Ј.П. Еремја Вевчани

Ј.П. Еремја Вевчани Јавно претпријатие за комунални дејности и облагородување на природните ресурси „Еремја“ Вевчани

Денеска го славиме празникот на Светиот пророк Јеремија— празник по кој нашето јавно комунално претпријатие го носи имет...
14/05/2026

Денеска го славиме празникот на Светиот пророк Јеремија— празник по кој нашето јавно комунално претпријатие го носи името.

Со тропање и создавање бучава, симболично се бркале змиите, несреќите и сè лошо од домовите, нивите и изворите. Уште од минатото, овој обичај во Вевчани претставува знак на прочистување, заштита и нов почеток.

Токму од оваа традиција претпријатието го добива името ЈП „Еремја“, чија секојдневна мисија е грижата за чиста вода за пиење, одржувањето на јавната хигиена, како и собирањето и транспортирањето на нашиот отпад од кантите и контејнерите, одржување на канализационата мрежа и ред други комунални услуги.

Зад секоја чиста улица, секоја капка чиста вода и секоја завршена работа стојат вредните работници кои секојдневно се на терен, во сите временски услови - на студ, снег и дожд, ветер и жештини — посветено работејќи за доброто на сите граѓани.

Денес имаме можност да се потсетиме и секако да им изразиме искрена почит и благодарност на луѓето кои тивко, но пожртвувано, се грижат за заедницата секој ден работејќи во јавните претпријатија.

Јавните претпријатија се столбот на секојдневното функционирање на заедницата, столб за одржувањето на едно чисто, здраво и уредено општество.

Но, грижата за јавните системи, површини и добра не е само обврска на претпријатијата, туку и заедничка одговорност на сите нас како граѓани.

Само со меѓусебна почит, одговорност и соработка можеме да создадеме почиста, поздрава и поуредена животна средина во општината.

12/05/2026

📢 ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ДОЛНА ЗОНА

Ги известуваме корисниците кои се снабдуваат со вода за пиење од резервоар „Вевчански Извори“ – долна зона, дека утре, Среда 13.05.2026 година, во периодот од 09:00 часот па сè до целосно санирање на неколку дефекти на водоводната мрежа, ќе има прекин во водоснабдувањето.

Екипите на ЈП „Еремја“ ќе бидат на терен и ќе работат со максимална посветеност за дефектите да бидат отстранети во најкраток можен рок и водоснабдувањето нормализирано што е можно побрзо.

Апелираме до граѓаните навремено да обезбедат потребни количини вода за основните потреби и ги замолуваме за разбирање и трпение додека траат активностите.

Ви благодариме за соработката. 💧

И покрај тоа што на главниот влез има поставен контејнер, а на влезовите за пешаци се поставени канти за отпад, за жал п...
30/04/2026

И покрај тоа што на главниот влез има поставен контејнер, а на влезовите за пешаци се поставени канти за отпад, за жал повторно сме сведоци на несоодветно одложување на отпадот од гробиштата. Наместо да се користат предвидените садови, отпадот се остава на несоодветни места, со што се нарушува изгледот и достоинството на просторот.

Дополнително, каналот за наводнување е затнат со зелен отпад – трева и гранки. Нејасно е како се очекува тој отпад да помине низ каналот и под мостовите, кога очигледно го попречува нормалниот проток и создава проблеми.

Ова однесување е недозволиво. Потребно е да покажеме поголема општествена одговорност, совест и грижа за заедничките простори.

Да ја чуваме чистотата - тоа е обврска на сите нас.

💧🧹🌿 Еремја Вевчани континуирано продолжува со активности на терен, со цел уредување и одржување на јавните површини.Допо...
27/04/2026

💧🧹🌿 Еремја Вевчани континуирано продолжува со активности на терен, со цел уредување и одржување на јавните површини.
Дополнително, се интервенира и на повеќе јавни површини каде што се забележани неправилности кои предизвикуваат проблеми и влијаат врз јавниот простор.

✅ На локалитетот Вевчански извори започна детално чистење и расчистување, со цел целосно уредување на просторот и подобрување на неговата пристапност и изглед.

✅ Санација и поправка на мостовите на кејот на Вевчанска река.

✅️ Се коси тревата на локалните гробишта.

➡️ Со овие и другите активности продолжуваме се со цел поуредена, почиста и побезбедна средина за сите граѓани и посетители.

💧🧹🚜 Покрај секојдневните активности кои ги врши ЈП Еремја Вевчани, дел од дополнителните работните активности за одржува...
09/04/2026

💧🧹🚜 Покрај секојдневните активности кои ги врши ЈП Еремја Вевчани, дел од дополнителните работните активности за одржување на јавната чистота.

✅️♻️🧹 Одржување на јавна чистота на повеќе патни правци низ општината, акцијата за чистење и метење на тротоарите од песок растурена согласно зимската служба.

✅🔨🌳Одржување на локалитетот Вевчански извори и кеј на Вевчанска река, санирање на урбана опрема.

✅️🪚✂️Уредување и кастрење на липите во дворот на Мултикултурниот Центар во центарот на Вевчани.

✅🚧️🚜 По налог на Општина Вевчани чистење на главни каналите за наводнување.

✅🚜🧹Подигање на кабаст отпад, шут и отпад од дворни зелени површини несоодветно одложени на јавни површини низ општината.

01/04/2026
📢 Јавна осуда и апел за совесно однесување🔛 Системот на собирање на комуналн отпад во Вевчани функционира повеќе од 50 г...
31/03/2026

📢 Јавна осуда и апел за совесно однесување

🔛 Системот на собирање на комуналн отпад во Вевчани функционира повеќе од 50 години. ЈП „Еремја“ секојдневно собира комунален отпад од домаќинства и правни субјекти, и врши дополнителни услуги меѓу кои подигање и транспорт на градежен шут, кабаст и зелен отпад.

❗ Но за жал, кај нас сѐ почесто се случува да се однесуваме неодговорно и наместо ред - создаваме хаос.

Срамота и греота е да се загадува сопственото место на живеење, а потоа да се жалиме дека отпадот го разнесуваат бездомни кучиња и дека „Еремја“ не работи, дека се неспособни и слично.

➡️ Отпад се почесто се одложува на несоодветни места, по улиците, на земјени патишта во близина на асфалтирани улици, во каналите за наводнување (јазој) и секако во Вевчанска река...

‼️ Ваквото несовесно однесување има и сериозни последици, се нанесува штета на земјоделството и животната средина и секако на крајните потрошувачи, самите ние.

🚫 Од канал за наводнување - од кој се наводнуваат земјоделските насади во полето - беше изваден леш на куче. Ова е недозволива и поразителна слика, директен резултат на човечка негрижа и неодговорност.

ЈП „Еремја“ како претпријатие за комунални дејности нема законска можност да изрекува казни, но затоа најостро ги осудуваме овие појави и апелираме на совесност и одговорност до сите граѓани:

✔️ Да не се создаваат диви депонии
✔️ Да не се загадуваат каналите за наводнување и реката

👉 Време е да покажеме совест и почит кон местото во кое живееме.
Да не дозволиме поради поединци да страда целата заедница.

♻️ Само заедно можеме да го зачуваме Вевчани чисто и уредно!

👉🆕 Месечен билтен на активности на ЈП Еремја Вевчани за изминатиот месец.💧🧹🚜⚒️ Секојдневни активности на вработените во ...
04/03/2026

👉🆕 Месечен билтен на активности на ЈП Еремја Вевчани за изминатиот месец.

💧🧹🚜⚒️ Секојдневни активности на вработените во ЈП Еремја Вевчани и дел и од дополнителните работните активности.

✅️💧🛠Санација на водоводни шахти и дефекти на водоводната мрежа.
✅️🧹♻️ Одржување на јавна чистота на улици низ општината, чистење и метење на јавните површини, тротоари.
✅🚜🧹Подигање на кабаст отпад, шут и отпад од дворни зелени површини несоодветно одложени на јавни површини низ Општина Вевчани.
✅️ 🪠🚧 Отпушување на запушени канализациони линии.
📢 Воедно апелираме до граѓаните корисници на канализациониот систем да се однесуваат одговорно и совесно, бидејќи истиот не претставува место за одлагање на секаков тип на отпад и несоодветни предмети како влажни марамици, ткаенини, парчиња облека, пелени и сл.

04/03/2026

📢 ИЗВЕСТУВАЊЕ
ГОРНА ЗОНА корисници за водоснабдување❗

Ве известуваме дека денес, 04.03.2026 година (среда), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на ГОРНА ЗОНА на потегот Сербакој - Попеј; Попеј - Стојкој; Вевчански Извори - Русеј - Алулој, поради санирање дефект на водоводна линија.

Прекинот ќе трае до завршување со активностите.
Благодариме на разбирањето !

🌧️ Обилните врнежи од дожд и град што ја зафатија Општина Вевчани во текот на вчерашниот ден, предизвикаа проблеми на ло...
07/02/2026

🌧️ Обилните врнежи од дожд и град што ја зафатија Општина Вевчани во текот на вчерашниот ден, предизвикаа проблеми на локалитетот Вевчански извори, скршени и откорнати дрвја и оштетена урбана опрема.

🪵📌 ЈП „Еремја“ веднаш по пријавата излезе на терен и се работи на расчистување, а урбаната опрема ќе се санира во наредните денови.

Внимавајте при движење!

Address

Вевчани
Vevcani
6335

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:30
Tuesday 07:30 - 15:30
Wednesday 07:30 - 15:30
Thursday 07:30 - 15:30
Friday 07:30 - 15:30

Telephone

+38946701004

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ј.П. Еремја Вевчани posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Ј.П. Еремја Вевчани:

Share

Category