Centar za razvoj na Jugoistocen region

Centar za razvoj na Jugoistocen region Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Centar za razvoj na Jugoistocen region, Public Service, BUlica Marshal Tito br. 1/1, Strumica.

Центар за развој на Југоисточниот плански регион е еден од осумте центри во Република Македонија формиран според Законот за рамномерен регионален развој, опфаќа 10 општини од регионот, се простира на територија од 2835 км2, со население од 171 972 жители.

Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регио

налниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на Југоисточниот плански регион.

Политиката на регионалниот развој на Југоисточниот регион е систем на цели, инструменти и мерки насочени кон намалување на регионалниот диспаритет и остварување на рамномерен и одржлив регионален развој, зголемување на конкурентноста на планските региони преку јакнење на нивниот иновациски капацитет, оптимално користење и валоризирање на природното богатство, човечкиот капитал и економските особености на различните региони, зачувување и развивање на посебниот идентитет на планските региони, како и нивна афирмација и развој, ревитализација на селата и развој на подрачјата со специфични развојни потреби, поддршка на меѓуопштинската и прекуграничната соработка на единиците на локалната самоуправа во функција на поттикнување рамномерен регионален развој и подигнување на квалитетот на живот на сите граѓани во регионот.

🤝 Со заедничка посветеност, партнерска соработка и инвестиции во локалниот развој, продолжуваме да создаваме подобри усл...
28/05/2026

🤝 Со заедничка посветеност, партнерска соработка и инвестиции во локалниот развој, продолжуваме да создаваме подобри услови за живот во Југоисточниот регион.

В.д. Директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, г-дин Јован Коцев и Директорот на Бирото за регионален развој, г-дин Амет Имери, потпишаа договор за имплементација на проектот „Модернизација на регионот – набавка на специјализирани возила“, кој ќе се имплементира преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година.

За реализација на проектните активности, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион потпиша и договори со Општина Струмица и Општина Василево како општини партнери во проектот.

🚛 Во Општина Струмица, проектот опфаќа набавка на специјализирано комунално возило за подобрување на капацитетите за управување со отпадот и одржување на јавната чистота, со што директно се придонесува кон почиста и поуредена животна средина. Со оваа инвестиција ќе се овозможи поефикасно собирање, транспорт и управување со комуналниот отпад, како и подобрување на квалитетот на животната средина и зачувување на природните ресурси.

🛣️ Во Општина Василево ќе се реализира активноста за реконструкција на патот во село Старо Владиевци кој води до црквата „Успение на Пресвета Богородица“, со што ќе се подобрат пристапноста, безбедноста и условите за движење за жителите и посетителите.

💰 Вкупната вредност на проектот изнесува 12.495.697,00 денари од кои 3.495.697,00 денари се обезбедени од општините партнери во проектот, а останатите средства се обезбедени од Бирото за регионален развој.

📢Известување за прскање против комарциЦентарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните дека на ...
26/05/2026

📢Известување за прскање против комарци

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните дека на 28 до 29 мај 2026 година ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција – прскање против комарци на територијата на општините во Југоисточниот плански регион.

Активностите ќе се реализираат согласно следниот распоред:

28.05.2026 година (четврток)
Општина Радовиш – со почеток во 09:00 часот
Општина Конче – со почеток во 12:00 часот
Општина Струмица – со почеток во 10:00 часот

29.05.2026 година (петок)
Општина Валандово – со почеток во 09:00 часот
Општина Василево – со почеток во 12:00 часот
Општина Босилово – со почеток во 09:00 часот
Општина Ново Село – со почеток во 12:00 часот

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства, а граѓаните да избегнуваат движење во зоните каде ќе се врши третманот за време на прскањето.

Доколку временските услови не дозволуваат реализација на активностите, прскањето ќе се изврши во следниот поволен термин.

21/05/2026

🎥 Со задоволство го споделуваме промотивното видео за проектот Зелено за добро – G4G, кој се имплементира преку Програмата за прекугранична соработка Интеррег ИПА „Грција – Северна Македонија 2021-2027“.

🌱Проектот е насочен кон позелена мобилност, обновливи извори на енергија, урбани зелени површини и подигање на свеста за одржлив развој.

🤝 Преку соработка, размена на знаења и практични зелени решенија, заедно градиме почиста, поодржлива и поотпорна иднина за целиот Југоисточен регион.

▶️ Погледнете го видеото и бидете дел од зелената транзиција! 🌿

Претставници од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион (ЦРЈИПР) како асоцијативен партнер учествуваа на втор...
20/05/2026

Претставници од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион (ЦРЈИПР) како асоцијативен партнер учествуваа на вториот Генерален состанок на проектот ELeVATE, кој се одржа на 14–15 мај 2026 година во Сан Себастијан, Шпанија 🇪🇸

Во текот на состанокот, партнерите работеа на клучните активности од проектот, вклучувајќи:
🔹 управување и координација на проектот
🔹 истражување и развој на стратегии за нет-зеро технологии
🔹 развој на менторски програми за жени во SEB секторот
🔹 мониторинг, евалуација и одржливост на резултатите

👉 Состанокот придонесе за зајакнување на соработката меѓу европските партнери и унапредување на вклучувањето на жените во секторот на паметни енергетски решенија.

ACRID Network

🔗 Повеќе информации за проектот: https://southeast.mk/2026/05/20/%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d1%86%d1%80%d1%98%d0%b8%d0%bf%d1%80-%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-2/
🔗 Read more information: https://southeast.mk/en/2026/05/20/representatives-from-cdsepr-participated-in-the-2nd-general-meeting-of-the-elevate-project-in-spain/

🔹 Претставници од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион учествуваа на 3-от Генерален состанок на проектот S...
19/05/2026

🔹 Претставници од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион учествуваа на 3-от Генерален состанок на проектот SEBCoVE – Smart Electricity for Buildings – Centres of Vocational Excellence, кој се одржа на 12-13 мај 2026 година во Сан Себастијан, Шпанија 🇪🇸

На состанокот партнери од повеќе европски земји дискутираа за напредокот на проектот, развојот на иновативни програми за стручно образование, дигитални алатки, сертификација, мобилности и идни активности во рамки на Erasmus+ проектот.

Учесниците имаа можност да посетат и интегриран центар за стручно образование и обука во Усурбил, каде беа презентирани добри практики и современи пристапи во стручното образование.

Проектот SEBCoVE има за цел да придонесе кон унапредување на стручното образование, развој на современи вештини и зајакнување на соработката помеѓу образовните институции, компаниите и организациите во секторот на паметна електрична енергија и одржливи технологии.
ACRID Network
Сојуз На Стопански Комори

🔗 Повеќе информации на:
https://southeast.mk/2026/05/19/%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%b2%d0%be%d1%98-%d0%bd%d0%b0/
🔗 Read more:
https://southeast.mk/en/2026/05/19/representatives-from-the-centre-for-development-of-the-south-east-planning-region-participated-in-the-3rd-general-meeting-of-the-sebcove-project-in-spain/

ℹ️ Претставници на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, заедно со регионален експерт и претставници од за...
11/05/2026

ℹ️ Претставници на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, заедно со регионален експерт и претставници од засегнатите страни по проектот, учествуваа на вториот меѓурегионален состанок во Лајпциг, Германија, во рамки на проектот SIJMA.

💡 Фокусот на состанокот беше размена на искуства и добри практики за социјални иновации, нови можности за вработување и развој на региони во транзиција.

🤝 Учесниците активно се вклучија во работилници, дискусии и студиски посети со партнери од повеќе европски региони споделувајќи искуства од Југоисточниот плански регион.

🇪🇺 Проектот SIJMA се имплементира во рамки на Програмата Интеррег Европа.

🌐 Повеќе информации можете да прочитате на 👇🏻
https://bit.ly/4uAe70x

🤝 Склучен Договор за партнерство со Општина Валандово 🚛♻️Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Општина Ва...
08/05/2026

🤝 Склучен Договор за партнерство со Општина Валандово 🚛♻️

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Општина Валандово склучија Договор за партнерство за реализација на проектот „Подобрување на комуналните услуги во Југоисточниот плански регион преку набавка на возило за општина Валандово“.

📍 Проектот ќе се реализира во рамки на Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година, финансирана од Министерството за локална самоуправа.

✅ Имплементатор на проектот е Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а вкупната вредност на проектот изнесува 4.950.000 денари.

🚛 Со реализацијата на проектот ќе се овозможи набавка на специјализирано комунално возило за собирање и транспорт на отпад, со што значително ќе се подобрат комуналните услуги, јавната хигиена и условите за живот на граѓаните во општина Валандово.

♻️ Проектот ќе придонесе за поефикасно управување со отпадот, намалување на дивите депонии и создавање почиста и поздрава животна средина, како и за зајакнување на капацитетите на локалните комунални служби.

Во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со Општина Радовиш, успешно се одржа ...
04/05/2026

Во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со Општина Радовиш, успешно се одржа работилницата „Основна употреба на ИТ алатки и вештачка интелигенција (AI) во пракса“ во НЕКСУС ХАБ во Радовиш под менторство на EU4M - project funded by EU

Учесниците од општинската администрација имаа можност да се запознаат со практични алатки за подобрување на секојдневната ефикасност, како и со реалната примена на вештачката интелигенција во административна и проектна работа.

Преку интерактивни сесии и практични примери, беа разработени начини за заштеда на време, подобра организација и користење на AI за пишување извештаи, планирање и дизајн на проекти.

Работилницата заврши со евалуација и позитивни впечатоци од учесниците, кои ја истакнаа корисноста на стекнатите знаења за нивната секојдневна работа.

Во рамки на проектот FIREDEFEND, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион има за цел да набави термална камера...
20/04/2026

Во рамки на проектот FIREDEFEND, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион има за цел да набави термална камера за детектирање на потпалувачи на депонии. Оваа иновативна мерка има за цел навремено откривање и превенција на пожари, заштита на животната средина и зголемување на безбедноста на граѓаните.

Проектот се реализира во рамки на Програмата за прекугранична соработка со Грција и претставува значаен чекор кон модерно и одржливо управување со отпад.

Голема благодарност до Сител ТВ и новинарот Зоран Ѓоргиев за медиумската поддршка и за пренесување на оваа важна тема до јавноста.

Follow Sitel Televizija on...• WEB: http://sitel.com.mk/• FB: https://www.facebook.com/sitelmk• IG: https://www.instagram.com/sitel.tv/• Tw: https://twitter....

Address

BUlica Marshal Tito Br. 1/1
Strumica
2400

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38934340139

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Centar za razvoj na Jugoistocen region posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category