ОК Свети Николе Вмро-Дпмне

ОК Свети Николе Вмро-Дпмне ВМРО-ДПМНЕ - ДЕМОХРИСТИЈАНСКА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ОПШТИНСКИ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ СВЕТИ НИКОЛЕ

24/05/2026
СООПШТЕНИЕПочитувани  активисти, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, почитувани граѓани на Општина Свети Николе,Ве инфо...
21/05/2026

СООПШТЕНИЕ

Почитувани активисти, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, почитувани граѓани на Општина Свети Николе,
Ве информираме дека со одлука на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Проф.Д-р Христијан Мицкоски, за Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе е избран Бојан Митев,
долгогодишен член и активист на партијата.
Бојан Митев е Доктор на Стоматологија, Магистранд по здравствен менаџмент со 16 годишно работно искуство во фармацевтскиот сектор, а исто така и голем поддржувач на спортот во Свети Николе.
Тој е поранешен Потпретседател на ОК на Унијата на млади сили,
Потпретседател на ОК на ВМРО- ДПМНЕ Свети Николе, поранешен Советник и Координатор на Советничката група во Советот на Општина Свети Николе во два мандати, како и носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во 2021 год.
Општинскиот комитет е отворен за соработка со сите членови, симпатизери и граѓани, заеднички да работиме за подобро Свети Николе и Македонија.

Ваш,
ОК на ВМРО- ДПМНЕ Свети Николе

Во ноември 2025 година се оддржаа oсмите редовни локални избори на кои учествуваа 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи. Под слоганот „Вистинскиот избор – Твојо....

27/04/2026
23/04/2026

Следете го моето гостување во Дневникот на ТВ Сител, во 19:00 часот.

16/04/2026
Во недостиг на идеи и по најкатастрофалните резултати што СДС ги забележа во историјата на Свети Николе, наместо одговор...
25/03/2026

Во недостиг на идеи и по најкатастрофалните резултати што СДС ги забележа во историјата на Свети Николе, наместо одговорност и самокритика, сведоци сме на недолично и недостоинствено однесување.

Лице со променлива политичка провиненција – од поранешен член на НСДП, до сегашен претседател на локалниот СДС, а притоа и потенцијален кандидат за функцијата секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе од каде беше избркан – наместо да покаже интегритет, избра сигурна позиција во Советот и избегнување на директна сооченост со актуелниот градоначалник.

Дополнително загрижува фактот што на дрзок и некултурен начин се обрати кон актуелниот министер за локална самоуправа, и тоа пред советници и вработени во општинската администрација, покажувајќи отсуство на основна политичка и лична култура.

Наместо да поднесе оставка од функцијата претседател на локалниот СДС и од советничката позиција, како чин на морална одговорност, продолжува со несоодветно јавно однесување и себерекламирање, занемарувајќи ги основните принципи на воспитување, почит и одговорност.

Во исто време, Општина Свети Николе реализира бројни проекти во интерес на граѓаните, со јасна визија за развој и подобрување на условите за живот. Наместо неосновани напади и политиканство, потребна е конструктивност и поддршка за иницијативи што носат реални резултати.

Граѓаните на Свети Николе заслужуваат сериозност, чесност и достоинство – вредности кои очигледно недостасуваат во ваквиот пристап.

На ваков начин наместо конструктивна опозиција предводена од искрени и млади членови на СДСМ наидуваме на неисполнети и нереализирани квазиполитичари кои немаат допирна точка со политичката партија СДСМ.

Денес одбележуваме 154 години од раѓањето на нашиот великан Гоце Делчев. Да ја продолжиме борбата за Македонија како исп...
04/02/2026

Денес одбележуваме 154 години од раѓањето на нашиот великан Гоце Делчев.
Да ја продолжиме борбата за Македонија како исполнување на аманетот кој тој ни го остави.

"Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата, тоа е првиот услов за нашиот успех!" - Гоце Делчев.

Вечна ти слава Учителе.

Address

PLOSTAD ILINDEN 56
Sveti Nikole
2220

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОК Свети Николе Вмро-Дпмне posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ОК Свети Николе Вмро-Дпмне:

Share