11/10/2025
Кратка реакција на лагите и манипулациите искажани во соопштението на приватното друштво сдс од Тетово.
Очигледно е дека вие од сдс Тетово сте подизведувач што работи исклучиво по наредба на дуи на Ахмети и на вашиот лидер Филипче таканаречен “златна виза Дубаи Филипче”
На почеток им се извинуваме на сите граѓани и искажуваме жалење што мора да реагираме на одродените остатоци на сдс во Тетово.
📍Прво и основно лага е дека не се поставени државни знамиња по улиците на Тетово. Тие се поставени согласно Законот за знамиња.
📍Второ и важно, поголеми предавници на македонските национални интереси од вас слугите на вашите ментори Ахмети, Заев и Филипче нема на белиот свет. Очигледно е дека вие сте последните послушници на заевизмот кои после овие избори ќе останат црно сеќавање за тоа дека на политичката сцена постоела една клика на луѓе кои од дно на душа си ја мразеле татковината.
📍Трето. Намерно ја уништувате сдс која после овие избори ќе биде минато на политичката сцена за жал на лојалните и вистински патриоти кои ги оставивте во заборав и кои ве напуштија и преминаа во ЗНАМ, ВМРО и други партии.
📍Четврто и последно. Вие акционерите во приватното друштво сдс Тетово не можете да признаете дека во Тетово се градат и реконструираат улици, училишта, болници, градинки, и се воведува ред во градот како никогаш до сега и тоа ви пречи. Вашата цел е да одработите за дуи и толку.
За среќа граѓаните ја препознаваат разликата и затоа секогаш без исклучок даваат поддршка на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.
Среќен празник Македонијо❗️