18/09/2026
Општина Струмица ги информира граѓаните дека водата од чешмата на стадионот – бушен бунар во Струмица не е исправна за пиење.
По извршеното тестирање од страна на Центарот за јавно здравје – Струмица и врз основа на микробиолошкиот и физичко - хемиски лабораториски наод, а согласно Правилникот за безбедноста на водата, испитаниот примерок на вода не одговара поради зголемен вкупен број аеробни и мезофилни бактерии.
Водата не смее да се пие додека не се изврши асанација на објектот и околината, и дезинфекција на водата.