниците и работодавачите. Останувајќи во прегратките на Бранко Азески, власта изминативе две години се пресметува со синдикални лидери, прави притисоци за укинување на колективни договори и, најново, спремаат нов правилник на ФЗО со којшто имаат намера да го ускратат и правото на боледување на работниците.

❌Две минимални плати не се доволни за едно семејство да го преживее месецот. Половина од населениото заработува плата пониска од 600 евра. Додека власта се фали со фиктивен раст на БДП и илузорни статистики, инфлацијата ја јаде платата, а работниците не можат да го преживеат месецот.
👉Отука #Левица целосно го поддржува утрешниот протест, барањата на синдикатите и работниците и ги повикува своите членови и симпатизери Денот на трудот да го одбележат на протест.

📣Ги повикуваме и работниците кои се задоволни од својата плата да излезат на протест и се солидаризираат со своите колеги и блиски чиј труд е обезвреднет. Синдикатите и работнички здруженија кои одбиваат да се приклучат на протестот ги потсетуваме дека Први мај е историски симбол на работничката борба, а солидарноста основен принцип во борбата за обезбедување достоинствен живот и работнички права.

🚨 ДПМНЕ И ДАНИЕЛА ХРИСТОВА ГЛАСАА – ПРОТИВ ИНТЕРЕСОТ НА НАРОДОТПратеничката Даниела Христова, заедно со пратениците од В...
24/04/2026

🚨 ДПМНЕ И ДАНИЕЛА ХРИСТОВА ГЛАСАА – ПРОТИВ ИНТЕРЕСОТ НА НАРОДОТ

Пратеничката Даниела Христова, заедно со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, поддржа измени на законите што отвораат простор за експлоатација на природните ресурси со минимална корист за државата.

Додека граѓаните добиваат загадена животна средина и симболични приходи, профитите завршуваат кај мал број компании.
Ова е одлука што го става јавниот интерес во втор план и ја загрозува иднината на државата.

Address

Маршал Тито
Vinica
2310

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Левица - Виница posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share