Левица - Штип

Левица - Штип Официјална ФБ страна на Локален Огранок Левица - Штип

31/05/2026

👎 НЕ ПОМИНА ПРЕДЛОГОТ НА ЛЕВИЦА - ВО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР ДА УЧЕСТВУВААТ И МЛАДИТЕ СОВЕТНИЦИ ОД СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ШТИП

📌На последната седница на советот на , советникот од Левица Nikola Hristovski, предложи да се формира тело во рамките на Младинскиот центар, во кое ќе учествуваат сите млади советници.

Ова тело би било од консултативен карактер и само би ја надополнувало работата на овој .

⚠️Иако овој предлог не го поддржаа мнозинството советници, #Левица активно ќе ја следи работата на овој Младински центар, со цел поголем придонес во креирањето на младинските политики во Штип.

#ЛевицаЗаМладите
#ЛевицаШтип

30/05/2026

⚠️ПО КОИ СТАНДАРДИ ГРАДИ ОПШТИНА ШТИП ⁉️

🗣 Во тек е изградбата на тротоарот долж патот од населба #Баби до , но условите за одвивање на сообраќајот по овој регионален пат се сведени на импровизација.

Советникот од Левица Ангеле Михајловски постави прашање во кое бараше да се каже името и презимето на инженерот кој дал дозвола на ваков небезбеден начин да се гради!

Во време кога секојдневно сведочиме за несреќи кои се случуваат поради непрописно и незаконско градење, почитувањето на стандардите при изведбата на градежни активности треба да се приоритет!

#ЛевицаШтип

28/05/2026
ЛЕВИЦА ШТИП ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ: ОДБРАНАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ОДБРАНА НА ИСТОРИСКАТА ВИСТИНАДелегаци...
24/05/2026

ЛЕВИЦА ШТИП ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ: ОДБРАНАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ОДБРАНА НА ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА

Делегација на локалниот огранок на Левица Штип положи свежо цвеќе во чест на Светите Кирил и Методиј. Тие не биле само верски просветители, туку и симбол на борба за културна еднаквост.

Во време кога знаењето било затворено во јазиците на елитите, тие го донеле писмото и образованието до обичниот народ на словенски јазик.

Нивната работа била отпор против духовната и политичката доминација, отворајќи простор народите сами да читаат, мислат и создаваат.

Делото на Кирил и Методиј претставува рана идеја за културна еманципација и право на народите на сопствен глас.

#ЛевицаШтип

КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК СО ПРАТЕНИКОТ КРМОВ - СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ СЕ КЛУЧНИ ЗА ЛЕВИЦАВо канцеларијата на Левица - Штип се одр...
23/05/2026

КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК СО ПРАТЕНИКОТ КРМОВ - СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ СЕ КЛУЧНИ ЗА ЛЕВИЦА

Во канцеларијата на Левица - Штип се одржа координативен состанок на кој присуствуваше пратеникот од ИЕ3 Борислав Крмов / Borislav Krmov заедно со Aleksandar Simonov, член на Президиумот на Левица.

📌На состанокот беа презентирани досегашните активности, но и идеите на членовите на ЛО Левица - Штип кои треба да се спроведуваат во претстојниот период.

Парламентарните избори се пред нас и треба да се насочиме кон ширење на идејата за Левица како ЕДИНСТВЕНА опција за излез од тридецениското погубно владеење на #сдс и #дпмне.

#ЛевицаШтип
#НаКрајотЌеПобедиме

23/05/2026

ВЛАДАТА НА МИЦКОСКИ ГИ ШТИТИ КОЦКАРСКИТЕ БИЗНИСИ ПОВРЗАНИ СО КОРУПЦИЈА И ПОТКУП ВО АВСТРИЈА

⚠️ #Левица алармира дека македонската коцкарска индустрија е длабоко поврзана со меѓународни компании чии сопственици се гонат за корупција и ПОТКУП на политичари. Односно, најголем удел во македонскиот бизнис со коцкање има австриската компанија ,,NOVOMATIC AG", која преку низа фирми контролира значителен дел од автомат клубовите во државата.

❗️Додека граѓаните тонат во сиромаштија, фирмите поврзани со австриската ,,Novomatic" извлекуваат милионски профити од зависноста и социјалната беда. Само една од нивните компании во Македонија – ,,ХТЛ Мацедониа" – во 2025 година остварила чист ПРОФИТ од над 955.000 евра! Особено скандалозно е што токму кога австриското обвинителство официјално подигна ОБВИНЕНИЕ против сопственикот на австриската ,,Novomatic" за поткуп и корупција поврзани со коцкарски лиценци во Австрија, владата на Мицкоски предлага закон со кој коцкарските компании ќе продолжат да плаќаат симболични давачки.

🚨Според предлог-законот на Владата, лиценцата за автомат клуб изнесува само 100.000 евра за период од шест години. Тоа значи дека само една фирма поврзана со ,,Novomatic" - за само една година заработува ДЕВЕТ ПАТИ ПОВЕЌЕ од износот што го плаќа за лиценца за период од шест години. Ова е јасен доказ дека законите не се пишуваат во интерес на граѓаните, туку во интерес на коцкарските лобија.

⁉️Се поставува логичното прашање: како е можно власта на ВМРО-ДПМНЕ да предлага толку НИСКИ ДАВАЧКИ за индустрија која врти милиони, ако зад тоа не стојат политички договори, клиентелизам и коруптивни релации. Јасно е дека власта на ВМРО-ДПМНЕ е под директно влијание на коцкарското лоби, кое со години ја поткопува државата преку политички врски, мито и привилегирани лиценци. Наместо заштита на јавниот интерес, Владата се претвора во сервис на странски коцкарски корпорации со сомнително корупциско минато.

Додека во европските држави се отвораат истраги за поткуп и влијание врз политичари, во #Македонија истите тие компании добиваат повластен третман, ниски давачки и законски решенија скроени по НИВНА МЕРКА. Тоа е уште еден доказ дека власта на Мицкоски не води борба против криминалот и корупцијата, туку ја институционализира.

ЧЕСТИТ 23 МАЈ, НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ВЛАШКАТА ЗАЕДНИЦАЛокалниот огранок на Левица - Штип го честита 2️⃣3️⃣...
23/05/2026

ЧЕСТИТ 23 МАЈ, НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ВЛАШКАТА ЗАЕДНИЦА

Локалниот огранок на Левица - Штип го честита 2️⃣3️⃣ Мај, Националниот ден на Власите, кој претставува симбол на историската борба за културни, јазични и национални права на влашкиот народ.

📌 На овој ден во 1905 година, со Ираде на султанот Абдул Хамид II, Власите биле признати како посебен народ, со право на образование и богослужба на мајчин јазик, како и право на сопствено организирање во рамките на тогашниот општествен поредок.

Денес, припадниците на Влашката заедница се нераскинлив дел од македонското општество и активно придонесуваат во сите сфери на општествениот живот.

🚩 Левица останува доследна во борбата за општество засновано на еднаквост, солидарност и социјална правда - држава во која секој човек, независно од етничката, верската или јазичната припадност, ќе живее достоинствено од својот труд.

✊️ Само преку заедничка борба против сиромаштијата, неправдата и корумпираните елити можеме да изградиме подобра иднина за сите народи во Македонија.


#ЛевицаШтип
#23Мај

21/05/2026

ЗОШТО ДРЖАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НЕ ГИ КОРИСТИ СВОИТЕ ОВЛАСТУВАЊА ЗА СЛУЧАЈОТ "МАЗУТ"?!

🚨Додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител да постапи по скандалозното затворање на случајот „Мазут”, иако претходно Мицкоски од говорница повикуваше по кои предмети да постапи новиот државен јавен обвинител - за овој случај Савески одбира да МОЛЧИ.

🔸️Иако ОЈО ГОКК ја запре истрагата, Законот за Јавното обвинителство јасно му дава механизми на државниот јавен обвинител да постапи во оваа фаза од предметот, односно Савески може да побара УВИД во предметот со цел утврдување на законитоста на истрагата, како и да наложи нови вештачења или прибирање докази. Сепак, и покрај јасните законски алатки, државниот јавен обвинител воопшто не покажува волја да побара увид во скандалозното запирање на истрагата во предметот „Мазут“, ниту да отвори институционална ПРОВЕРКА за начинот на кој е запрена истрагата.

⚠️️Особено загрижува фактот што по именувањето на новиот државен јавен обвинител беа забележани експедитивни кадровски и процесни потези кои одат во прилог на политичките интереси на ВМРО-ДПМНЕ, како што беше случајот со предметот „ТАЛИР”. И покрај тоа што има законска обврска и овластувања да побара увид, да наложи дополнителни дејствија и да утврди дали постапката била водена законито, Савески останува ПАСИВЕН и одбира да глуми ненадлежен.

⁉️Дали пасивноста на Савески доаѓа после телефонскиот разговор со Мицкоски, каде добил такви НАСОКИ?! Ако новиот државен јавен обвинител навистина не постапува по политички и партиски директиви, тогаш Савески треба да ги искористи законските механизми кои му стојат на располагање и да утврди како е затворена истрага за случај во кој државата била оштетена за 169 милиони евра.

14/05/2026

ГРАЃАНИТЕ НА ШТИП ЗАСЛУЖУВААТ ПРИСТАП ДО ВОДА ВО ЛЕТНИТЕ ГОРЕШТИНИ КОИ НИ ПРЕТСТОЈАТ

📌На последната седница на советот на О. #Штип, советникот од Левица Nikola Hristovski постави прашање до Градоначалникот #Јорданов во врска со недостигот на јавни чешми за вода низ градот.

❗️Во град со илјадници граѓани, ученици, спортисти и пензионери, моментално функционира само една јавна чешма кај гимназијата. Останатите се запуштени, нефункционални или целосно отстранети.

✔️Очекуваме институциите да преземат конкретни мерки за поставување и обновување на јавните чешми, со цел секој жител да има пристап до бесплатна и чиста вода!

#ЛевицаЗаШтип
#ЛевицаОдСоветите

Address

Улица Ванчо Прќе бр. 5
Stip
2000

Opening Hours

18:00 - 19:00

Telephone

+38978476720

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Левица - Штип posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Левица - Штип:

Share