25/08/2026
Брзаме.
Брзањето, стресот и несоницата ни станаа секојдневие. Не држат во ритам, а полека си го земаат својот данок.
Зборови кои во 90-тите речиси и не ги познававме – анксиозност, депресија, OCD – денес ги препознаваме кај секој втор човек.
Што се смени?
Како дојдовме дотаму да посакаме времето да е валута – да може да се купи, да се надополни, да се зачува?
Зошто штедиме време, а никогаш го немаме доволно?
Како тие 24 часа во денот станаа премалку?
Како секогаш брзаме, а никогаш не успеваме да постигнеме сè?
Природата, драги мои.
Природата ја заборавивме.
Заборавивме да се соблечеме боси и да чекориме по земјата.
Да се поврземе со природата.
Да дишеме чист воздух.
Да гледаме во небото и од облаците да измислуваме фигури.
Да ги оставиме телефоните и електрониката настрана.
Да седиме во двор и да пиеме кафе.
Да дојдат комшиите, фамилијата, да се насмееме, да споделиме ручек, десерт, приказна…
Можеби не ни недостига уште време.
Можеби само заборавивме како вистински да го живееме. 🌿