Зоран Љутков

Зоран Љутков Национален координатор за култура во владата на Р.Македонија🇲🇰

Зоран Љутков е роден на 01.10.1977 година во Велес.

Основното образование го завршува во ООУ ,,Васил Главинов” во Велес, и средното образование во СОУ Гимназија,,Кочо Рацин”- Велес. Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности (2001). Запишува постдипломски студии за сценски дизајн на Универзитетот во Белград, Р.Србија (2002).

Работи во Драмски театар- Скопје од 2006. Покрај настапите на матичната сцена, Љутков настапува и на сцените на останатите национални установи и независни театарски сцени во Р.Македонија.

Од 2010-2013 покрај актерскиот ангажман ја извршува и функцијата уметнички раководител на Драмски театар.

Во 2009 година го формира здружението „ФАД Стоби“и преку истото го менаџира Интернационалниот фестивал на античка драма Стоби (2009-20018) и поетската манифестација ,,Рацинови средби“.
Во 2017 година станува и селектор за драмската програма на Меѓународниот Фестивал „Охридско лето“.

Селективна театрографија: Келнерот (Земјомерот, 2000); Јордан Квачкоски -Хамлет (Хамлет од Долно Гаштани, 2005); Кен (Жив човек, 2005); Сике (Комшилук наопаку, 2007); Мргуд (Македонски рулет, 2007); Деметар (Сон на летната ноќ, 2008); Клит (Александар, 2009); Окулистот/Пијаницата/Сињор Курва (Кинегонда во Карлаленд, 2009); Баал (Баал, 2011); Миле поштарот (Грев или шприцер, 2011); Баал (Баал, 2011); Војникот (Вртелешка, 2012); Петер Милер (Генетика на кучињата, 2012); Актер (Последните македонци , 2012); Војникот (Вртелешка, 2012); Цанде (Солунски патрдии, 2013); Вихинг (Огнени јазици, 2013); Господин Малиџин (Живот во тесни чевли, 2014); Големиот Пират (Капетанот Џон Поплфокс, 2014); Иван (Љубовници, 2015).
Селективна филмографија: Прашина (2001); Тајната книга (2002); Резервни делови (2003); Контакт (2004); Караула (2005); Коски (2006).
Кај детската публика е препознатлив по улогата на Комшо од телевизискиот серијал Петко (ОХО Продукција, 2014-).

Награди: Награда за млад актер „Трајко Чоревски”, за улогите во претставата „Синдром Чернодрински” на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2002); Награда за најдобра машка улога за улогата на Цанде во претставата „Солунски патрдии“ на Првиот Интернационален Фестивал „Гола Месечина” – Општина Аеродром (Скопје, 2014). Наградата за најдобра машка улога, за улогата на Силен во сатирска игра во режија на Деан Дамјановски во претставата „Орестија", копродукција на велешкиот Народен театар „Ј Х К-Џинот" и Македонска опера и балет.

2019-2022 е претседател на комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2022 е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Со изложбата „35 години – 35 предмети – 35 приказни“, Археолошкиот музеј на Денот на независноста ја слави Македонија пр...
08/09/2026

Со изложбата „35 години – 35 предмети – 35 приказни“, Археолошкиот музеј на Денот на независноста ја слави Македонија преку нејзиното богато културно наследство. 35 предмети, 35 приказни и илјадници години историја што сведочат за нашиот идентитет и нашите корени.🇲🇰 Археолошки музеј 🏛️

Ден исполнет со гордост, емоција и љубов кон Македонија!35 години независност – 35 години борба, истрајност и вера во со...
08/09/2026

Ден исполнет со гордост, емоција и љубов кон Македонија!
35 години независност – 35 години борба, истрајност и вера во сопствената држава. ❤️

Денес ја славиме Македонија, нашата татковина, нашиот дом и нашиот идентитет. Ја славиме силата на народот што низ сите предизвици остана исправен и веруваше во својата иднина.

🇲🇰 Да ни е вечна и вековита Македонија!
Среќен 8 Септември! ❤️🇲🇰

Вечер исполнета со уметност, музика и македонски дух, посветена на нашата татковина и нејзината слобода. „Уметноста ја к...
08/09/2026

Вечер исполнета со уметност, музика и македонски дух, посветена на нашата татковина и нејзината слобода. „Уметноста ја крши тишината“ беше силен потсетник за моќта на културата да го негува и чува нашиот идентитет, да нè обединува и преку уметноста да ја раскажува приказната за Македонија.🇲🇰

Замина еден голем човек.Јован Донев за мене не беше само професор, дипломат и интелектуалец. Беше човек чии зборови имаа...
02/09/2026

Замина еден голем човек.

Јован Донев за мене не беше само професор, дипломат и интелектуалец. Беше човек чии зборови имаа тежина, чии совети значеа многу и чие присуство оставаше трага.
Има луѓе со кои професионално соработувате, а потоа сфаќате дека сте имале привилегија да ги познавате.
Јован беше еден од тие луѓе.
Му благодарам за секој разговор, секој совет и за довербата што ми ја даде во миматото но и последниве две години како член на советот на министерот за култура и туризам.
Ќе недостига, но уште повеќе ќе недостигаат неговата мудрост и човечност.
Почивај во мир, драг Јован.
Моето најдлабоко сочувство до неговото семејство

09/08/2026

35 години – една Македонија.
Една култура. Еден спортски дух.
Една приказна што продолжува.

Културата и спортот се меѓу најсилните амбасадори на Македонија. Преку уметноста, традицијата, филмот, музиката, театарот и културното наследство, преку спортските успеси и македонските репрезентации, нашата земја го гради своето место и препознатливост во светот.

Криминалниот ум,криминално размислува!Кога ќе останете без аргументи, најлесно е да измислувате приказни и да ги обвинув...
29/07/2026

Криминалниот ум,криминално размислува!

Кога ќе останете без аргументи, најлесно е да измислувате приказни и да ги обвинувате другите. Тоа не ја менува вистината.

Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, додека бевте министер, ветувавте проект вреден 150 милиони евра за Скопје 2028.
Денес јавноста има право да постави неколку едноставни прашања:

Како дојдовте до сумата од 150 милиони евра?
На што се темелеше таа финансиска проценка?
Од кои извори требаше да се обезбедат средствата?
Каде конкретно требаше да бидат инвестирани тие 150 милиони евра?
Дали Владата донесе одлука со која ги обезбеди тие средства или стануваше збор за политичко ветување без финансиска подлога?
Па вие и Брисел го излажавте како што денес пробувате да ја иманипулилирате јавноста.

Моравме да патуваме неколку пати во Брисел да ја спасуваме титулата!

Тоа се прашања на кои јавноста заслужува одговор.

За време на вашиот мандат не видовме капитални културни проекти што ќе останат како трајна вредност. Наместо конкретни резултати, останаа големи ветувања и многу политички изјави.

Ако денес зборувате за транспарентност, тогаш одговорете и јавноста и на следниве прашања: како беа избрани фирмите и невладините во самата апликација и како беа избрани надворешните соработници вклучени во подготовката на апликацијата за Скопје 2028? Кои беа критериумите? Како беше обезбедена транспарентноста на целиот процес? Тоа се легитимни прашања што заслужуваат јасни одговори.

Наместо да ја напаѓате сегашната работа, соочете се со сопствениот мандат. Граѓаните најдобро знаат да ја препознаат разликата меѓу големите ветувања и реалните резултати.

И уште нешто – колку и да го оспорувате, Скопје 2014 денес е една од најпосетуваните туристички атракции во главниот град. За тоа зборуваат посетителите и туристичкиот интерес, а не политичките квалификации.

Со звуците на коњскиот чекор и со духот на традицијата, испратени беа учесниците на 48. Илинденски коњички марш од Горно...
27/07/2026

Со звуците на коњскиот чекор и со духот на традицијата, испратени беа учесниците на 48. Илинденски коњички марш од Горно Лисиче.

Патот кон Крушево не е само патување – тоа е симбол на почит, истрајност и сеќавање на оние кои ја испишаа нашата историја.

Посебна чест претставува признанието што го примив, за кое изразувам искрена благодарност и длабока почит. Овој гест е дополнителен поттик да продолжиме посветено да ги чуваме и негуваме вредностите, традицијата и историското наследство што нè обединува.

Нека ги води честта, нека им е патот безбеден и нека оваа жива традиција продолжи да ја раскажува македонската приказна низ генерациите. 🇲🇰

Почивај во мир, легендо🖤
27/07/2026

Почивај во мир, легендо🖤

Address

Veles

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Зоран Љутков posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Зоран Љутков:

Shortcuts

Share