Родина Македонија

Родина Македонија Организација на народот

До братскиот руски народ,По повод националниот празник 12 јуни, Денот на Русија, Родина Македонија Ви упатува најсрдечни...
12/06/2026

До братскиот руски народ,

По повод националниот празник 12 јуни, Денот на Русија, Родина Македонија Ви упатува најсрдечните честитки и братски поздрави!

Русија не е само голема земја, таа е столб на словенското и православното духовно единство, чувар на вистинските вредности и културно богатство што низ вековите ги поврзува рускиот и македонскиот народ.

Нашето заедничко духовно и културно-историско наследство е длабоко и неизбришливо. Македонија и Русија се поврзани со крвни врски на братство, со заедничка историја, антифашистичка борба и со иднина што треба да ја градиме заедно, во мир, почит и взаемно разбирање.

Посебно сакаме да ја изразиме нашата благодарност и почит кон персоналот на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија. Вашата посветеност, професионалност и отвореност кон македонскиот народ се пример за вистинска дипломатија на пријателство. Ви благодариме за секојдневната работа со која го јакнете мостот меѓу нашите два братски народи.

Посольство России в Северной Македонии/Амбасада на Русија во Сев.Македонија

РЕАКЦИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈАЗА НАЈАВИТЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА АИ И ДАТА ЦЕНТРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАРодина Македонија изразу...
09/06/2026

РЕАКЦИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

ЗА НАЈАВИТЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА АИ И ДАТА ЦЕНТРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Родина Македонија изразува силна загриженост и остро се спротивставува на намерата на Владата да ги менува законите за да се отвори патот за градење на дата и АИ центри на наша територија.

Досегашните искуства од вакви центри низ светот се јасно предупредување:
- Нискофреквентен шум и вибрации (инфразвук) од ладилни системи, вентилатори и генератори работат 24/7, се пренесуваат на километри и не можат ефикасно да се спречат.
- Здравствени последици: нарушување на сонот, хронични главоболки, стрес, анксиозност, замор, проблеми со концентрација и покачен крвен притисок – сето ова е документирано во повеќе студии и пријави од жители.
- Примери: Loudoun County (Вирџинија) – „Data Center Alley“, Granbury (Тексас), Ирска и Велика Британија – сите покажуваат иста слика на нарушено здравје и квалитет на живот.

Еден поголем АИ центар троши електрична енергија колку 50.000 до 100.000 домаќинства, а вода со стотици илјади литри дневно. Во услови на енергетска зависност и недостиг на вода, ова е неодговорно и опасно.

Родина Македонија бара:
- Да се стопира секакво менување на законите додека не се направат строги, независни анализи.
- Човекот и природата да бидат на прво место, а не профитот на странски компании.
- Да се земат предвид сите негативни искуства од постоечките центри и да не се повторуваат истите грешки на туѓа сметка.

Македонија не смее да стане евтина жртва за енергетски и еколошки проблематични проекти. Доволно сме жртвувани.

Родина Македонија – за народот, а не за корпорациите.

РЕАКЦИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈАЦЕЛОСНО ПОГРЕШНАТА МАКЕДОНСКА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА НА СДСМ И ДПМНЕ — ДОДЕКА СВЕТОТ СЕ МЕНУВА, С...
04/06/2026

РЕАКЦИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

ЦЕЛОСНО ПОГРЕШНАТА МАКЕДОНСКА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА НА СДСМ И ДПМНЕ — ДОДЕКА СВЕТОТ СЕ МЕНУВА, СКОПЈЕ СПИЕ

Денес, на форумот во Санкт Петербург (ПМЭФ/SPIEF 2026, 3–6 јуни 2026), светот дава лекција по практична политика. Македонија ја гледа, но не ја слуша.

Факти кои нашите власти прават се да не ги видите!

Германија испраќа бизнис делегација, 1.600 компании сè уште активни во Русија. На форумот: официјален дијалог „Русија — Германија" присутни се и членови на Бундестагот.

САД, по неколку години отсуство, имаат официјална делегација. Трамп лично го испрати претставникот Родни Мимс Кук. Бизнис, дијалог „Русија — САД" со 30 американски компании.

Бројни европски земји, исто така присутни. Прагматизмот победува над декларативната политика.

Денес гледаме живо противречење: западните елити јавно кажуваат едно, а нивните компании и дипломати тивко прават сосема друго.

Но Македонија, под СДСМ и ДПМНЕ, ги следи зборовите, а не делата.

Дали слепото следење на декларативна западна политика, која самите нејзини автори не ја почитуваат, е одбрана на македонскиот национален интерес?

Или, како секогаш досега, прво туѓите интереси, потоа партиските, а на крај Македонија и македонскиот народ?

Родина Македонија се залага за одговорна, суверена и прагматична надворешна политика. Политика која го штити македонскиот народ, а не туѓите елити и тесно партиските интереси.

#РодинаМакедонија
#МакедонскиИнтерес

#НадворешнаПолитика
#МакедонијаПрво

НИШТО НОВО ОД ЕУ!Дојде, видe, ветува — но 35 години подоцна, македонскиот народ сè уште чека. Европските претставници до...
03/06/2026

НИШТО НОВО ОД ЕУ!

Дојде, видe, ветува — но 35 години подоцна, македонскиот народ сè уште чека. Европските претставници доаѓаат со нови барања, а условите само се множат.

❌ „Бугари во Устав" е услов за Македонија — но „Македонци во бугарски Устав" не е услов за Бугарија. Ова не е партнерство. Ова е диктат.

Ни кажаа дека Преспанскиот ќе биде последниот услов. Пред тоа, Рамковниот договор. Пред тоа, нешто друго. Кога ќе застане оваа листа?

Светот се менува. Се гради нова, мултиполарна меѓународна архитектура. Во тој свет, да инсистираме само на ЕУ членство, под вакви услови, значи свесно да го намалуваме сопствениот избор.

🛑 Родина Македонија бара прекин на срамните и понижувачките пристапни преговори со ЕУ.

Наместо тоа, слободна трговија, рамноправни економски односи и ништо повеќе. Нашата култура и нашите вредности не се предмет на преговори и не се во склад со трансродовите на западна европа.

-------------------------------------------------------------------------

Браќа и сестри Македонци!
Го живееме најсрамниот период од нашата повеќе милениумска историја и постоење.

На овој начин на постоење, треба да му се стави крај!

Да ја вратиме Македонија на достојното место на светската сцена во новиот постзападен, мултуполарен свет!

Родина Македнија е посветена на таа мисија!

#РодинаМакедонија #МакедонијаПредСè #НеНаПонижувањето

РЕАКЦИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПРЕСВРТ ВО СТАВОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА: Преспанскиот договор е реалност?За кого Преспанскиот до...
15/05/2026

РЕАКЦИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПРЕСВРТ ВО СТАВОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА: Преспанскиот договор е реалност?

За кого Преспанскиот договор е реалност?
За корумпирани политичари вткаени во мрежата на западните служби — политичари коишто сопствената корумпираност ја ставаат во служба на туѓи геополитички интереси, а македонскиот народ го оставаат без достоинство и без иднина.
За политичари без национална свест, без морален компас, кои вечно служат на сите — освен на сопствениот народ.

ИЗБОРНА ЛАГА — ПОСТИЗБОРНА КАПИТУЛАЦИЈА
Пред избори — Горда Македонија, Името ќе го вратиме! По изборите — договорот потпишан од неовластено лице, договорот спротивен на меѓународното право, договорот кој е директна повреда на највисокиот демократски инструмент — Референдумот — одеднаш станува реалност.
Ова не е политика. Ова е измама на националниот суверенитет.

УКРАДЕНА ИДЕНТИТЕТСКА ИДНИНА
Родина Македонија со сета одговорност укажува: цела генерација Македонци израснува под печатот на Преспанскиот договор — генерација навикната да живее со срамот, граѓани на фиктивна Република Северна Македонија.
Тоа е национален злосторник — бавен, тивок, но длабок.

СООДГОВОРНОСТА НА СДСМ И НА ДПМНЕ
Токму политичката определба на огромниот дел од македонскиот народ за СДСМ и ДПМНЕ — две партии коишто заедно го сочинуваат темелот на ова национално понижување — нè прави сите соучесници во колективниот срам. Нема невиност во молкот. Нема оправдување во помалото зло.

НОВИОТ СВЕТ — НОВАТА МАКЕДОНИЈА
Денес светот е мултиполарен. Постои алтернатива. Брисел и Вашингтон повеќе не се единствените центри на моќ. Народите низ целиот свет навлегуваат во нова епоха — епохата на постзападното самоопределување.
Кога тоа ќе се случи со македонската нација — не е прашање на дали, туку прашање на кога. И тоа прашање е прашање на целата нација!

--------------------------------------------------------------------------

Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница

За кого Преспанскиот договор е реалност?За корумпирани политичари вткаени во мрежата н

СООПШТЕНИЕРодина Македонија со руските пријатели положи цвеќе на Споменикот 9 МајНа 9 Мај, Денот на Победата над фашизмо...
10/05/2026

СООПШТЕНИЕ

Родина Македонија со руските пријатели положи цвеќе на Споменикот 9 Мај

На 9 Мај, Денот на Победата над фашизмот, делегација на политичката партија Родина Македонија, заедно со пријателите од Руската Федерација, положи цвеќе на Споменикот 9 Мај во знак на длабока почит кон херојскиот подвиг на советскиот народ, македонскиот народ и сите народи од антихитлеровската коалиција.Со свежо цвеќе, делегацијата оддаде почит на паднатите борци кои ја извојуваа слободата на Европа и светот од нацистичката чума.

„Денес, 81 години подоцна, го чествуваме големиот празник „Ден на Победата“ не само како историски факт, туку и како вечна лекција за единство, храброст и отпор против секоја форма на фашизам и тоталитаризам.

Родина Македонија е горда што стои рамо до рамо со руските пријатели и со сите кои ја чуваат вистината за оваа голема и праведна војна“.

Пријателството меѓу македонскиот и рускиот народ, ковано во заедничката борба против фашизмот, останува цврсто и денес.

Ние не заборавиме!

Ние се гордееме!

Слава на хероите!

СООПШТЕНИЕСВЕЖО ЦВЕЌЕ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – 123 ГОДИНИ ОД НЕГОВОТО УБИСТВОНа денешен ден, 4 мај 1903 година, во селото Баница...
04/05/2026

СООПШТЕНИЕ

СВЕЖО ЦВЕЌЕ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – 123 ГОДИНИ ОД НЕГОВОТО УБИСТВО

На денешен ден, 4 мај 1903 година, во селото Баница, во нерамна борба со турскиот аскер, животот го даде Гоце Делчев – најголемиот македонски револуционер, идеолог и апостол на македонската слобода. Делегација на Родина Македонија денеска положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.Со својата херојска смрт, Гоце не заврши – тој стана бесмртен. Неговата идеја за слободна, независна и единствена Македонија и денес нè обврзува да ја браниме нашата татковина од сите опасности, внатрешни и надворешни.

https://rodina.org.mk/rodina-makedonija-polozhi-cveke-goce-delchev/

КОЛУМНА: “НА ПАТОТ КОН ПРОПАСТА”Колумна: Томче Ширков – Претседавач на Родина МакедонијаНие, “Нашата земја” е на патот н...
24/04/2026

КОЛУМНА: “НА ПАТОТ КОН ПРОПАСТА”

Колумна: Томче Ширков – Претседавач на Родина Македонија

Ние, “Нашата земја” е на патот на Евро-Атланските интеграции точно 35 години…
За таа цел дадовме многу жртви!
Сменивме : знаме, устав, државно уредување, име, идентитет, историја… И претрпевме десетина други национални понижувања.

И конечно кога станавме членка на НАТО; Тоа се распадна! Така барем вели Претседателот на САД.

А ЕУ, што е со нашата врвна и приоритетна стратешка цел?!
Па ја занемаривме малку, или таа нас не занемари? Сеедно, “Нашата земја” сега лута, неодлучно се клацка помеѓу стратешко партнерство со Британија, која ја напушти ЕУ; Зошто таа била “Нефункционална пропадната бирократија” и стратешко партнерство со САД!
Хегемонот на светот!

Кога сме кај хегемонот на светот, што се случува таму, преку океанот?!

Се случуваат многу невидени нешта во историјата на човечкиот род! Конкретно од таму, од САД на светот му беа испратени пораки дека “Ќе биде уништена и избришана од лицето на земјата една цела цивилизација”?!
Истотака, ни беше објавено дека веќе не постои меѓународно право, не постои критериум за меѓународна одговорност, а претседателот Трамп може да прави што сака и да одлучува врз база на својот морал и лична етика?

Според мое скромно мислење вакво нешто не си дозволите ниту Хитлер, ниту Сталин.

Но што значи тоа во пракса?
Па тоа значи дека може да киднапирате претседател на суверена држава, да го држите во притвор без никаков основ, него и сопругата, за да можете да ја уценувате земјата и да и ги експлоатирате природните ресурси…А зошто? Само затоа што можете!
Да објавите дека ќе го окупирате Грендланд, иако тоа значи војна со НАТО сојузниците. А зошто, само затоа што можете?
Да убивате стотици деца, жени и болни, да бомбардирате училишта, болници и цивилни згради, зошто? Па затоа што можете.

Впрочем претседателот на САД, уште кога дојде на власт, недвосмислено му соопшти на светот дека тој бил ИСПРАТЕН и СПАСЕН ОД БОГА за да ја направи Америка повторно велика. И дека нема да бира начини и средства тоа да го оствари?!
Колку оваа изјава ве потсетува на изјавата : ” Мене ме црпна Господ од нивата за да ја спасам Македонија”?!

И можеби сево ова го знаете, можеби и не го знаете вака систематизирано, но го претчувствувате интуитивно?!

Резиме : “Нашата земја”, “Нашите државници и власти” не заглавија во ќорсокак. Фактички и практички дадоа СЕ за НИШТО!
Се она за кое нашите дедовци и прадедовци плукаа крв по планини!

Но не очајувајте, Идејата е бесмртна. Единствено што треба е таа да прерасне во Идеологија. А таа идеологија- Родољубието, да ја изнесе, извлече жална Македонија од оваа каша и неред на “Новото Нормално” .
АКО И ВИЕ РАЗМИСЛУВАТЕ ИСТО ИЛИ СЛИЧНО НА НАС, СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА.

КАЖЕТЕ И НАПРАВЕТЕ НЕШТО ДОБРО ЗА МАКЕДОНИЈА.

Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница

https://rodina.org.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bb%d1%83%d0%bc%d0%bd%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%ba%d0%be%d0%bd-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%bf%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b0/

Родина Македонија ви го честита празникот над празниците.Честит Велигден!Христос Воскресна!
12/04/2026

Родина Македонија ви го честита празникот над празниците.

Честит Велигден!

Христос Воскресна!

Роднински разговори.Тема: Наставата и образованието со новите генерацииГостин:  Мартин БуровскиМодератор: Стефан Ацковск...
26/03/2026

Роднински разговори.

Тема: Наставата и образованието со новите генерации
Гостин: Мартин Буровски
Модератор: Стефан Ацковски

Наставата и образованието со новите генерацииГостин: Мартин БуровскиМодератор: Стефан Ацковски

Address

27 МАРТ бр. 10/1-2 СКОПЈЕ-ЦЕНТАР
Skopje
1000

Opening Hours

Tuesday 10:00 - 14:00
Wednesday 10:00 - 14:00
Thursday 20:00 - 22:00
Friday 10:00 - 14:00

Telephone

+38970403439

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Родина Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Родина Македонија:

Share