На 11 јули 1956 година со Решение на Народниот одбор на Штипска околија е основан ДРЖАВЕН АРХИВ ЗА ШТИПСКА ОКОЛИЈА со седиште во Штип. Со овој назив Архивот работи до 24 август 1963 година, кога со Решение на основачот извршено е преименување во ИСТОРИСКИ АРХИВ - ШТИП.
Со Законот за архивска граѓа („Сл.весник на СРМ“ бр.36/90) Историски архив за општините Берово, Виница, Делчево, Кочани, Пробиштип
, Радовиш, Свети Николе и Штип се трансформира во Подрачно одделение, како организациона единица на единствената управна организација АРХИВ НА МАКЕДОНИЈА без промени во територијалната надлежност, а од 2001 година како Одделение на Државниот архив на Република Македонија.
Денес,општините Штип,Виница,Делчево,Кочани,Пробиштип,Радовиш,Свети Николе,Македонска Каменица,Карбинци,Зрновци,Чешиново-Облешево,Лозово и Конче.
Одделението Штип располага со вкупно 647 архивски фондови и 25 збирки од областа на јавната управа од предвоениот период, на јавната управа од времето на НОВ и повоениот период, општествено-политички организации од повоениот период, стопански организации од повоениот период, управи, здруженија, установи, сојузи и организации, школски фондови од предвоениот и повоениот период, фондови на сталешки и друштвени организации, црковни фондови, муслимански црковни фондови, верски муслимански судови, управи, спортски друштва и организации од повоениот период, материјали од НОВ, материјали за првоборци, семејни и лични фондови на трговци и збирки.
Најстарите документи што се среќаваат во фондовите и збирките во ова подрачно одделение потекнуваат од 1895 година, потоа архивски материјал од почетокот на 20 век, но најглавен дел е архивски материјал што е создаден по 1944 година.
Позначајни фондови со кои располага Одделението Штип се:
- фондовите за народноослободителните одбори - областен, околиски, градски, општински и месни (1944-1960)
- судските фондови (1920-1990)
- „Народен театар Штип“ (1923-1973) и
- фондовите за политичките организации, здруженија и друштва (1944-1990)
Најзначајните просветни фондови се: фондот „Реална гимназија - Штип“ (1923-1940) и фондовите за средните и основните училишта.
Верските фондови се од Православната црква (1918-1948) - архиерејски намесништва, парохии, цркви и манастири и од Исламската верска заедница (1921-1946) - муфтиствата од Штип, Кочани и Радовиш.
Позначајни семејни фондови се: „Балванлиеви“(1894-1957), „Караѓозови“ (1918-1924) и „Хаџи-Кимови“ (1900-1940).
Збирките се составени од биографии и мемоари на учесниците во НОВ од Штип (1939-1945), поткрепени со фотографии.
Најстарите документи што се среќаваат во фондовите и збирките во ова подрачно одделение потекнуваат од 1890 година, потоа архивски материјал од почетокот на 20 век, но најглавен дел е архивски материјал што е создаден по 1944 година.