Општина Велес

Општина Велес Ул. Панко Брашнар 1, 1400 Велес
Тел: 043/232-406

Велес, како урбана населба постои од 168 год. п.н.е. Во текот на историјата градот често го менувал името од Вила Зора, преку Ќупурли до Велес. Денешното име го добил во VII век со доаѓањето на Словените на Балканот, од словенското ВЕЛЕС што значи в шума (заради густите шуми што го опкружувале).

Во Велес се отворени првото училиште на македонски јазик, првата гимназија, првиот театар, правата биб

лиотека, првиот музеј и првото музичко училиште. Меѓу зачуваните средновековни споменици најпознат е манастирот Св.Димитрија (XIV век), а како архитектонска вредност, најпозната е црквата Св.Пантелејмон (XIX век)

Најголема туристичка атракција во Општината е античкиот град Стоби. Покрај тоа, значајни се локалитетот Бреза и локалитетот Пешти кој изобилува со пештери (со археолошки остатоци од неолитот, ранохристијански пештери).

Во Општина Велес има осум основни и четири средни училишта спортско игралиште, спортска сала, базен, театар, музеј, библиотека, кино-сала, десет цркви и манастири и џамија.
Општината Велес се наоѓа во централниот дел на Република Македонија. До 1996 година општината зафаќаше површина од 1.552 км2 или 6% од територијата на државата.

Со територијалната поделба на Република Македонија од 1996 година , од Општина Велес се издвоени новоформираните општини Богомила, Градско, Чашка и Извор, така што таа зафаќаше територија од 553 км2 , односно 2,1% од територијата на Македонија.

Со новата територијална поделба од 2004 година, картата на Општина Велес повторно се измени и сегашната територија, што ја зафаќа Општина Велес, е со површина од 464,5 км2.

Велес е позициониран на 41. 43' г.ш. и 21. 46' г.д., и на надморска висина од 175 м. Географската поставеност на градот е многу поволна и нуди цела низа позитивни околности.

Се наоѓа во централниот дел на Р.Македонија, во средното течение на реката Вардар, на надморска височина од 150 до 260 метри. Велешката котлина се наоѓа во централниот дел на Р.Македонија. Од сите страни е заградена со ниски ридови, кои ја одвојуваат од Овче Поле на исток и од Хашката Котлина на запад. На запад се ридовите Гроот (675м) и Баир (461м), додека на исток се Св. Илија (565м), Кршла (420м) и Барјаче (448м). На север преку Таорската клисура на реката Вардар е поврзана со Скопската котлина, додека на југ Велешката клисура е поврзана со Тиквеш. Котлината се протега на надморска височина од 165м. Зафаќа површина од 47км2. Во јужниот дел на Велешката Котлина е лоциран градскиот центар Велес.

ИЗВЕСТУВАЊЕОпштина Велес ги информира граѓаните дека поради подготовки и одржување на Велешките спортски игри, Градскиот...
28/05/2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Општина Велес ги информира граѓаните дека поради подготовки и одржување на Велешките спортски игри, Градскиот парк ќе биде затворен за сообраќај од недела, 31 мај, до недела, 7 јуни, освен за дистрибутери до локалите кои претходно обезбедиле пропусница од организаторот на игрите спортско здружение СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС.

Општина Велес со апел до граѓаните да се почитува забраната за возила и замолува за разбирање додека траат спортските игри.

Плазма Спортските игри за млади пристигнуваат во ВелесВелес е шестиот град во кој ќе се одржи „Денот на спортот“ во рамк...
28/05/2026

Плазма Спортските игри за млади пристигнуваат во Велес
Велес е шестиот град во кој ќе се одржи „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади.
Главната цел на СИМ е бесплатен спорт за секое дете, како и поттикнување на здрав, активен и динамичен животен стил, промоција на инклузијата, развој на здрави навики, негување на фер-плејот, создавање искрени пријателства и градење на вистински вредности.
Овој голем спортски настан за првпат оваа година се одржува во Македонија, а претставува една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа, со традиција подолга од 30 години.
„Денот на спортот“ ќе се одржи денес, четврток, со почеток во 10:00 часот. Зборното место е гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес.
На отворањето на Спортските игри за млади ќе присуствуваат претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, градоначалникот на Велес, Марко Колев, ракометната легенда, Пепи Манасков фудбалската легенда Панче Ќумбев и други спортски имиња.
Игрите опфаќаат натпревари во 10 атрактивни спортски дисциплини: Coca-Cola Cup – турнир во мал фудбал, пинг-понг, тенис, народна топка и атлетика во рамките на „Денот на спортот“, како и баскет 3×3, ракомет, шах, одбојка и одбојка на песок.
Право на учество имаат сите деца и млади, не само оние кои активно се занимаваат со спорт, што ја прави оваа манифестација отворена, инклузивна и достапна за сите. Игрите со години испраќаат моќна и инспиративна порака: „Чекор за подобра иднина“.
По успешните настани во Скопје, Куманово, Штип и со денешниот спектакл во Струмица, спортскиот караван пристигнува во Велес.
Организаторите ги покануваат сите деца, родители, наставници и граѓани да бидат дел од овој спортски празник во Велес – заедно да создадеме нови незаборавни моменти и дружби со Кока Кола, Шпаркасе Банка, Шпаркасе Лизинг и Плазма.
Велес, се гледаме денес – да создадеме нови спортски приказни!
ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН!
Повеќе информации за Плазма Спортските игри за млади можете да прочитате на https://sportskiigrizamladi.com/

27/05/2026

Мај272026По повод Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, Општина Велес организираше ораторски натпревар за учениците од средните училишта во ....

Се известуваат граѓаните дека поради одржување и подготовки на атлетската трка „Трчаме за Рацин“, потребно е да се ослоб...
27/05/2026

Се известуваат граѓаните дека поради одржување и подготовки на атлетската трка „Трчаме за Рацин“, потребно е да се ослободи десната коловозна лента на потегот од Трговскиот центар, долж улицата „Благој Ѓорев“, се до Театарот.

​За таа цел, се апелира навремено да се отстранат сите паркирани возила од овој потег. Истовремено, се молат граѓаните да не ја користат десната коловозна лента за паркирање во периодот од 28.05 (четврток) до 31.05 (недела), односно се до финалното завршување на трката.

​Оваа мерка се спроведува со цел обезбедување услови за непречена подготовка, како и максимална безбедност на сите учесници во спортската манифестација.

22/05/2026

Општина Велес и годинава им оддаде признание и ги награди најдобрите во образованието. Во чест на сесловенските просветители и учители Св. Кирил и Методиј, во Општи...

20/05/2026

Врз основа на член 2, став 1, точка 4 алинеја 1 и член 4 и член 36 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопс...

20/05/2026

Со показни вежби и презентација на возила и опрема, денеска, територијалната противпожарна единица Велес го одбележа 20 мај, Денот на пожарникарите. На свечениот на....

Територијалната противпожарна едница Велес, на 20 Мај, ќе го одбележи Денот на пожарникарите. Настанот ќе се одржи во пр...
18/05/2026

Територијалната противпожарна едница Велес, на 20 Мај, ќе го одбележи Денот на пожарникарите.
Настанот ќе се одржи во просториите на ТППЕ Велес со почеток во 10:00 часот.

Со показни вежби и презентација на возила и опрема, Територијалната противпожарна едница Велес, на 20 Мај, ќе го одбележи Денот на пожарникарите. Настанот ќе се одрж....

18/05/2026

Викендов Велес беше центар на мото културата, се одржа 16. издание на Moto beach party на велешко езеро Младост. И покрај дождливото време над 1.000 мотоциклисти од повеќе клуб...

15/05/2026

По завршувањето на земјените зафати и поставување на рабници денеска се става прв асфалтен слој на вториот дел од улица „Белградска“. Претходно, на овој дел од ули...

Address

Панко Брашнар бр. 1
Veles
1400

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:30
Tuesday 07:30 - 15:30
Wednesday 07:30 - 15:30
Thursday 07:30 - 15:30
Friday 07:30 - 15:30

Telephone

+38943232406

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Велес posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Велес:

Share