Движење ЗНАМ - За Наша Македонија - OO Свети Николе

Движење ЗНАМ - За Наша Македонија - OO Свети Николе Добредојдовте на официјалната Facebook
страна на Движење ЗНАМ - За Наша Македонија - OO Свети Николе

03/06/2026
01/06/2026

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

Димитриевски: Необољшевици го водат СДСМ кои се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за Фокус порача дека СДСМ продолжува со старата матрица на политички спинови, обиди за дефокус и конструкции насочени кон дискредитација на политичките конкуренти, наместо соочување со сопствените слабости и внатрешна криза.

„Сите овие приказни што периодично се пуштаат во јавноста дека некој бил незадоволен или маргинализиран се дел од старата матрица на политичкиот спин, поттикната од необољшевиците што сега го водат СДСМ и се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии“ - истакна Димитриевски.

Тој потенцира дека ЗНАМ останува стабилен политички субјект со сопствен интегритет, јасна визија и јасни црвени линии, кој не функционира како привезок на било чија политика, туку како автентично движење кое гради нов политички концепт во Македонија.

Во однос на прашањето за уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот, Димитриевски повтори дека ЗНАМ нема да поддржи решенија под диктат и под постојани нови условувања.

„Ако воопшто се отвора Уставот, тоа мора да биде резултат на јасен внатрешен консензус и реални, проверливи гаранции за националните и државните интереси и врз база на реципроцитет. Без тоа, секое инсистирање е само продолжување на политичка несигурност и постојано поместување на условите“ - нагласи претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски порача дека пратениците на ЗНАМ ќе одлучуваат исклучиво согласно националниот и државниот интерес, Уставот и програмските принципи на движењето, без калкулации и без отстапување под политички притисоци.

Движењето ЗНАМ продолжува со својата мисија насочена кон градење стабилна држава, силни институции и политики што се во интерес на граѓаните, со доследност кон своите принципи и визија за модерна и праведна Македонија, посветено на реални решенија и долгорочен раст и развој на државата.

Центар за комуникации и аналитика

01/06/2026

Димитриевски: Министерот Филков работи принципиелно и во интерес на владеењето на правото

Претседателот на Движењето ЗНАМ - за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за неделникот Фокус истакна дека ЗНАМ останува доследен на принципите на владеење на правото, институционална одговорност и почитување на Уставот и законите, при што целосна поддршка дава министерот за правда Игор Филков и неговиот професионален пристап во раководењето со ресорот.

Во интервјуто, Димитриевски потенцира дека ЗНАМ не ја гледа Владата низ призма на партиски надмудрувања, туку како систем на институционална координација и одговорност, каде секој ресор постапува согласно своите законски надлежности.

„Министерството за правда, предводено од министерот Игор Филков, има јасен и принципиелен став дека сите решенија мора да бидат во рамки на Уставот и законите. Владеењето на правото мора да биде над политичките или етничките калкулации“ посочи Димитриевски.

Тој нагласи дека прашањето за правосудниот испит не смее да биде предмет на дневнополитички притисоци или импровизации, туку дека решенијата мора да бидат системски, правно издржани и во согласност со мислењата на релевантните институции и меѓународни стандарди.

Претседателот на ЗНАМ категорично ги отфрли шпекулациите за наводно маргинализирање на министерот Филков, оценувајќи дека станува збор за политички конструкции без реална основа.

„Министерот за правда Филков е во постојана комуникација и координација со Владата околу сите прашања од надлежност на Министерството. ЗНАМ целосно стои зад неговиот професионален, непристрасен и принципиелен пристап“ истакна Димитриевски.

Во интервјуто беше потенцирано и дека ЗНАМ останува фокусиран на реформската агенда и реализацијата на програмските определби, а не на кадровски шпекулации и политички конструкции.

Димитриевски оцени дека ресорите што ги предводи ЗНАМ, Министерството за правда и Министерството за јавна администрација, веќе испорачуваат конкретни резултати преку подготовка и усвојување на значаен број законски решенија, како и преку реформи кои добиваат позитивни оценки и од меѓународниот фактор.

Движењето ЗНАМ останува цврсто определено за заштита на институциите, почитување на правниот поредок и спроведување на реформи во интерес на државата и граѓаните.

Центар за комуникации и аналитика

28/05/2026

Мислење на советници на Движење ЗНАМ во Советот на општина Свети Николе по однос на точка 26 за Предлог одлука за прогласување на елементарна непогода.

Излагач Ирена Шкорвага Антова

28/05/2026

Амандман на советници на Движење ЗНАМ во Советот на општина Свети Николе во врска со точка 31 за зголемување на цените на такси превоз услугите.

Излагање на Др. Кирил Јосев

27/05/2026
Честит 24 МајДенот на сесловенските просветители светите браќа Свети Кирил и МетодијДенес со особена почит се потсетувам...
24/05/2026

Честит 24 Мај
Денот на сесловенските просветители
светите браќа Свети Кирил и Методиј

Денес со особена почит се потсетуваме на нивното непроценливо дело, кое ги постави темелите на словенската писменост, просвета и култура.
Нивната визија, знаење и посветеност остануваат трајна инспирација за сите генерации.

Да го негуваме јазикот, образованието и културното наследство како најголеми вредности што ни ги оставиле.

Нека е честит и вечен празникот! 📚🇲🇰

18/05/2026

Address

Sveti Nikole
2220

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Движење ЗНАМ - За Наша Македонија - OO Свети Николе posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Движење ЗНАМ - За Наша Македонија - OO Свети Николе:

Share