Форум на жени - СДСМ Струга

Форум на жени - СДСМ Струга Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Форум на жени - СДСМ Струга, Political Party, Улица Димче Ковачески Струга, Struga.

Вистината за Кочани: Зошто Мицкоски ја штити Кристина Јованова инспекторка за економски криминал?Зошто Христијан Мицкоск...
03/06/2025

Вистината за Кочани: Зошто Мицкоски ја штити Кристина Јованова инспекторка за економски криминал?

Зошто Христијан Мицкоски го плаши вистината за трагедијата во Кочани? Дали најголемиот страв на власта е дека ако се соочат со правдата виновниците и актуелните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, истрагата ќе стигне до највисоките струткури во власта на чело со премиерот?

Зошто после речиси три месеци нема ниту еден актуелен функционер обвинет за најголемата трагедија во независна Македонија во која 62 деца го загубија својот живот, а повеќе од 200 беа повредени?!

Дали Христијан Мицкоски ја штити главната инспекторка за економски криминал во ОВР Кочани - Кристина Јованова која морала да знае дека во дискотеката Пулс се случува економски криминал?

Дали се работи за уште еден партиски кадар кој носел и дома и во партија?

Како е можно двајца полицајци кои минатата година ја казниле дискотеката поради нарушување на јавен ред и мир пишувајќи казна на неактивната фирма ДПТУ Класик ДМ ДОО на газда Деко да бидат дел од истрагата за Кочани, а главната и одговорна која била должна да провери која фирма сега раководи со деловниот објект да биде поштедена?

Зошто Јованова не проверила дали фирмата која била казнета има никаква економска активност?

И ако проверила зошто тогаш соодветно не ја казнила компанијата „Мммм кафе дооел Кочани“ која стопанисувала со дискотеката Пулс кобната вечер?

Дали Јованова земала дел од колачот на газда Деко?

Како Јованова дозволила и натаму да работи „Мммм кафе дооел Кочани“ имајќи го во предвид фактот дека објектот само неколку месеци пред тоа бил казнет од страна на
УЈП за неиздавање на фискални сметки?

Како е можно Јованова и раководството на МВР да дозволат со дискотеката Пулс која имала илјадници посетители секоја недела да стопанисува фирма со блокирана сметка која не може да обавува никаква економска активност?

Ако фирмата има блокирана сметка тоа значи дека ги плаќала кон добавувачите, вработените и сите останати обврски нелегално со црни пари во кеш!

Кочани не е милионски град па Јованова или било кој во МВР да не може да открие дека единствената дискотека во градот работи на црно, пере пари и го оштетува буџетот на државата!

Доколку МВР и сите надлежни институции навреме го детектирале криминалот во дискотеката Пулс немаше да загубиме ниту еден млад живот!

Го повикуваме обвинителството да спроведе независна истрага и да се ослбоди од стегите од власта.

Доколку имаат притисоци, закани или уцени од премиерот, Христијан Мицкоски или било кој државен функционер нека излезат и јавно нека споделат со јавноста! Народот ќе биде на ваша страна и ќе ве заштити!

Се додека нема правда за жртвите на пожарот во Пулс, СДСМ нема да запре со „Вистината за Кочани“!

03/06/2025

Што направи Мицкоски за да се повлечат амандманите коишто се против македонскиот јазик и идентитет од расправата во ЕП?

03/06/2025

Вистината за Кочани: Зошто Мицкоски ја штити Кристина Јованова инспекторка за економски криминал?

02/06/2025

СДСМ: Дали фалат пари од Фондот затоа што две фирми добиваат огромни буџети?

Здравството се распаѓа пред очите на граѓните, а ВМРО-ДПМНЕ и Клековски зборуват за зголемување на придонеси.

Во само 11 месеци, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ го турнаа Фондот за здравство во бездна. Болниците не функционираат, фондот е празен, а системот е на колена.

Во Кочани – нема ниту завои, ниту инфузии, ниту лекови. Луѓе легнуваат по ходници, се чека со месеци за терапија, а владините партнеру уште не може да се договорат кој ќе биде министер откако диловите во здравството им пропаднаа.

Наместо да ги расчисти криминалните тендери, да обезбедат лекови во болниците, да обезбеди вработувања и услови – Владата најавува зголемување на придонесите!

Тоа значи: повеќе ќе ви земаат, а уште помалку ќе добиете.

Сашо Клековски, директорот на Фондот, отворено зборува дека тоа е следниот чекор.

Зголемување на давачките. Нов товар за секој работник, секое семејство, секој стопанственик.

Прашањето е: каде се парите од придонесите досега? Кој профитира додека пациенти страдаат?

Дали фалат пари само затоа што на две фирми им се даваа огромни буџети од Фондот?

Зголемување на здравственото осигурување не е реформа. Тоа е обид за покривање на неспособноста.

Кој профитира од страдањето на пациентите? Кој прави бизнис со здравјето на народот?

Граѓаните не смеат да ја платат цената за неспособноста на оваа власт.

Бараме оставка од Клековски.

Здравството мора да служи на граѓаните, а не на приватни интереси блиски до власта.

02/06/2025
ПОКАНАСо особена чест и задоволство,Форумот на жени на СДСМ Охрид, ве поканува да присуствувате на трибина на тема:„Улог...
31/05/2025

ПОКАНА

Со особена чест и задоволство,
Форумот на жени на СДСМ Охрид, ве поканува да присуствувате на трибина на тема:

„Улогата на жената во зачувувањето на културното наследство и развојот на туризмот“.

Настанот е дел од јунскиот КАРАВАН на Форумот на жени на СДСМ - "ЈАС СУМ ГЛАСОТ НА ПРОМЕНАТА" и има за цел да ја истакне значајната улога на жените како носителки на традицијата, културата и вредностите кои го обликуваат нашиот идентитет, како и нивниот придонес во градењето на одржлив и просперитетен туризам.

Трибината ќе се одржи во
📍 предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид
📅 1 јуни 2025 год. (недела)
🕔 17:00 часот

Вашето присуство ќе претставува дополнителна вредност за настанот и ќе ни биде голема чест да Ве поздравиме лично.

Ве очекуваме

СДСМ од денес ја објавува вистината за Кочани. Во серија на прес конфернеции ќе ги објавиме сите факти и докази за тоа к...
31/05/2025

СДСМ од денес ја објавува вистината за Кочани. Во серија на прес конфернеции ќе ги објавиме сите факти и докази за тоа како Обвинителството и власта ги заштитија актуелните функционери!

Јавноста ќе дознае кого кријат и сите детали со кои Владата и Коцевски ги заштитија блиските луѓе на Тошковски, Мицкоски и сите кои требаше директно да одговараат.

Селективната правда повторно ги убива жртвите и им става сол на раните на семејствата. Правда во овој случај нема.

Денешната прес конфернеција ќе се одржи во 13.00 часот, во седиштето на СДСМ на којашто ќе обрати потпретседателката на партијата, Каја Шукова.

31/05/2025

Урбаната мафија хара, каква корист има Мицкоски од 150 дивоградби во Чаир?

Урбаната мафија си најде нова закрила во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а кралевите на оваа мафија се дел од коалицијата на Мицкоски.

Кога се дивоградбите во прашање не постои закон, полиција, обвинител кој може да ги фати и да го санкционира за криминалот.

И по поднесена пријава за 150 дивоградби во општина Чаир ниту обвинителството ниту полицијата немаат намера да отворат било каква истрага.

До овој момент иако на очиглед на јавноста беа доставени сите докази за дивоградбите, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги сокрие и да ги амнестира од одговорност „подобните“ од ВЛЕН.

Прашуваме, зошто?

Каква корист има Мицкоски од ова? Затоа ли нема ни полиција, нема ништо? Затоа ли не се постапува?

Колку пари се поделени за овие дивоградби?

Замислете, во Чаир постои зграда која е упишана во Катастарот во 2024 година со елаборат дека наводно била направена во 2011 година. Катастарот истовремено има и снимка од терен од вршено мерење на парцела, каде се гледа дека на тоа место во 2013 година има барака.

Прашуваме, зема ли Мицкоски пари или други во врвот на власта за оваа дивоградба?
Колку рекетирани пари има земено Мицкоски за 150 вакви дивоградби кои немаат основни услови за нормален и безбеден живот?

Ако не одговори Мицкоски, одговорите ќе ги обелодениме ние.

780.000 евра за два тендери, перење пари за промоција на Мицкоски.Власта на ВМРО-ДПМНЕ буквално аздисува со парите на гр...
31/05/2025

780.000 евра за два тендери, перење пари за промоција на Мицкоски.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ буквално аздисува со парите на граѓаните. Летаат тендери, јавни набавки, власта на големо троши пари ама за лична промоција и политички маркетинг.

На ангро се перат пари.

Каде завршуваат народните пари? Во чии џебови?

Денеска ќе објавиме уште еден скандал.

Додека семејствата на загинатите во Кочани немаат никаква поддршка од владата, додека болниците немаат никакви услови, кочанската болница е во хаос, Владата предводена од Мицкоски троши милиони од државниот буџет за да си го „билда“рејтингот!

Владата склучила договор со бугарска фирма за фотографирање, снимање видеа и спроведување кампањи. Не за граѓаните, туку за промоција на Мицкоски и неговите „успеси“. И тоа – не било каде, туку преку бугарска компанија.

Додека во Македонија граѓаните едвај преживуваат, не можат да наполнат цела кошничка во маркет, Владата ќе фрла астрономски суми, 1.500 денари за една фотографија и над 15.000 денари за едно видео.

Вкупно 380 илјади евра!

Претходно Владата склучи договор вреден 400.000 евра за анкети за мерење на рејтигнот на Мицкоски. Анкети, спотови, слики – 780.000 евра народни пари за да се продава лажната слика.

Пари за реални проблеми нема. Пари за болници нема. Пари за семејства од Кочани – нема.

Но затоа има пари за „спотче“, сликичка и комуникациски кампањи за Мицкоски!

780 илјади евра за маркетинг на владата само со две јавни набавки!

Ова е класичен грабеж и перење на народни пари и ништо друго.

СДСМ бара итна истрага за начинот на кој се трошат државните пари. Ги повикуваме Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да отворат постапки за овој случај. Доста беше молк и амнестија!

Македонија не смее да стане заложник на тендерски шеми на Мицкоски. Граѓаните заслужуваат правда, поддршка и вистински проекти – не пропаганда!

Address

Улица Димче Ковачески Струга
Struga
6330

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Форум на жени - СДСМ Струга posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share