Пожарникари - Струмица

Пожарникари - Струмица На оваа страна ќе можете да ги добиете сите информации за нашите активности, информации за сите настанати пожари, едукации, предавања.

30/05/2026
✅Со голема благодарност ја примивме оваа прекрасна благодарница од ООУ „Сандо Масев“ – подрачно училиште с. Баница.✅Ни п...
28/05/2026

✅Со голема благодарност ја примивме оваа прекрасна благодарница од ООУ „Сандо Масев“ – подрачно училиште с. Баница.
✅Ни претставува особена чест што имавме можност да се дружиме со децата, преку едукативна и показна активност да ги запознаеме со работата на пожарникарите-спасители и да им пренесеме важни совети за безбедност и заштита.
✅Детските насмевки, љубопитноста и радоста беа најголемата награда за нас.
✅Веруваме дека преку ваквите средби создаваме поголема свест, доверба и чувство на сигурност кај најмладите.
✅Им благодариме на учениците, наставниците и раководството за топлиот пречек и прекрасната соработка.
✅ТППЕ Струмица секогаш ќе биде тука за граѓаните — со срце, храброст и посветеност. 🚒👨‍🚒

🚒Денеска, на Денот на пожарникарите, Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица, уште еднаш ја потвр...
20/05/2026

🚒Денеска, на Денот на пожарникарите, Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица, уште еднаш ја потврди својата висока професионалност и пожртвуваност на демонстративната вежба којашто заедно со Општинската организација на Црвениот крст ја спроведе во СОУ „Димитар Влахов“. Вежбата ја следеше и градоначалникот Петар Јанков со претставници на Советот и Општината, и честитајќи им го Денот на пожарникарите им упати голема благодарност за нивната храброст, пожртвуваност и професионалност.

-Општина Струмица ќе продолжи да набавува соодветна опрема за да можат нашите пожарникари да делуваат навремено. На последната седница на Советот на општина Струмица беше усвоено прифаќањето на донацијата на противпожарно возило со скала. Скалата е со распон од 25 метри и истото најчесто се употребува во урбани средини при спасувачки дејства на повисоки и тешко достапни места. Ќе продолжиме и понатаму со обезбедување на соодветна опрема за поефикасно да делуваат нашите пожарникари. На сите пожарникари им посакувам добро здравје и што помалку ризични дејства при извршувањето на нивните професионални задачи, изјави градоначалникот Јанков.

Александар Гудев заменик командир на ТППЕ – Струмица упати искрена благодарност до градоначалникот Петар Јанков и локалната самоуправа за поддршката која што им ја даваат.

-Посебна благодарност упатуваме до градоначалникот за обезбеденото возило скала коешто претставува огромно засилување за нашата единица. Со ова современо возило значително се подготвува нашата подготвеност, ефикасност и безбедност при интервенции, особено при спасување и гаснење на пожари на високи објекти, ова не е само инвестиција во опрема, туку инвестиција во безбедноста на сите граѓани. Вашата поддршка е доказ дека трудот и пожртвуваноста на пожарникарите се препознати и ценети, а ние и понатаму ќе останеме посветени на нашата мисија – заштита на животите и имотот на граѓаните и подготвени да помогнеме во секое време, изјави Александар Гудев.

Тој во името на сите пожарникари, на градоначалникот Јанков му врачи благодарница и маица со амблемот на Противпожарната единица.

✅Во календарот на современото општество постојат датуми што не се сведуваат на обично симболично одбележување, туку прет...
19/05/2026

✅Во календарот на современото општество постојат датуми што не се сведуваат на обично симболично одбележување, туку претставуваат длабоки локални и цивилизациски потсетници за вредности што го надминуваат секојдневието.

✅Денот на пожарникарите за нас не е само датум, тој е одраз на нашата секојдневна мисија, на одговорноста што ја носиме и на тивката пожртвуваност што ја живееме.

✅Струмица не е само град, таа е простор на живот, традиција и континуитет. Со својата препознатлива географска положба, опкружена со плодни полиња, планински предели и динамична клима, таа носи и посебни предизвици. Во летните месеци, кога високите температури, сушата и ветровите стануваат секојдневие, ризикот од пожари значително се зголемува, особено во земјоделските површини, стрништа, овоштарници и шумски предели што го опкружуваат регионот.

✅Како служба, ние сме длабоко вградени во животот на струмичката заедница. Присутни сме не само кога има опасност, туку и кога е потребна превенција, едукација и поддршка. Работиме со граѓаните, со институциите, со најмладите, за да изградиме култура на заштита и одговорност што започнува многу пред да се појави огнот.

✅Низ децениите, нашата служба се развиваше и се надградуваше, прераснувајќи во современа, професионална и технички подготвена единица. Денес сме подготвени да одговориме на различни предизвици, од урбани пожари во густо населени делови на градот, до сложени интервенции во рурални и тешко пристапни терени низ струмичкиот регион.

✅Нашата работа не се мери само преку опрема, возила или број на интервенции. Таа се темели на храброст, самодисциплина, знаење и тимска работа. Во моменти кога секоја секунда е пресудна, ние сме тие што чекорат напред, таму каде што опасноста е најголема, водејќи се од обврската да помогнеме, без двоумење.

✅Зад нас стојат безброј интервенции, пожари на отворено, спасувања, технички интервенции и ситуации во кои е потребна брза и одлучна реакција. Спасени животи, зачувани домови и заштитени природни богатства се резултати што често остануваат тивки, но имаат длабоко значење за заедницата во која живееме и работиме.

✅Како служба, се водиме од принципите на солидарност, колективна одговорност и меѓусебна доверба. Тимската работа за нас не е избор, туку предуслов за секоја успешна интервенција. Секој од нас е дел од целина што функционира како едно, особено во најтешките моменти.

✅Континуираната обука и усовршување се дел од нашето секојдневие. Современите предизвици бараат постојано надградување на знаењата и вештините. И покрај напредокот на технологијата, човечкиот фактор останува клучен, одлучноста, присебноста и подготвеноста да се делува во најкритичните ситуации.

✅Денот на пожарникарите е момент кога застануваме и се потсетуваме на значењето на нашата мисија. Тоа е ден кога оддаваме почит на сите генерации пожарникари кои ја граделе оваа служба, но и ден кога ја зацврстуваме нашата определба да продолжиме по истиот пат.

✅Ние не сме само интервентна единица. Ние сме дел од системот на превенција, едукација и заштита на заедницата. Нашата задача не започнува со пожарот, таа започнува многу порано, преку подигање на свеста, информирање и заедничка одговорност.

✅За нас, овој ден претставува повеќе од симболика. Тој е потсетник дека храброста се докажува со дела, дека одговорноста се живее секојдневно и дека вистинската сила на една заедница се огледува токму во нејзината подготвеност да се заштити.

✅Ние, струмичките пожарникари-спасители, остануваме посветени на Струмица, на нејзините луѓе, нејзините домови, нејзините полиња и нејзината иднина. Денес, утре и секогаш.

Sofija Stojanova

❗Известување!!⚠️ По повод 20 Мај – Денот на пожарникарите-спасители во Македонија, во среда (20 Мај) во СОУУД „Димитар В...
18/05/2026

❗Известување!!

⚠️ По повод 20 Мај – Денот на пожарникарите-спасители во Македонија, во среда (20 Мај) во СОУУД „Димитар Влахов“ ќе биде реализирана тактичко-показна вежба.

⚠️ Се известуваат граѓаните дека за време на активностите ќе има движење на противпожарни возила и употреба на звучна сигнализација. Се замолуваат граѓаните да не се вознемируваат и да не создаваат паника, бидејќи станува збор за планирана вежбовна активност.

07/05/2026

⚠️По повод Светскиот ден на здравје и безбедност при работа, во Adient Automotive Strumica беше организирана вежба за итни ситуации – пожар, во која учествуваа и пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица.

⚠️Вработените имаа можност да се запознаат и практично да ги применат правилата за безбедна евакуација, како и соодветна и навремена реакција во случај на пожар.

🚒Денес дворот на ТППЕ Струмица беше исполнет со детска радост, смеа и многу позитивна енергија. ⚠️Во посета ни дојдоа уч...
04/05/2026

🚒Денес дворот на ТППЕ Струмица беше исполнет со детска радост, смеа и многу позитивна енергија.

⚠️Во посета ни дојдоа учениците од трето одделение од ООУ Сандо Масев, кои имаа можност одблиску да се запознаат со нашата работа, опремата и противпожарните возила.

😀 Најголем интерес предизвикаа демонстрацијата со противпожарното црево, каде што децата со воодушевување ја следеа акцијата.

📢Им објаснивме како да се однесуваат во случај на пожар и други опасности, а тие возвратија со насмевки, прашања и искрена љубопитност.

⚠️Ваквите средби се од огромно значење – затоа што преку игра и дружење се градат идни генерации кои знаат што значи безбедност, храброст и хуманост.

✅Денес, (петок) 01.05.2026 година во 14.25 часот во с.Ангелци, ТППЕ Струмица со едно ПП возило и пет пожарникари-спасите...
01/05/2026

✅Денес, (петок) 01.05.2026 година во 14.25 часот во с.Ангелци, ТППЕ Струмица со едно ПП возило и пет пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запален помошен објект.

✅Пожарот е целосно изгаснат за кратко време после пристигнувањето на лице место.

🚨Во случај на пожар или друга природна непогода повикај 112 или 193.

Address

Balkanska 1
Strumica
2400

Telephone

0038976483366

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Пожарникари - Струмица posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category