ЛК СДММ-Свети Николе

ЛК СДММ-Свети Николе Локален Клуб на Социјалдемократската Младина - Свети Н

29/05/2026

Потпретседателката на СДММ, Стефанија Кузмановска е избрана за Координаторка на Балканските организации во Президиумот на Интернационалната унија на социјалистички и социјалдемократски подмладоци (IUSY), којашто е една од највлијателните и најстари младински политички организации во светот.

СДММ добива директен претставник кој ќе ги застапува младите социјалдемократи од Балканот на меѓународно ниво, активно промовирајќи ги вредностите на демократијата, солидарноста и еднаквоста и спротиставувајќи се на десничарските наративи.

All over the world, to change it! 🌎🌹✊🏻

21/05/2026

Во стил на Општина Чаир и Изет Меџити и во нашата општина блиски луѓе на градоначалникот и на партијата на власт дпмне, градат и узурпираат кој каде ќе стигне.
Со еден збор див запад.

Во нашиот случај, вработен во Општина С.Николе, се уште несуден градежен инспектор си изградил настрешници на парцелата 10270/2 на сликата и тоа на државно земјиште.
На објектот бр.1, пред четири месеци изграден е кат, надградба којшто е исто така дивоградба.
Имено предметните дивоградби се сопственост на семејната фирма Дафи комерц, на самопрогласениот градежен инспектор кој утре-другден треба нас сите да не оправа како треба да се гради според закон.
Истиот лик има дивоградба и во Мечкуевци за која постои правосилно и конечно решение за уривање, но градоначалнкот, светиниколскиот Изет Меџити се уште не го спроведува.
Знаете како оди тоа......наш е!

Бадијала се колнеа пред избори така ќе било, вака ќе било...дрн, дрн...факт е дека ниту контрола има, ниту транспарентност, ниту одговорност има.
Само лажење.

Така драги мои сограѓани, додека ние уредно си ги плаќаме сметките, таксите и даноците, некои си градат, некои си крадат, некои се прават мутави.
Сепак, одиме гордо долу до дното со Твојот човек, а и со твоите човеци!

20/05/2026

Криминалната ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови.

Криминалната ВМРО удри и по студентите. Наместо подобрување на студентскиот стандард, власта најде начин како да скрати и од студентите, додека вртат милионски криминални тендери.

Новите измени на Законот се директен удар врз студентскиот стандард.

Се намалуваат стипендиите за социјални категории, поскапува сместувањето во студентските домови.

За прв пат се воведува категоризација на студентските домови во два типа - Тип 1: Енергетски ефикасни и реконструирани објекти и Тип 2: Постојни, односно нереновирани студентски домови.

Во превод - богатите ќе можат да престојуваат во реновирани домови со подобри услови, а сите останати во старите и нереновирани домови.

Власта крати и од поддршката на студентите за сместување и исхрана. За домовите од Тип 1, наместо досегашните 50%, државата ќе покрива само до 40% од трошоците. За домовите од Тип 2, партиципацијата останува до 50%.

Наместо еднакви услови за сите, ВМРО создава двокласен систем во високото образование - студенти од привилегирани семејства и студенти кои ќе мора да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Со измените власта ја укинува и мерката донесена во ковид кризата од СДСМ - нема повеќе поддршка до 6.000 денари за приватно сместување или меѓуградски превоз за студентите.

Дополнително, власта ја крати можноста за повеќе стипендии за социјално ранливите категории на студенти - оние на кои им е најпотребна. Од вкупниот број на стипендии наместо како досега 49%, сега 40% ќе бидат за студентите од социјално ранливи категории.

За ваква ли грижа за младите зборува Мицкоски? Со кое лице им вели на младите „не се иселувајте“, кога истиот тој ја крати поддршката,создава систем во кој образованието станува привилегија, а не право?

Јасно е дека на ВМРО не му се важни студентите, важно им е само да најдат начин како да украдат повеќе пари за нивните криминални тендери и луксузи.

Со оваа власт, на која не и се важни студентите, младите ќе си заминуваат од државата уште порано, барајќи подобри услови, поголема сигурност и поправеден систем на странските универзитети.

Ударот врз студентите е удар врз иднината на државата.

Социјалдемократската младина на Македонија бара итно повлекување на ваквото неправедно законско решение.

Оваа расипничка и криминална власт ни ја одзема и последната надеж дека тука може достоинствено да се образуваме, да живееме, и да напредуваме.

Затоа младите се приклчуваат на Фронтот за вистина и правда, затоа ни треба Европа. Членството во ЕУ за нас значи еднакви услови и вистинска поддршка - а не политики што ги делат, осиромашуваат и понижуваат студентите.

20/05/2026

Градоначалникот по сите медиуми се пофали дека ќе се врши „санација“ на фонтаната — фонтаната која токму тој ја доведе до оваа состојба со години негрижа и неодржување.

Но ајде да видиме колку ова ќе ги чини граѓаните.
За оваа „санација“ се планираат вртоглави 1.800.000 денари.

Да се потсетиме:
кога фонтаната првпат се градеше, беа потрошени околу 9.500.000 денари, а беше направена нефункционална, без одвод и довод, од страна на тогашниот градоначалник на ДПМНЕ.
Денес, повторно плаќаме. Повторно за истата фонтана.

Почитувани сограѓани, со право можеме да кажеме:
Свети Николе ја има најскапата фонтана во Македонија.

13/05/2026
12/05/2026
01/05/2026

Колумна на Трајче Стојчевски за 1 Мај, достоинствениот труд и потребата младите да имаат фер шанса за живот, работа и иднина дома.

16/04/2026

Не е само Скопје...
И Свети Николе се повеќе мириса на шампон.

19/02/2026

❗️❗️❗️

Address

Кочо Рацин бб
Sveti Nikole
2220

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЛК СДММ-Свети Николе posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ЛК СДММ-Свети Николе:

Share