Државен инспекторат за земјоделство / Inspektorati shtetëror për bujqësi

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Државен инспекторат за земјоделство / Inspektorati shtetëror për bujqësi

Државен инспекторат за земјоделство / Inspektorati shtetëror për bujqësi Добредојдовте на Официјалната страна на Државниот инспекторат за земјоделство.

Денес, во интервју за "Тема на денот" за МРТ 1, в.д. директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловс...
29/04/2026

Денес, во интервју за "Тема на денот" за МРТ 1, в.д. директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, говореше за влијанието на нафтената криза врз прехранбениот сектор и состојбите во домашното земјоделско производство.

Директорот Ангеловски се осврна на можните поскапувања на земјоделските производи, владините мерки за продажба на ѓубривата, трговската размена, како и состојбата со увоз и извозот на земјоделски производи.

Дел од разговорот беше посветен и на безбедноста на храната на домашниот пазар, како и значењето на ИПАРД програмите за земјоделскиот сектор.

Денес, в.д. директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Ивица Ангеловски, оствари работна посета на два откупни ...
06/04/2026

Денес, в.д. директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Ивица Ангеловски, оствари работна посета на два откупни пунктови во селата Куклиш и Банско (Струмичко), каде се одвива откупот на пролетната зелка.

Присутните откупувачи го информираа директорот Ангеловски дека засега откупот се одвива непречено, согласно договорената откупна цена од 35 ден/кг, а најголем дел од количините се извезуваат во Хрватска, Бугарија, Србија и Украина.

Државниот инспекторат за земјоделство внимателно ќе ја следи состојбата со откупот и во наредниов период и доколку бидат утврдени одредени неправилности ќе бидат изречени соодветни прекршоци, согласно законските надлежности по кои постапува.

Во изјава за МРТ 1, в.д. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Ивица Ангеловски го сподели своето видување...
03/04/2026

Во изјава за МРТ 1, в.д. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Ивица Ангеловски го сподели своето видување за моменталната состојба со појавата на рани пролетни мразеви и ризикот од измрзнување на овошните насади.

Оваа пролет се одликува со изразени температурни осцилации - просечни дневни температури и студени ноќи, што создава услови за појава на слаби, но опасни мразеви. Иако нема најави за екстремни и долготрајни студени бранови, сепак краткотрајните ноќни заладувања се доволни за да предизвикаат проблеми на одредени локалитети во државата.
Според Ангеловски, ризикот е особено изразен кај раноцветните овошни видови како кајсијата, праската и бадемот, кои во моментов се наоѓаат во најчувствителната фаза цветање.

Како навремена превенција од мразеви се препорачува задолжителна примена на агротехнички мерки во насадите, вклучувајќи наводнување, избор на отпорни сорти за одгледување и користење на биостимулатори за одложување на вегетацискиот циклус.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, м-р Васе Анакиев, денеска присуствуваше на традиционалното закројув...
14/02/2026

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, м-р Васе Анакиев, денеска присуствуваше на традиционалното закројување на лозјата по повод празникот Св. Трифун, кое се одржа во Демир Капија.

На настанот присуствуваше и Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николовски, како и други претставници на институции и локалната заедница.

Со овој настан се одбележа празникот на лозарите и винарите, симбол на почетокот на новата лозарска година, при што беше истакнато значењето на традицијата, земјоделството и поддршката на лозаро-винарскиот сектор како важен сегмент од националната економија.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, г-дин Васе Анакиев, денес заедно со државните инспектори спроведе в...
22/12/2025

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, г-дин Васе Анакиев, денес заедно со државните инспектори спроведе вонредни инспекциски надзори во поглед на откупот на суров тутун во лист.

Контролите беа извршени кај повеќе откупувачи и откупни пунктови на територијата на Прилепскиот регион, со цел проверка на законитоста и регуларноста на процесот на откуп на суров тутун. Инспекциските надзори се спроведоа согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи.

Во спроведените контроли беа утврдени повеќе неправилности кои се спротивни на законските одредби, за што ќе бидат преземени соодветни мерки и процедури предвидени со важечката законска регулатива.

Државниот инспекторат за земјоделство продолжува активно и посветено да работи во насока на зголемување на транспарентноста, правичноста и заштитата на интересите на земјоделските производители, како и обезбедување фер и законски утврден процес на откуп на земјоделските производи.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, г-дин Васе Анакиев, присуствуваше на активност за порибување на рек...
19/12/2025

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, г-дин Васе Анакиев, присуствуваше на активност за порибување на рекреативна зона Охридско Езеро (притоките на Охридското Езеро).

Во рамки на оваа активност, Рекреативната зона на Охридско Езеро беше порибена со подмладок од автохтоната охридска пастрмка, со просечна тежина од 7 грама. Порибувањето беше извршено на повеќе локации, и тоа: река Сатеска, Песочанска река и Коселска река.

Оваа активност е реализирана од страна на корисникот на рибниот фонд за организирање рекреативен риболов „Питон Фишинг“, во согласност со риболовната основа за Охридско Езеро и со важечките законски прописи.

Целта на порибувањето е унапредување и заштита на рибниот фонд, зачувување на автохтоните рибни видови и поддршка на одржливиот развој на езерскиот екосистем.

Државниот инспекторат за земјоделство ќе продолжи активно да го следи спроведувањето на вакви активности и да поддржува мерки што придонесуваат за заштита и развој на природните ресурси во државата.

Државниот инспекторат за земјоделство, во соработка со ПС за граничен надзор „Охридско Езеро“ (Езерска полиција), спрове...
10/12/2025

Државниот инспекторат за земјоделство, во соработка со ПС за граничен надзор „Охридско Езеро“ (Езерска полиција), спроведе засилен заеднички надзор со цел заштита на рибниот фонд за време на периодот на природен мрест.

Во текот на контролите на потегот од поранешната Детска болница до хотел „Метропол“, инспекциските служби открија и одзедоа вкупно девет (9) нелегално поставени рибарски мрежи. Од нив беа извадени 343 единки охридска белвица и 36 единки клен, со вкупна тежина од 46.6 килограми.

Одземените мрежи и рибниот улов, согласно законските процедури, ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

Потсетуваме дека периодот на забрана за лов на охридска белвица и охридска пастрмка трае од 1 декември до 28 февруари, поради што контролите ќе продолжат со несмален интензитет. Институциите и понатаму ќе преземаат координирани мерки за заштита и обновување на автохтониот рибен фонд во Охридското Езеро.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство г-дин. Васе Анакиев присуствуваше на престижниот меѓународен саем “W...
23/11/2025

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство г-дин. Васе Анакиев присуствуваше на престижниот меѓународен саем “Wine Vision by Open Balkan” во Белград – настан кој прерасна во една од клучните регионални платформи за промоција на виното, храната и гастрономската култура на земјите од Западен Балкан. Овој саем годинава собра голем број учесници и посетители, а особено впечатлива беше силната македонска претставеност со повеќе од 100 домашни изложувачи – винарии, производители на храна, мали семејни бизниси и реномирани компании од агро-прехранбениот сектор.

Како дел од официјалната делегација, Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, заедно со Министерот за земјоделство г-дин. Цветан Трипуновски ги посетија македонските штандови, при што остварија непосредни средби со производителите, дискутираа за нивните искуства, предизвици и можности за проширување на извозот. Посетата беше силен показател за поддршката што институциите ја даваат на домашниот аграрно-прехранбен сектор, особено во делот на унапредување на квалитетот, безбедноста на храната и зголемувањето на конкурентноста на меѓународниот пазар.

На саемот, македонските излагачи повторно го потврдија високиот квалитет на нашите вина, кои се препознаени по уникатниот тероар, традицијата, автохтоните сорти како Кратошија и Станушина, како и современите производствени процеси што ги следат највисоките европски стандарди. Покрај виното, голем интерес предизвикаа и традиционалните македонски прехранбени производи, органски производи и специфични гастрономски специјалитети кои ја претставија богатата македонска кујна.

Саемот претставуваше можност за интензивирање на регионалната економска соработка преку иницијативата Open Balkan, важна платформа која овозможува полесен проток на стоки, услуги и идеи меѓу земјите од регионот. Во тој контекст, присуството на Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство беше особено значајно, бидејќи инспекторатот игра клучна улога во осигурувањето на квалитетот и безбедноста на сите земјоделски и прехранбени производи кои се пласираат на домашниот и меѓународниот пазар.

Директорот на Државниот инспекторат, г-дин Васе Анакиев, оствари работна посета на Преспанскиот регион со цел да ја согл...
20/09/2025

Директорот на Државниот инспекторат, г-дин Васе Анакиев, оствари работна посета на Преспанскиот регион со цел да ја согледа состојбата на терен и да се запознае со тековниот процес на откуп на јаболкото. Во рамки на посетата беа формирани неколку тимови на инспектори кои извршија детални контроли кај откупувачите и преработувачите на јаболко.

Инспекциските служби направија целосен увид во работењето, при што беше констатирано дека се исполнети сите неопходни услови за започнување на откуп на конзумното јаболко и јаболкото наменето за индустриска преработка.

Дополнително, инспекциските тимови извршија контрола на документацијата и техничката подготвеност на откупните пунктови и преработувачките капацитети. При контролата беше нагласено значењето на почитување на законските прописи и правилници кои се однесуваат на точноста на вагите и транспарентноста при формирање на откупните цени.

Г-дин Анакиев изјави дека целта на ваквите посети е да се овозможи навремен и организиран почеток на сезоната на откуп, со што се обезбедува фер однос кон производителите и сигурност во пласманот на нивниот род. Тој додаде дека Државниот инспекторат ќе продолжи со присуство на терен, следејќи го текот на откупот, за да се гарантира дека сите откупувачи ќе ги почитуваат законските обврски и договорените стандарди.

Во наредните денови се очекува подобрување на динамиката на откупот, особено со зголемувањето на количините конзумно и индустриско јаболко кое ќе се пласира и на домашниот и на странскиот пазар. Производителите се охрабруваат да го следат темпото на берба и да ги прилагодат количините во согласност со барањата на откупувачите, со цел да се избегнат загуби и да се обезбеди максимално искористување на родот.

Со цел поголема транспарентност и сигурност во распределбата на финансиската поддршка за земјоделците, Државниот инспект...
03/09/2025

Со цел поголема транспарентност и сигурност во распределбата на финансиската поддршка за земјоделците, Државниот инспекторат за земјоделство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес потпишаа Договор за вршење на работи.

Договорот го потпишаа Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство г-дин. Васе Анакиев , и Директорот на АФПЗРР г-дин. Илија Стоилев , во просториите на Агенцијата. Со ова, двете институции ја продлабочуваат соработката во делот на теренските контроли, со што ќе се зголеми бројот и опфатот на проверките кај апликантите за финансиска поддршка.

„Со заедничко делување ќе обезбедиме поголема ефикасност и доверба во процесот на распределба на средствата и ваквата соработка е значаен чекор кон подигнување на стандардите во контролата и кон заштита на јавните средства.” истакна Директорот Анакиев.

Очекувањата се дека со засилените теренски контроли ќе се обезбеди фер третман за сите земјоделци и ќе се намали можноста за злоупотреби.

Address

Goce Delcev Br. 18
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 16:30
Wednesday 07:30 - 16:30
Friday 07:30 - 16:30

Telephone

+38923121462

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Државен инспекторат за земјоделство / Inspektorati shtetëror për bujqësi posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Државен инспекторат за земјоделство / Inspektorati shtetëror për bujqësi:

Share