11/02/2026
Честитка до членовите на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Искрени честитки до сите стари и новоизбрани членови на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Вашиот избор е признание за досегашната посветеност, но и сериозна обврска кон членството, партијата и државата.
Во време кога Македонија има потреба од јасна визија, цврста организација и одговорно лидерство, ИК останува клучен столб во градењето на силна, принципиелна и државотворна политика.
Убеден сум дека со искуството на постојните членови и со енергијата и свежите идеи на новоизбраните, ИК ќе придонесе кон уште посилна и пообединета ВМРО-ДПМНЕ.
Ви посакувам успешна работа, мудри одлуки и истрајност во борбата за интересите на граѓаните и за иднината на Македонија.
Под водство на претседателот Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ води мудра, државничка и принципиелна политика – политика на трпеливост кога треба, но и на цврст став кога се загрозени националните и државните интереси.
Тоа лидерство ја консолидираше партијата, ја врати довербата кај членството и ја позиционираше ВМРО-ДПМНЕ како вистинска алтернатива за иднината на Македонија.
Пред вас стои обврска не само кон партијата, туку и кон народот ,да бидете гласни таму каде што другите молчат, цврсти таму каде што другите попуштаат и одговорни таму каде што државата беше предадена.
Ви посакувам Успех во работата.