OK ВМРО ДПМНЕ Струмица

OK ВМРО ДПМНЕ Струмица ВМРО-ДПМНЕ ОК СТРУМИЦА

Почитувани членови на ВМРО-ДПМНЕ, согласното Одлуките на Извршниот Комитет, повелете Огласи за кандидирање на Претседате...
11/02/2026

Почитувани членови на ВМРО-ДПМНЕ, согласното Одлуките на Извршниот Комитет, повелете Огласи за кандидирање на Претседатели на ОК, УЖ, УМС и УВ на ВМРО-ДПМНЕ.

Истите се објавени денеска и на нашата веб страница каде ќе ги најдете и потребните обрасци за апликација.
http://vmro-dpmne.org.mk/%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8

Со почит,
#ВМРОДПМНЕ

ОК ВМРО ДПМНЕ Струмица , ви го честита Божиќ , и ви посакуваме здравје, љубов , мир и успех во секое поле.Христос се род...
07/01/2026

ОК ВМРО ДПМНЕ Струмица , ви го честита Божиќ , и ви посакуваме здравје, љубов , мир и успех во секое поле.

Христос се роди!
Навистина се роди!

Почитувани граѓани,Во пресрет на Новата година, ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки до сите граѓани на Република Македон...
31/12/2025

Почитувани граѓани,

Во пресрет на Новата година, ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија, со порака на заедништво, стабилност и одговорност кон иднината на државата.

Новата година ја дочекуваме во време на сериозни општествени, економски и национални предизвици. Свесни сме дека секојдневието за многу семејства не е лесно и дека од политиката се очекува не збор, туку резултат. Токму затоа нашата заложба е јасна – работиме и ќе продолжиме да работиме за секој поединец, за секое семејство и за секој дел од Македонија. Нема да дозволиме разочарувања, ниту изневерување на довербата на граѓаните.

Ова за нас не е обична политичка борба. Ова е борба на принципите против непринципиелноста. Борба на градењето темели наспроти рушењето. Борба за заштита на националните интереси наспроти нивното разградување. Веруваме дека државата се гради со одговорност, со јасна визија и со почит кон сопствениот народ, а не со импровизации и краткорочни калкулации.

Заедништвото е нашата најголема сила. Само обединети, со заемна почит и солидарност, можеме да изградиме стабилна, сигурна и праведна држава – држава што ќе го вреднува трудот, ќе го почитува достоинството на човекот и ќе создава еднакви можности за сите. Македонија има потенцијал, има луѓе, има знаење и има сила да оди напред.

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на одговорно управување, на економски развој, на социјална сигурност и на создавање услови за подобар животен стандард. Нашата обврска е да градиме темели што ќе бидат цврсти и трајни, темели врз кои ќе се гради иднината на младите генерации.

Во Новата година влегуваме со вера во сопствените сили, со почит кон минатото и со јасна визија за иднината. Веруваме дека со чесна работа, со принципи и со заедништво, Македонија може и мора да биде подобро место за живеење.

Ви посакуваме Новата година да ви донесе здравје, мир, семејна топлина и повеќе сигурност во секој дом. Нека биде година на стабилност, сплотеност и напредок за нашата татковина.

Среќна Нова година!

Очигледно е дека ОО СДСМ продолжува со паушални обвинувања и селективни толкувања на поимите, наместо со аргументирана и...
23/12/2025

Очигледно е дека ОО СДСМ продолжува со паушални обвинувања и селективни толкувања на поимите, наместо со аргументирана и одговорна дебата. Тоа отсекогаш го отсликувало нивниот начин на функционирање. Политичка манипулација и дневнополитички конструкции е единствена преокупација.
Наместо да создаваат конфузија во јавноста, би било корисно ОО СДСМ да се фокусираат на реални политики, решенија и самокритичка анализа на сопственото минато.

Јавноста добро памети како изгледаа практиките на вработување и поставување кадри во претходниот период.
За разлика од порано сега сите ангажирања и именувања се реализираат согласно законските процедури и врз основа на стручни квалификации и професионални капацитети.
Обидите секоја роднинска или лична поврзаност, без никаква институционална или функционална зависност, да се прикаже како непотизам, покажуваат или незнаење или свесно извртување на фактите.
Без расчистување на основни поими и без сериозни внатрешни реформи нивното дејствување во политиката е осудено на пропаст.

Делегација на Општинскиот Комитет на ВМРО - ДПМНЕ Струмица денеска ги посети децата со попреченост во Центар за поддршка...
23/12/2025

Делегација на Општинскиот Комитет на ВМРО - ДПМНЕ Струмица денеска ги посети децата со попреченост во Центар за поддршка во инклузивното образование , при ООУ "Сандо Масев"-Струмица.
Во пресрет на новогодишните и Божиќни празници заедно со Дедо Мраз симболично си ги честитавме претстојните празници.
Во овие активности со многу љубов ја понесовме пораката дека грижата, хуманоста и солидарноста се нашите трајни вредности.

Голема чест е повторно да бидам избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ви благодарам за довербата и за огромната одговорно...
07/12/2025

Голема чест е повторно да бидам избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ви благодарам за довербата и за огромната одговорност што ми ја давате. Партијата денес донесе нова Стратегија и Доктрина, со која создаваме јасна и позитивна идејна основа за иднината.

ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и идеја што се пренесува со генерации. Оваа земја мора да научи да верува во себе, а не да биде зависна од тоа што некој однадвор ќе каже или ќе ни дозволи. Македонија може да успее само ако самата си постави цели, самата си верува и самата ја гради својата иднина.

По долги години предизвици и неправди, народот ни ја довери одговорноста да ја обновиме државата. Нашата обврска е да ја движиме Македонија напред, со енергија, чесност и визија, затоа што задачата пред нас не е партиска таа е државна и историска.

29/11/2025

Аман Филипче не се грижи! Заборавил ли Филипче дека беше дел од владата на СДСМ, која на пензионерите им даваше некоја ситна сума од околу стотина денари, а во одреде...

Address

Nikola Tesla
Strumica
2400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when OK ВМРО ДПМНЕ Струмица posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to OK ВМРО ДПМНЕ Струмица:

Share