ВМРО-ДПМНЕ ОК ВЕЛЕС

ВМРО-ДПМНЕ ОК ВЕЛЕС ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес Political Organization

ВО СЕЛО ОРАОВЕЦ СЕ ОДРЖА ПАНИХИДА ЗА ВОЈВОДАТА ЈОВАН НАУМОВ – АЛАБАКОТ И ГЕМИЏИЈАТА МИЛАН АРСОВ На ден пред големиот Или...
01/08/2026

ВО СЕЛО ОРАОВЕЦ СЕ ОДРЖА ПАНИХИДА ЗА ВОЈВОДАТА ЈОВАН НАУМОВ – АЛАБАКОТ И ГЕМИЏИЈАТА МИЛАН АРСОВ

На ден пред големиот Илинден во организација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес, во селото Ораовец се одржа панихида за покој на војводата Јован Наумов Алабакот и гемиџијата Милан Арсов.

Војводата, Јован Наумов Алабакот заедно со својата чета и по задушувањето на Крушевското востание, дејствува во насока на остварување на сонот за слободна Македонија. 1907 година во месноста Белица, кичевско загинува. Таму првично е и погребан за подоцна посмртните останки му бидат пренсени во родното село Ораовец.

Селото Ораовец не само што го има за свој син Алабакот, туку од ова село потекнува и најмладиот гемиџија Милан Арсов. Тој заедно со уште тројца од солунските атентатори е осуден од турската власт на сртма казна која подоцна е преименувана во доживотен затвор. Неможејќи да ги издржи тешките услови во затворот Музрук во Сахара, 23 годишниот Милан умира.

Пред својата смрт тој им остава аманет на своите другари кои по нивното излегување од затворот го остваруваат. Онака како што им порача тие неговата глава ја носат на неговата мајка во Ораовец.

ЧЕСТВУВАЊЕ НА ИЛИНДЕН 🇲🇰🔴⚫ Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес ги повикува сите членови, симпатизери и граѓани за...
29/07/2026

ЧЕСТВУВАЊЕ НА ИЛИНДЕН 🇲🇰

🔴⚫ Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес ги повикува сите членови, симпатизери и граѓани заеднички да присуствуваме на свеченото одбележување на 2 Август – Илинден, во Меморијалниот центар АСНОМ – Пелинце.

Да им оддадеме заслужена почит на хероите од Илинден и АСНОМ и достоинствено да го одбележиме еден од најзначајните датуми во македонската историја.

На свеченото одбележување државната делегација ќе ја предводи претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски.

📅 Датум: Недела, 2 август 2026 година
📍 Локација: Меморијален центар АСНОМ – Пелинце
🕖 Поаѓање: 07:00 часот

🚌 Организиран превоз од:
• Превалец
• ЕВН
• Стар мост

Да бидеме заедно во Пелинце и со достоинство да им оддадеме почит на хероите од Илинден и АСНОМ. Со нашето присуство, заеднички да го одбележиме Илинден и да ја продолжиме традицијата на чествување на овој светол датум во македонската историја.

🇲🇰 Се гледаме во Пелинце!

ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес

11/06/2026
Одржана панихида во чест на Миле Поп Јорданов.Со панихида пред неговото вечно почивалиште на гробиштата во црквата „Свет...
21/12/2025

Одржана панихида во чест на Миле Поп Јорданов.

Со панихида пред неговото вечно почивалиште на гробиштата во црквата „Свети Великомаченик Пантелејмон“, Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Велес денеска одбележа 123 години од смртта на еден од најзнаменитите велешани Миле Поп Јорданов, борец за слобода на својот народ.

На овој начин ВМРО ДПМНЕ продолжува да им оддава почит на сите кои во минатото ги положиле своите животи на олтарот на татковината.

Следбениците на неговиот лик и дело се согласни дека оваа традиција треба да продолжи, а идните генерации потребно е подобро да се запознаат со значењето и неговото место во историјата.

Народната песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ од 2006-та година со одлука на Советот на Општина Велес е официјална химна на градот.

Address

8ми Септември
Veles
1400

Opening Hours

Monday 18:00 - 21:00
Tuesday 18:00 - 21:00
Wednesday 18:00 - 21:00
Thursday 18:00 - 21:00
Friday 18:00 - 21:00
Saturday 18:00 - 21:00
Sunday 18:00 - 21:00

Telephone

+38943612102

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ВМРО-ДПМНЕ ОК ВЕЛЕС posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ВМРО-ДПМНЕ ОК ВЕЛЕС:

Shortcuts

Share