19/05/2026
ДЗС: од АУЕ-ФОН, покажаа големо внимание при обуката за заштита и спасување со можност за соработка во таа насока
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера, реализираше Основна обука за заштита и спасување, преку Одделението за обука што е во рамките на Секторот за превенција, планирање и развој за вработените на АУЕ ФОН - Универзитет во Скопје,
Обуката се состоеше од наставна програма во дела (теоретски и практичен дел), што ја реализираа предавачите Рамадан Асани и Жаклина Ангеловска од ДЗС. Во теоретскиот дел беа опфатени теми од функционална поставеност на Системот за заштита и спасување, пребарување на затрупани лица под плитки урнатини, евакуација и гаснење почетен пожар. Во практичниот дел сите учесници во обуката вежбаа гаснење пожар со противпожарен (ПП) апарат од специјализирани типови за такви дејства, при што обуката беше целосно реализирана според стандардни оперативните процедури (СОП) на ДЗС.
Инаку, вработените од АУЕ-ФОН, покажаа големо внимание при обуката, а потоа со особено респект кон обучувачите и ДЗС и меѓу другото, изјавија, а потоа и објавија на нивната медиумска „веб“ дигитална платформа за комуникација со јавноста, дека: „Вложувањето во едукација и подготвеност претставува клучен чекор кон создавање посигурна, поодговорна и побезбедна заедница. Заедно градиме култура на безбедност и грижа!“
Истовремено, од АУЕ-ФОН, навестија можност за идна соработка со ДЗС за создавањето креативни мултимедијални дигитални содржини коишто за збогатување на обуката и нејзино доближување до граѓаните согласно нивната возраст, со акцент на обука и на ученици во основните и средните училишта, студентска младина, вработени во разни специфични професионални области и секако за пошироката популација во нашата држава.