02/10/2023
Доколку си жена која веќе има свој сопствен бизнис или сакаш да започнеш свој бизнис ти нудиме поддршка, инспирација и практични ресурси за да го оствариш својот сон.
👉 Центар за истражување и анализи НОВУС во рамки на проектот EUConnect: Зајакнување на бизнисите за европски успех“, финансиски поддржан од Фондација Отворено Општество, го отвара повикот за учество на Академија за деловни компетенции за жени претприемачи, сопственици на бизниси и менаџери.
Што нудиме:
✅ Циклус на бесплатни предавања од експерт во областа.
✅ Развој на вештини и компетенции во областите на бизнис менаџмент, финансии, маркетинг и управување со човечки ресурси.
✅ Одлична можност за вмрежување со други жени претприемачи.
📅 План на обуката:
3 модули во рок од 2 месеци кои ќе се одвиваат во Струмица, Штип и Велес.
Работни дена: 3 x 2 дена обука.
📅 Дати за обуките:
👉28.10 и 29.10 Струмица
👉11.11 и 12.11 Штип
👉18.11 и 19.11 Велес
*сите трошоци за сместување, храна и превоз во тек на одржувањето на обуките се целосно покриени. Бројот на учеснички е ограничен.
🔗 Прочитај повеќе на следниот линк:
https://associationnovus.org/akademija-za-delovni.../