Независни заедно - граѓанско политичка платформа

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Независни заедно - граѓанско политичка платформа

Независни заедно - граѓанско политичка платформа „Независни заедно“ е платформа за директен глас на граѓаните.

11/09/2026

‼️ПОПОЛНЕТЕ И ПОДНЕСЕТЕ АНКЕТНИ ЛИСТОВИ НА ЈАВНАТА АНКЕТА ЗА НАЦРТ-ДУП БАРУТАНА НА ВОДНО‼️

Рокот за поднесување на анкетни листови истекува на 14 септември. Според постапката треба да добиете одговор на вашите забелешки наведени во анкетниот лист.

Празен анкетен лист можете да преземете од сајтот на Општина Центар или од нашиот линк: https://docs.google.com/document/d/1e-NVON-DZy-gqqESSQukBWg5S-kzTANN/edit?usp=sharing&ouid=114843901551944911761&rtpof=true&sd=true

Еве 3 начини КАКО ДА СЕ ПОДНЕСЕ анкетен лист како забелешка за ДУП Барутана:
1. како прикачен документ на еурбанизам: https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=3164
2. лично на шалтерот во Општина Центар или во ООУ Кочо Рацин;
3. на е-маил на Општина Центар - [email protected] или [email protected], но во насловот на пораката нека содржи Subject: Анкетен лист за јавна анкета за Нацрт - ДУП Градска четврт Ј 05 – Барутана, за да биде правилно пренасочен до Секторот за урбанизам.

Доколку ви е потребно, Шанса за Центар веќе изработи 7 варијанти за анкетни листови со различна аргументација кои можете да ги поднесете од ваше име. Ако сакате да ви ги испратиме пишете ни во порака или на мејлот [email protected]

Нацрт планот за Барутана е опасност за целиот град. Помогнете во борбата да спречиме ново сечење на шумата на Водно и создавање на ерозивно подрачје кое може да ни се урне на сите врз глава!

Стоп за уништувањето на Водно!

Ниедна несреќа не е случајна, сите несреќи се последици на лоши одлуки. Изземете се, морално и професионало. Изеземете с...
04/09/2026

Ниедна несреќа не е случајна, сите несреќи се последици на лоши одлуки. Изземете се, морално и професионало. Изеземете се, место да се вадите на процедури. Нешто што можеби е легално, не значи дека и морално е исправно, рече Белчева.

Изземете се, морално и професионало. Изеземете се, место да се вадите на процедури. Нешто што можеби е легално, не значи дека и морално е исправно, рече советничката ....

04/09/2026

Каде е градоначалникот Горан Герасимовски и сите советници што го гласаа планот да нè погледнат в очи и да ни […]

03/09/2026

Слушнете ја дискусијта и ветувањето и будно да го следиме развојот на настаните до НЕДОНЕСУВАЊЕ на планот

04/06/2026

Не е случаен сомнежот во квалитетот на градбите.

02/06/2026

За време на кампањата за локалните ги мапиравме сите градилишта низ Центар. Мапата е застрашувачка, ама на дело е пострашно. Дополнително што тоа може да се направи и да се слика состојбата на секое едно градилиште во само еден работен ден. Ама, само ако се има воља и цврста решителност да се спроведуваат законите и правилата. Кога тоа недостига, последиците може да се погубни. Или со други зборови кажано, она ЕУ што вика rule of law, е токму почитување на законите и на правото….и тоа нѐ штити сите. Вака се штитат само малкумина на штета на сите нас и на штета на јавното добро!

22/04/2026

Што мислите за можност за изнајмување велосипед низ град?
Вака во Загреб за кратко се менува сликата. Може ли и Скопје? И зошто да не?

https://www.facebook.com/share/v/1Ggd7Rr6LS/?mibextid=wwXIfr

Барањето до Министерство за правда: Како граѓански инициативи кои имаат легитимитет потврден од иліадници граѓани на лок...
16/04/2026

Барањето до Министерство за правда:
Како граѓански инициативи кои имаат легитимитет потврден од иліадници граѓани на локалните избори, изразуваме сериозна загриженост поради нашето исклучување од
Работната група за подготовка на новиот Изборен законик.
Во насока на обезбедување еднаков, правичен и ефективен пристап на независните кандидати и листи на локалните и парламентарните избори, бараме преставник на Независните да учествува во работната група при Министерството за правда за измени и дополнувана во Изборниот законик. Во демократско општество, каде со устав се штити правото да се избира и да се биде избран, Независните имаат право своите предлози аргументирано да ги презентират и бранат.
Согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, изборните реформи мора да бидат инклузивни.
Игнорирането на независните советнички групи, кои се третиот по јачина политички фактор во многу општини, создава закон кој ги фаворизира само етаблираните партии.
Бараме итно да назначите наш член во работната група со цел да ги адресираме прашањата за:
1. Рамноправно финансирање на независите кандидати од буџетот.
2. Јасно именување на независната листа на гласачкото ливче.
3. Преиспитување на процедурата и намалување на потписните прагови за собирање потписи.
4. Поедноставена финансиско-административна постапка за учество во изборна кампана.

1. Шанса за Центар
2. НЕЗАВИСНИ ЗАЕДНО
3. Зелените од Гази Баба
4. Подобро за Тетово / Më mire për Tetoven
5. Ред за Куманово
6. Поинаку - Битола
7. Стига е - Струмица, Ново Село и Босилово
8. Независни за Карпош
9. Ја штитам Беласица/Ново Село
10.Движење правда

Десет независни граѓански иницијативи бараат од министерот за правда Игор Филков да бидат вклучени во работната група за изработка на […]

03/02/2026

Епа може ли да биде пострашно и да се нема желба да се решаваат работите?
Утре, на седница на град Скопје ќе се расправа за комуналните такси. Предлогот е без анализа, показатели и јасна цел што поконкретно сака да постигне!

Нашите забелешки:
🔈Ако на ист начин ги третираме сите деловни објекти, како ќе направиме коцкарниците и кладилниците да не бидат достапни во градот⁉️ Како ќе се справиме со окупирани јавни површини ако таксата е меѓу 5 и 15 ден на м2 дневно⁉️ Дали сите витрини, тезги и фрижидери на јавен простор (независно колкава површина м2) ќе ги решиме со едвај 700 до 2700 ден годишно⁉️Како ќе стимулираме микро, мали и средни претпријатиа ако им се наплатува исто како на големи ресторани или на коцкарници⁉️

Наш предлог е скалест пристап кон оданочување микро/мали/средни и големи претпријатија. Анализа на полетната состојба и јасни цели кон кои се стремиме со одлуките!
❗️Законот за комунални има тарифник од 2016 и никој 🔟години не побарал негово ревидирање!!!
📍Тој закон не препознава разлика меѓу деловните простории кои нудат развој и прогрес и оние кои предизвикуваат општествено пропаѓање, особено штетно делувајќи врз младите.
✅Креирањето на политики на градот мора има јасни цели: поквалитетно, побезбедно, понапредно и поспокојно живеење. Законите тоа мора да го поддржат и да го штитат јавниот интерес.

✋Советот не е машина за гласање, туку за креирање политики.

03/02/2026

Oгледалце огледалце, колку јавни спортски терени останаа во Центар на кои децата не треба да плаќаат за да играат?

🪞 Огледалце: Уште неколку.

Огледалце, огледалце, па каде да играат и спортуваат децата и луѓето?

🪞 Огледалце: Имаат скоро 60 казина и кладилници. Така ќе ги научат и овошјата...

🎲Центар е казино-општина.

🎰Лани ги мапиравме казината, автомат-клубовите и кладилниците покрај кои поминувавме.

⚽Ги има повеќе отколку сите детски и спортски игралишта заедно.

Како што имаме извори на загадување на воздухот, имаме и извори на загадување на духот.

Погледнете ја мапата на линкот: https://www.google.com/maps/d/edit?mid=1CKaPWHiqAH6LgGgd2-YoQ_HeniPfz88&usp=sharing

Прочитајте за истражувањето на Институтот за јавно здравје .mk кое вели дека во изминатите 12 месеци, еден од четири ученици изјавил дека се коцкал за пари: https://sdk.mk/index.php/makedonija/sekoj-chetvrti-uchenik-se-kotskal-za-pari-pokazhuva-izveshtajot-na-institutot-za-javno-zdravje/

Address

Nezavisnizaedno@gmail. Com
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Независни заедно - граѓанско политичка платформа posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share