ЛК СДММ Валандово - LK SDMM Valandovo

ЛК СДММ Валандово - LK SDMM Valandovo ЛК СДММ Валандово

Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) е основана на 9-ти ноември 1991 година и од тогаш постои и функционира како подмладок на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Социјалдемократската младина на Македонија дејствува заради остварување на следниве политички начела и цели:

- целосно почитување на човекот, на неговото достоинство и на неговите основни права и слободи;
- развивање

на плуралистичко, праведно и солидарно општество на социјална демократија;
- развивање на економска демократија и остварување на правата на работниците;
- остварување на социјална и национална еманципација на граѓаните;
- развивање на Македонија како суверена, демократска и правна држава;
- обезбедување на сите човекови права и слободи на Македонците во соседните земји и развивање на постојана духовна и културна комуникација со нив и со иселениците;
- развивање на европската ориентација во Македонија и нејзино непосредно вклучување во европските интеграциони процеси.

Имајќи ја предвид актуелната економско - политичка ситуација во Македонија, Социјалдемократската младина на Македонија активно се вклучува во промовирањето на новата политичка платформа на СДСМ претставена во програмата Решенија за Македонија.

20/08/2025

Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

Додека премиерот Мицкоски се обидува да ја изврти вистината и да зборува за арбитражите кои СДСМ ги доби, вистинското прашање на кое што треба да одговори е: зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за „Казандол“ во 2015 година?

Дали заради тоа што бизнис интерсите им беа поважни од граѓаните?

Зошто ВМРО-ДПМНЕ застана против граѓаните од југоисточниот регион кои беа против оворањето на рудниците?

Тоа се прашањата на кои Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат.

Инаку се знае дека Владата на СДСМ во март 2018 година го раскина договорот за „Казандол“ и застана на страната на граѓаните. Токму Владата на СДСМ ја истера до крај арбитражната постапка за Казандол, која е завршена успешно во интерес на државата а сега само стигнува одлуката.

Благодарение на граѓанскиот отпор и одлуките на Владата на СДСМ, денес рудникот „Казандол“ не постои, а државата ја доби и арбитражата. Тоа е целата вистина.

07/04/2024
25/02/2024
24/12/2022

Почитувани,

ОО на #СДСМ #Валандово организира предновогодишен коктел од хуманитарен карактер.

Сите членови, симпатизери и присутни граѓани ќе имаат можност да донираат средства, за оние на кои им се најпотребни.

Датум: 25.12.2022 (недела)
Време: 17 часот
Место: ОО на #СДСМ #Валандово

Граѓанска трибина ”Силно и одлучно кон иднината” во  #Валандово каде заедно со граѓаните отворено ќе разговараме за мерк...
10/11/2022

Граѓанска трибина ”Силно и одлучно кон иднината” во #Валандово каде заедно со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на државата.

08/11/2022

31 ГОДИНА ГИ НОСИМЕ ПРОМЕНИТЕ!

Среќен роденден! ✊🏼🌹

30/10/2022
24/10/2022

Заедно со вас чекориме силно и одлучно кон иднината 🇲🇰🇪🇺

#СДСМ од утре започнува со серија граѓански трибини каде заедно со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава.

Мојата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, со заштитен македонски јазик и идентитет.

Се грижиме за граѓаните и за животниот стандард во време на криза. Но гледаме и напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ.

Се гледаме утре во 18.30 часот во Домот за културата во Битола.

Денес во Валандово се одржа регионален натпревар во рамки на хуманитарниот турнир „Млади и солидарни“ во организација на...
23/10/2022

Денес во Валандово се одржа регионален натпревар во рамки на хуманитарниот турнир „Млади и солидарни“ во организација на #СДММ. ⚽️

Младите од југоисточниот регион играа за хумани цели и заедно собираа средства за центрите за поддршка на младите и децата со попреченост.

Преку дружба и натпревар СДММ, со спортски активности реализира хуманитарна акција за поддршка на млади и деца со попреченост.

Address

Valandovo

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЛК СДММ Валандово - LK SDMM Valandovo posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ЛК СДММ Валандово - LK SDMM Valandovo:

Share