Општина Штип Македонија

Општина Штип Македонија Во средното сливно подрачје на р.Брегалница, во источн?

Лоциран меѓу височините на Исарот, Мерите и Кумлакот, по должината на двата брега на суводолицата Отиња се простира нашиот град што е источен македонски центар и еден од најстарите македонски градови. Лежи на надморска височина од 300 метри. Распослан е на површина од 893 км2 на која според последниот попис живеат 47.796 жители.

01/06/2026

Sovet na Opstina Stip

Почитувани граѓани,Завршено е асфалтирањето на улицата „Ленинова“ во близина на средното медицинско училиште „Јане Санда...
27/05/2026

Почитувани граѓани,

Завршено е асфалтирањето на улицата „Ленинова“ во близина на средното медицинско училиште „Јане Сандански“, со што овој дел од градот добива нов и современ изглед. Во рамки на проектот беа реализирани активности за уредување на тротоарските површини и асфалтирање на коловозните ленти, со цел подобрување на сообраќајната инфраструктура и условите за движење на граѓаните.

Увид во тековните активности изврши градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој најави дека паралелно со инфраструктурното уредување на улицата, во овој дел од градот се работи и на уредување на нов зелен парк, кој наскоро ќе биде ставен во функција на граѓаните.

Воедно, Општина Штип продолжува и со активности за пробивање и трасирање на нова улица, која ќе овозможи подобро сообраќајно поврзување на оваа населба со централното градско подрачје.

Со реализацијата на овие проекти, Општина Штип продолжува посветено да инвестира во модерна инфраструктура, уредени јавни површини и поквалитетни услови за живот за сите граѓани.

Општина Штип денес со особена почит се поклони пред ликот и делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и ...
24/05/2026

Општина Штип денес со особена почит се поклони пред ликот и делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост, духовност и култура.

Нивното дело претставува непроценливо историско и духовно наследство, втемелено во просветата, јазикот и културниот идентитет на словенските народи. Преку својата мисија, светите браќа Кирил и Методиј оставија траен белег во развојот на образованието и писменоста, вредности што и денес имаат огромно значење.

Во нивна чест, Општина Штип изразува искрена благодарност и длабока почит за нивниот немерлив придонес кон словенската цивилизација и култура, како и кон зачувувањето на духовните и образовните вредности за идните генерации.

Почитувани припадници на влашката заедница,По повод 23 Мај – Меѓународниот ден на Власите, Општина  Штип упатува искрени...
23/05/2026

Почитувани припадници на влашката заедница,

По повод 23 Мај – Меѓународниот ден на Власите, Општина Штип упатува искрени честитки до сите Власи, со желби за добро здравје, благосостојба и зачувување на богатото културно наследство што со векови го негува оваа заедница.

Овој значаен ден е потсетник на историската улога и непроценливиот придонес на Власите во општествениот, културниот и економскиот развој на нашата држава. Влашката традиција, јазик, обичаи и духовни вредности претставуваат важен и препознатлив дел од македонското мултикултурно богатство.

23 Мај не е само ден на честитки, туку и ден кога се потврдува значењето на зачувувањето на идентитетот, јазикот и колективната меморија на секоја заедница, како темел на едно современо и демократско општество.

Во духот на единството, толеранцијата и меѓусебната почит, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое различностите се наша сила, а довербата и разбирањето наши заеднички вредности.

Нека е честит 23 Мај – Меѓународниот ден на Власите!

Денес во Општина Штип се одржаа „Плазма спортските игри за млади“, кои претставуваат најголема аматерска спортска манифе...
22/05/2026

Денес во Општина Штип се одржаа „Плазма спортските игри за млади“, кои претставуваат најголема аматерска спортска манифестација за млади во Европа, а оваа година за првпат се организираат и во Македонија.

Настанот е дел од караванот „Денови на спортот“, кој се реализира во рамки на игрите за млади, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, со поддршка од Владата на Република Македонија и Министерството за спорт на Македонија.

Свеченото отворање на игрите го означи градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, кој истакна дека преку ваквите иницијативи на најдобар можен начин се вложува во младите. Тој нагласи дека спортот претставува значаен мост за зближување на учениците, кој придонесува за развивање на дисциплина и фер-плеј, како и за градење на здрави навики и позитивни вредности кај младите.

Во рамки на натпреварувачкиот дел, учениците од основните и средните училишта од Штип, во машка и женска конкуренција, ќе се натпреваруваат на зонското првенство во повеќе спортови, меѓу кои: мал фудбал, одбојка, ракомет, народна, баскет 3x3, тенис, пинг-понг, шах и атлетика.

Државните победници во сите спортови и категории ќе обезбедат учество на меѓународното финале кое ќе се одржи во Сплит, заедно со победниците од Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска.

Општина Штип останува цврст поддржувач на младите, спортот, масовната физичка активност и здравиот начин на живот, со цел создавање активна, инклузивна и мотивирачка средина за сите млади луѓе.

Почитувани,Општина Штип започна со градежни активности за уредување на крстосница со кружен тек на булевар „Партизанска“...
19/05/2026

Почитувани,

Општина Штип започна со градежни активности за уредување на крстосница со кружен тек на булевар „Партизанска“, кај дирекцијата на ЕВН, со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот и зголемување на функционалноста на сообраќајната инфраструктура.

Овој инфраструктурен зафат претставува дел од поширок план на Општина Штип за модернизација и унапредување на сообраќајните решенија на повеќе критични точки во градот.

Во наредниот период, предвидена е изградба на нови кружни текови и кај угостителскиот објект „Мал Одмор“, како и во населбата Сењак, со што ќе се овозможи побезбеден, поефикасен и поквалитетен сообраќаен режим за сите учесници во сообраќајот.

Општина Штип продолжува со реализација на капитални инфраструктурни проекти кои се во интерес на граѓаните и придонесуваат за создавање современ и функционален град.

Со почит,

Општина Штип

Почитувани граѓани,Денес, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, организираше прием на пингпонгарките од штипск...
18/05/2026

Почитувани граѓани,

Денес, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, организираше прием на пингпонгарките од штипскиот клуб „Шампиони ФА“, по повод освоената шампионска титула во екипна конкуренција во најсилната македонска женска лига за сезоната 2025/2026.

На приемот, градоначалникот упати честитки до членовите на клубот за остварениот успех, истакнувајќи дека ваквите резултати претставуваат значајна афирмација на спортот и достојна промоција на Општина Штип на национално ниво.

Во своето обраќање, градоначалникот Јорданов ја нагласи важноста од континуираната поддршка на спортските клубови кои со својата работа, посветеност и резултати придонесуваат за развојот на спортот и афирмацијата на градот.

Притоа беше истакнато дека Општина Штип и понатаму ќе продолжи да вложува во создавање подобри услови за работа и развој на спортот, со цел поттикнување на младите спортисти и остварување на нови успеси.

За потсетување, екипата на „Шампиони ФА“ шампионската титула ја обезбеди со победата над екипата на „Младост 96“ од Прилеп, а штипскиот состав беше предводен од Амелиа Николов, заедно со Сара Стојановска и Мила Штркова.

Општина Штип упатува искрени честитки до раководството, стручниот штаб и натпреварувачките на клубот, со желби за понатамошни успеси на домашната и меѓународната спортска сцена.

Почитувани граѓани,Општина Штип продолжува активно да работи на создавање инклузивна, достапна и отворена заедница за си...
14/05/2026

Почитувани граѓани,

Општина Штип продолжува активно да работи на создавање инклузивна, достапна и отворена заедница за сите граѓани. Со особена чест и гордост ве информираме дека Штип од денеска стана втората општина на Балканот која Статутот на Општината го приспособи на Брајово писмо за лицата со оштетен вид.

Денеска, приспособениот Статут беше презентиран пред претставници на Општина Штип, Здружението „Хендикеп плус“, како и пред здруженија на лица со попреченост и лица со оштетен вид.

На средбата беше истакнато дека само преку соработка, меѓусебна поддршка и заеднички активности можат да се реализираат суштински и системски промени, кои ќе овозможат достоинствено и рамноправно место на лицата со попреченост во општеството.

Оваа активност е дел од проектот „Пристапна и отворена општина“, чија цел е да обезбеди социјални промени иницирани од самите лица со попреченост, со цел унапредување на транспарентното, одговорно и инклузивно владеење на правото.

Воедно, сакаме да истакнеме дека Статутот на Брајово писмо е изработен од Здружението „Хендикеп плус“, во соработка со Општина Штип и со финансиска поддршка од Бугарската помош за развој.

Општина Штип останува посветена на креирање еднакви можности, подобра пристапност и унапредување на правата на сите граѓани.

Почитувани,Од 2025 година, Општина Штип е дел од Програмата на Европска Унија УРБАКТ Акцелератор на пионери. Во текот на...
14/05/2026

Почитувани,

Од 2025 година, Општина Штип е дел од Програмата на Европска Унија УРБАКТ Акцелератор на пионери.

Во текот на оваа недела Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова Ангелова и Советникот во Одделение за локален економски развој, Никола Илиев, присуствуваа на работилница во Париз, Франција на тема: “Од дизајн до имплементација - промена преку развој на прототип”, заедно со учесници од 27 градови од Западен Балкан.

Општина Штип се подготвува за развивање на нови политики во областа на урбаното живеење.

Address

Васил Главинов
Stip
2000

Opening Hours

Monday 07:30 - 18:30
Tuesday 07:30 - 18:30
Wednesday 07:30 - 18:30
Thursday 07:30 - 18:30
Friday 07:30 - 18:30

Telephone

+38932226600

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Штип Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Штип Македонија:

Share