Унија на Ветерани на Вмро-Дпмне Тетово

Унија на Ветерани на Вмро-Дпмне  Тетово Унја на Ветерани на ВМРО ДПМНЕ Тетово

16/02/2026
16/02/2026
01/01/2026
08/12/2025

МОЛИТВА КОН СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Светителу, оче Клименте, рамноапостолен, пастиру добар на целиот словенски род! Ти, кој душата своја света ја положи за нас, овците свои, и во многу Божји патишта стадото го упати, вселувајќи не’ на место спокојно и објаснувајќи ни го Светото Писмо со својот јазик, откако со вода спасителна со светото Крштевање не’ воспита и по патеките на правдата не’ упати за да вршиме добри дела.

Преку тебе словенскиот род Бога Го позна, црквите со песни се украсија и празниците преку поуки се објаснија. Преку тебе свештениците според свештениот канон благочестиво да живеат се научија. Преку тебе монасите се поучуваат на подвижнички живот како светителите.

И, земен ангелу и човеку небесен, ти кој на Господа му ги приготвуваш избраните, кои копнеат за добри дела, тебе те молам и на тебе се надевам: пази го секогаш твоето наследство и отстрани ја лукавата ерес, која го разорува твоето стадо како истребувачка болест, што ги растерува и одвраќа овците од пасиштето твое, свети добар наш пастиру!

Запази не’ нас, неискусните твои воспитаници, особено сега кога е неволјата блиску и нема кој да ни помогне и кога непријателите сакаат војна, и мртвите тела на чедата твои за храна да им ги остават на птиците небесни. Мир на луѓето твои дарувај им, за да поживееме во секое благочестие и празниците твои да ги почитуваме во секаква радост, прославувајќи Го во Светата Троица Единиот Бог, Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш, и во сите векови. Амин!

08/12/2025
08/10/2025

На денешен ден пред 35 години е формиран општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ воТетово голема благодарност до сите дејци кои тогаш бесстрашно од тогашната власт реботеа за Самостојна Македонија .

Од денешната посета на претседателот ...слика со големо значење...
04/10/2025

Од денешната посета на претседателот ...слика со големо значење...

Address

Радован Цониќ
Tetovë

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Унија на Ветерани на Вмро-Дпмне Тетово posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share