Државен архив - Одделение Велес

Државен архив - Одделение Велес Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Државен архив - Одделение Велес, Government Organization, Улица Наум Наумовски Борче бб Велес, Veles.

18/07/2026
16/07/2026
15/07/2026

Директорот на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески, оствари работна средба со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

На средбата се разговараше за улогата на Архивот во дигиталната трансформација на јавниот сектор и неговото учество во реализацијата на приоритетите од Реформската агенда на Владата.

Акцент беше ставен на подготовка на законски решенија за електронско архивирање, воспоставување современа инфраструктура за безбедно складирање на податоци и национална е-платформа за архивско работење.

Богески и Андоновски ја потврдија подготвеноста за интензивирање на институционалната соработка, со цел модернизација на Архивот како современа институција што обезбедува заштита и достапност на архивското наследство во дигиталната ера.

🔗 https://tinyurl.com/arhiv15072026

14/07/2026

📸 Патување низ времето – низ битолските пазари!

Државен архив – Одделение Битола, во соработка со НУ Центар за култура – Битола, ве поканува на отворањето на изложбата на стари фотографии:

„Од Ат Пазар до Дрвен Пазар – Калеидоскоп на едно минато време“

Изложбата е организирана во рамките на 56. Илинденски денови и претставува единствена можност преку автентични архивски фотографии да се потсетиме на духот на стара Битола, нејзините пазари, луѓето, занаетите и секојдневниот живот што го обликувале градот низ вековите.

🗓 16 јули 2026 (четврток)
🕗 20:00 часот
📍 Безистен – Битола

Дојдете заедно да ги оживееме спомените и да откриеме како изгледале најпознатите битолски пазари низ објективот на старите фотографии.

Ве очекуваме!

#ИлинденскиДенови #Битола #ДржавенАрхив #АрхивБитола #ЦентарЗаКултура #Безистен #СтараБитола #Изложба #АрхивскиФотографии #КултурноНаследство

Процесите, настаните и личностите со кои се градеше македонската државност се трајно забележани во Државниот архив. Меѓу...
13/07/2026

Процесите, настаните и личностите со кои се градеше македонската државност се трајно забележани во Државниот архив.

Меѓу архивските фондови се одзива и името на големиот и непоколебливиот велешанец Панко Брашнаров. На 13 август 2009 г. со оригиналната семејна документација подарена од неговиот правнук Костадин Сарагинов, меѓу архивските полици свое место најде и фондот бр. 1529 „Панко Брашнаров“, револуционер, народен пратеник во Собранието на Народна Република Македонија (1901 - 1950).

Државниот архив - Одделение Велес со дел од документите кои ги поседува за револуционерот и визионер, мечтател за слободна и независна македонска држава, дава можност на македонската јавност на „тивкиот човек“, како што го нарекувале многумина, да му се слушне големиот глас.

Панко Брашнаров доживеа две есхумации, кои во почетокот на осумдесетите години го донесоа во заедничка гробница во Загреб. Во Велес се уште не успеа постхумно да се врати, но со своето име остави трага меѓу публикациите, културните и образовни институции, споменични обележја итн.

Не беше залудна и попуста неговата борба!

По повод 75-годишнината од неговата смрт Одделение Велес достојно се приклучува кон зачувувањето на неговата меморија.

Вечна му слава!

06/07/2026

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, денес оствари работна средба со директорот на Управата за водење на матичните книги, Фатон Фазлиу, и директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, Накил Фетаи.

На средбата се разговараше за прашања од заеднички интерес, при што беа разменети мислења и искуства поврзани со надлежностите на институциите, како и можностите за понатамошна соработка во насока на поефикасно извршување на законските обврски.

Соговорниците ја истакнаа важноста од континуирана комуникација и меѓуинституционална соработка во интерес на унапредување на јавните услуги и заштитата на документацијата и личните податоци.

Address

Улица Наум Наумовски Борче бб Велес
Veles
1400

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Државен архив - Одделение Велес posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share