Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ Штип

  • Home
  • Macedonia
  • Stip
  • Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ Штип

Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ  Штип Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Штип

Партијата ВМРО-ДПМНЕ е оформена на 17 јуни 1990 година. Позционирана е десно од центарот. ВМРО-ДПМНЕ е полноправна членка на Европската Народна Партија (ЕПП).

По својата идеологија, тесно е врзана со легендарната организација ВМРО, оформена во Солун, далечната 1893 година. ВМРО-ДПМНЕ оттука и го влече својот континуитет. Во разни историски периоди ВМРО се цврсто залагала за македонските интереси

водејќи бескомпромисно борби со сите сили кои се испречувале пред реализацијата на македонските интереси, не штедејќи жртви за каузата.

12/06/2026
04/06/2026

За првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН). Огромен успех за државата и македонската дипломатија. Избрани сме со 174 гласа.

Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН - ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година.

Овој избор е потврда дека државата може да постигнува резултати кога работи плански, сериозно и со јасна дипломатска цел. Тоа е признание за трудот на нашата активната дипломатија и за довербата што ја градиме со нашите партнери.

Во изминатиот период Македонија стана членка на Советот за човекови права на Обединетите нации, како и на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје. Денешниот избор во ЕКОСОК е продолжение на тој позитивен тренд и доказ дека нашето присуство во меѓународните организации станува посилно и повидливо.

Нашата цел е Македонија да биде држава која не стои на маргините, туку активно учествува, гради партнерства и придонесува во решавањето на прашањата што се важни за граѓаните и за меѓународната заедница.

Овој успех е резултат на работа, доверба и одговорен пристап.

Продолжуваме да ја зајакнуваме позицијата на Македонија, да создаваме нови можности и да покажеме дека со сериозна работа нашата држава може да биде почитуван и активен дел од глобалните процеси.

19/05/2026

Конески: Бројот на стипендии не се намалува, ниту партиципацијата во студентските домови се зголемува, напротив студентите ќе добијат реновирани домови и мотивирачки стипендии

18/05/2026

⚫🔴 Благодарност до претседателот Hristijan Mickoski, извршниот комитет и членовите на ВМРО-ДПМНЕ за дадената доверба со втор мандат да ја координирам работата на ВМРО ДПМНЕ ОК Штип.
Чест и голема обврска да продолжиме сите заедно уште поодговорно, посветено и чесно, со јасна цел и силно сплотени кон нови успеси и уште поголеми победи!
Нека ни е вечна Македонија, нашиот Штип и верниот исток!

12/05/2026

Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме “северномакедонци”

Со овој однос на Филипче и СДС, јасно станува дека тие немаат проблем Гоце Делчев да е Бугарин, Илинденското востание да е бугарско, Крсте Петков Мисирков да е Бугарин, и секако немаат проблем Македонија да стане Бугарска провинција.

29/04/2026
28/03/2026
19/02/2026

Address

Stip
2000

Telephone

+38978269894

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ Штип posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share