ОО СДСМ Струмица

ОО СДСМ Струмица Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ОО СДСМ Струмица, Political organisation, Strumica.

НАШАТА ВИЗИЈА

Основен постулат на СДСМ и на новата левица во Македонија е дека: луѓето се добри, тие сакаат слобода и еднаквост, но потребна им е и солидарност. Секој човек е личност за себе, и е еднакво вреден како и секој друг. Секое човечко суштество, секој од нас, заслужува шанса за да ги реализира своите соништа за подобар живот. Шансите не смеат да бидат шанси само за неколкумина, само за м

нозинството, туку за сите. Затоа, граѓаните заслужуваат политички решенија кои ќе бидат стабилни, развојни и напредни. Решенија кои секогаш ќе ја водат државата во таква насока: за подобро утре, за подобар живот, за посилна економија, за техничка модернизација, за намалување на сиромаштијата, за зголемување на личните слободи, за еднаквост, за стабилно и праведно општество, за професионална администрација, за развиени и самостојни општини, за зачувување на животната средина, за регионална соработка и за целосно интегрирање во меѓународните организации.

Историјата сосема јасно нè учи дека левицата во Македонија секогаш била храбра и прогресивна. Токму со тие постулати, а и со огромна почит кон претходниците, се зафативме да ја градиме независна Македонија. И денес не отстапуваме од нашите идеи. Не бегаме од одговорноста за минатото, но и од одговорноста да се соочиме со предизвиците за да ја градиме државата и да се бориме за подобра иднина. Интересите на државата секогаш ни се на прво место, но не само тие од денес, туку и оние од утре. Наместо популизам ние нудиме прагматични и реални политички решенија. Посветеноста на развојот на Македонија е нашиот главен мотив, а храброста и прогресивноста се нашите основни белези. Патриотизмот и љубовта кон татковината се нашите ѕвезди водилки.

Програмата на СДСМ е нашата политичка платформа и нашата визија за развој на државата. Во следните 10 години сакаме Македонија да стане поинаква Македонија. Да биде економски развиена, без сиромаштија, со вработени и социјално обезбедени граѓани. Сакаме да има повеќе лични слободи, поголеми колективни права и сите да се еднакви пред институциите, кои ќе функционираат според највисоките професионални стандарди. Сакаме да има еднаквост и рамноправност на сите граѓани, и да имаме еднаква застапеност на жените во сите сфери на општеството. Сакаме да имаме повисока политичка култура, силна и критичка јавна дебата во независни медиуми, толеранција кон разликите и активни граѓани кои лично, или преку нивните здруженија ќе бидат вклучени во донесувањето и спроведувањето на политичките решенија. Сакаме да имаме добри односи и соработка со сите наши соседи. Конечно, сакаме Македонија да стане рамноправна членка во НАТО и во ЕУ.

ИДЕОЛОШКИ ПРИНЦИПИ
- Развој на демократијата и на слободата.
- Еднаквоста и солидарноста се темелите на општеството.
- Почитување на дијалогот и толеранцијата.
- Секое право носи одговорност.
- Корпоративно управување и ново партнерство.
- Социјално одговорна пазарна економија .
- Мир и безбедност преку регионални интеграции и меѓународната соработка.

Почитувана јавност.ОО СДСМ Струмица јавно го прашува градоначалникот и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ: Како е можно за са...
09/06/2026

Почитувана јавност.

ОО СДСМ Струмица јавно го прашува градоначалникот и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ: Како е можно за само шест месеци мандат, главна преокупација да биде личниот луксуз и купувањето на ново возило марка „БМВ“, вредно неверојатни 80.000 евра?

Јавно го прашуваме градоначалникот: Како успеа за само 6 месеци на функција да стигне до вакво луксузно возило, кое до пред половина година не можеше да си го дозволи?
Што ја направи разликата во неговите лични приходи веднаш штом седна во градоначалничката фотелја?
Кој е рецептот за вакво експресно богатење во период кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај?

Додека Струмица се соочува со целосен застој и незапамтена стагнација, додека вработените во општината и јавните претпријатија не можат да ја земат својата чесно заработена плата и стравуваат за сопствената егзистенција, градоначалникот покажува тотална бесчувствителност и расипништво.
Личниот комфор и статус му се далеку поважни од проблемите на граѓаните и на луѓето кои работат за општината.

Во Струмица веќе половина година владее молк.
Нема ниту една нова инвестиција, нема нови проекти, ниту пак некаков развој.
Градот буквално стагнира на секое поле.
Наместо работа која толку многу ја ветуваа, јавноста е сведок на брзо збогатување и приватни луксузи.

Граѓаните јасно ја гледаат разликата.

Она што СДСМ со години наназад, со многу труд и посветеност го градеше, го уредуваше и го остави како траен белег на модерна Струмица, оваа неспособна локална власт не може ниту да го измие, ниту да го офарба.

Нивната неспособност е толку голема што не можат ниту да го одржуваат она што веќе им е оставено во наследство.

Бараме итни одговори на овие прашања и одговорност за ваквото недолично однесување.

Наместо за само 6 месеци да мислите на сопствениот возен парк и приватни возила од 80.000 евра, веднаш исплатете ги платите на вработените и почнете конечно да работите за интересите на градот.

Струмица не смее да биде заложник на нечии лични хирови.

08/06/2026

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Почитувани сограѓани, сопартијци и пријатели.

Сакам да ве информирам дека донесов одлука и поднесов оставка до претседателот на СДСМ, Венко Филипче да се повлечам од функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ Струмица.

Оваа одлука ја носам со мирна совест и чисто срце, водена пред сè од лични причини.

Изминатиот период беше исполнет со многу работа, заеднички победи, но и предизвици со кои се соочувавме секогаш со крената глава и со мисла за доброто на Струмица.

Сакам да упатам огромна и искрена благодарност до сите членови, симпатизери, активисти и до моите најблиски соработници за огромната поддршка, довербата и енергијата што ја вложивме заедно.

Чест ми беше да ја предводам оваа организација и да работам со луѓе кои искрено го сакаат својот град.

На идниот претседател и на новото раководство им посакувам многу успех, мудрост и нова енергија во водењето на партијата на локално ниво.

Јас останувам тука, како пријател и поддржувач, секогаш подготвен да помогнам со своето искуство и знаење секаде каде што е потребно.

Со почит,

Марјан Даскаловски

Општинската организација на СДСМ Струмица ја информира јавноста дека за нов претседател на организацијата е назначен Др....
08/06/2026

Општинската организација на СДСМ Струмица ја информира јавноста дека за нов претседател на организацијата е назначен Др. Лазо Манев.

Со својот докажен професионален интегритет, општествена одговорност и посветеност, Др. Манев ја презема оваа одговорна функција со јасна цел за обединување, внесување на нова енергија и продолжување на успешните социјалдемократски политики во Струмица.

Неговиот ангажман ќе биде насочен кон зајакнување на тимот, отвореност кон граѓаните и будно следење на потребите на нашата локална заедница.

Воедно, ОО СДСМ Струмица упатува огромна и искрена благодарност до досегашниот претседател, Марјан Даскаловски, за неговото долгогодишно успешно водење на организацијата. Со својот голем труд, посветеност, мудрост и одговорност, тој даде исклучителен придонес во развојот на партијата и во бројните победи за доброто на Струмица.

Му посакуваме многу здравје и успеси во неговите идни професионални и лични предизвици, со уверување дека неговото искуство и понатаму ќе биде важен дел од нашиот заеднички пат.

Пред нас е период на посветена работа, заеднички ангажман и нови победи, во кои ОО СДСМ Струмица продолжува да биде силен глас и партнер на сите струмичани.

Со почит,
ОО СДСМ Струмица

18/05/2026

Советничката група на СДСМ побара на десеттата седница на Советот да се разгледа одлука за финансиска поддршка од по 1.000.000 денари за KK Струмица 2001 за пласманот во Супер лигата, и за ЖФК Тиверија за освоениот Куп на Македонија во женска конкуренција.

Градоначалникот Петар Јанков и советниците на ВМРО-ДПМНЕ не ја дозволија ниту да се стави на дневен ред.
Не сакаа ниту да се разгледа.
Ниту да се расправа. Ниту да се гласа.

Истиот тој градоначалник кој неколку дена порано јавно напиша „Гордост Струмичка!“ за шампионската титула на КК Струмица и истиот тој градоначалник кој денес ја прими екипата на ЖФК Тиверија во кабинетот, седна со пехарот на маса и се фотографираше за неговиот ПР.

За пехар време има.
Време за фотографии има.
Време за Советот да разгледа вистинска поддршка за тие исти клубови, нема.

КК Струмица и ЖФК Тиверија заслужуваат подршка како сите други клубови кои одтваруваат резултати и го промовираат струмичкиот спорт и општина Струмица.

Паднаа маските дека спортот и децата во спортот им се битни.

Денес на дело покажаа дека се небитни за ВМРО ДПМНЕ.

Разочарувања сте!!

Советничката група на СДСМ ќе го враќа овој предлог на секоја идна седница, се додека не се стави на дневен ред и не се расправа.

Успехот секогаш треба да биде награден и поттикнат.

Вашата лажна ПР кампања е очајна.

Ако денот по утрото се познава, на спортот во Струмица со ваква локална власт не му се пишува добро!

ПочитуваниДенес за жал не напушти засекогаш нашата другарка Зорица Димовска Митева.Немаме зборови со кои може да ја опиш...
17/05/2026

Почитувани

Денес за жал не напушти засекогаш нашата другарка Зорица Димовска Митева.

Немаме зборови со кои може да ја опишеме тагата и празнината која ја чувствуваме сите ние.

Зорица беше голем борец, одличен наставник, прекрасна мајка и сопруга.

Како дел од семејството на СДСМ таа секогаш зрачеше со позитивна енергија и широка насмевка, човек потсетеник дека и кога е тешко може да се препроди се со насмевка и позитивна мисла.

Од раководството на партијата изразуваме длабоко сочувство до семејството.

Почивај во мир Зорице.

Почитувани земјоделци и почитувана јавност.Ова се нашите сограѓани:Блажо Крстев - раководител на Подрачната единица за з...
13/05/2026

Почитувани земјоделци и почитувана јавност.

Ова се нашите сограѓани:

Блажо Крстев - раководител на Подрачната единица за земјоделство - Струмица.

Ефтим Орцев - советник на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

Драги Памуков - советник на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

Тројца луѓе од Струмица.
Тројца луѓе на струмичка земја пораснати.
Тројца луѓе кои во предизборието го газеа секое село - Куклиш, Градско Балдовци, Сачево, Муртино, Дабиле, Просениково - со ветувања што денес не се реализирани.

Ветуваа организиран откуп. Денес магацините се полни, откупувачи нема.
Ветуваа достоинствена цена. Денес зелката се откупува по 6-8 денари, компирот по 25.

Ветуваа заштита од увоз.
Денес пазарот е преплавен со странска стока во екот на нашата сезона.

Ветуваа навремени субвенции.
Денес земјоделецот не знае дали ќе ги види парите пред да го пушти семето за следната година.

Господа Крстев, Орцев и Памуков - вие сте од Струмица. Вие треба добро да знаете што значи струмичка нива.

Вие ги познавате луѓето (барем така се претставувате) лично - им бевте во домовите на слави ги повикувавте на митинзи.

Денес тие луѓе ве бараат - а вас ве нема.
Каде сте?
Каде сте кога зелката од Куклиш се продава по цена пониска од производната?
Каде сте кога компирот од Дабиле гние во магацин?
Каде сте кога младиот земјоделец пакува куфер за Германија затоа што во Струмица повеќе не може да живее од земја?
Кабинетите ви се удобни.
Платите ви се сигурни.

Струмичкиот земјоделец, тој што ве носеше на раце во кампањата, денес гледа во небо и се прашува со што ќе го храни детето.

Струмичкиот земјоделец памти што ветувате.

Од ветуваното ништо, напротив го уништивте и тоа што беше добро.

Во кабинетот на министерот и до вас остана само криминалот кој секојдневно се потврдува со пресуди.

Реагирајте навремено и брзо, затоа што секојдневно ја оставате државата и граѓаните гладни и сиромашни.

06/05/2026

Вистината е како шило, а на ДПМНЕ програмата фитктивна.

Многу ветувања, ниту едно исполнето.

ОО СДСМ Струмица денес одржа исклучително продуктивен и инспиративен состанок со членовите на Извршниот и Надзорниот одб...
05/05/2026

ОО СДСМ Струмица денес одржа исклучително продуктивен и инспиративен состанок со членовите на Извршниот и Надзорниот одбор од Струмица.

Имавме чест да оствариме средба со нашиот гостин од Централното раководство, Симона Цветаноски, при што заеднички ги дефиниравме насоките за наредниот период и ја зацврстивме соработката во рамки на нашата организација.

Состанокот беше исполнет со прогресивни идеи, конструктивни дискусии и јасна визија за понатамошен развој и унапредување на работата на партијата на локално ниво.

Денес го спомнуваме и одаваме почит кон ликот и делото на Гоце Делчев, кон човекот кој ја вгради идејата за слободна, пр...
04/05/2026

Денес го спомнуваме и одаваме почит кон ликот и делото на Гоце Делчев, кон човекот кој ја вгради идејата за слободна, праведна и достоинствена Македонија во темелите на нашата историја.

Гоце Делчев беше визионер, учител и борец.

Неговата мисла и дело и денес се патоказ, дека борбата за правда, еднаквост и напредок никогаш не престанува.

Нема отстапување од вредностите за кои се бореше Делчев.

Македонија мора да се гради со работа, чесност и грижа за секој граѓанин.

Нека е вечен споменот за Гоце Делчев.

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТАДодека чесните граѓани на Струмица се борат за основна егзистенција, а младите си ги пакуваат куфе...
30/04/2026

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Додека чесните граѓани на Струмица се борат за основна егзистенција, а младите си ги пакуваат куферите барајќи чаре во туѓина, во Општина Струмица на дело гледаме бесрамна, брутална и деструктивна партизација.

Борбата за Струмуца очигледно не беше за граѓаните, туку за удобно сместување на одредени фамилии.

Затоа, јавно го прашуваме градоначалникот:
Дали Општина Струмица има за цел да им служи на граѓаните или служи како приватна агенција за вработување на семејството на неговиот „секретар во сенка“?

Фактите се поразителни.

Главниот „архитект“: Господинот Мрнгозов, кој неофицијално дејствува како „секретар во сенка“ на Општината, не се задоволи само со таа моќ.
Тој дополнително е инсталиран и како член на Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“.

Сопругата: Згрижена на државна плата во Матичната служба.

Сестрата: Удобно сместена во јавното претпријатие „Струмица Гас“.

Таткото: Поставен за член на комисија, за да се осигура дека ниеден семеен интерес нема да биде пропуштен.

Ова е класичен пример на политички канцер кој ги јаде институциите одвнатре.

Која е пораката што ја испраќате до струмичани?
Дека за работа не треба диплома, знаење или труд, туку само да се биде дел од „правилното“ семејство блиско до власта?

Бараме итни одговори:

Кои се квалификациите на овие лица, освен нивната крвна врска со „секретарот во најава“?

Дали постои барем една институција во градот каде што не е инсталиран член на ова семејство?

До кога граѓаните ќе го плаќаат овој приватен семеен бизнис маскиран во локална самоуправа?

Дали вашите сопартијци за ова се бореа?

Време е да се стави крај на ова понижување на Струмица.

Одговорноста за овој скандал мора да биде итна и неотповиклива оставка!

Address

Strumica

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОО СДСМ Струмица posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ОО СДСМ Струмица:

Share