Општинска Организација СДСМ Центар

Општинска Организација СДСМ Центар Општинската Организација СДСМ Центар е посветена на р?

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како политичка партија е основана на 21 април 1991 година на 11 Конгрес на СКМ-ПДП кога врз основа на иницијативата на Претседателството на ЦК СКМ–ПДП од 14 февруари 1991 година и предлогот на Централниот Комитет на 23 февруари 1991 година е донесена и одлуката за промена на името од СКМ–ПДП во СДСМ.

Оттогаш па до денес СДСМ е модерна, демократска, социјалдемократска партија која своите корени ги влече од традиционалните левичарски идеи.

Левите, социјалистички идеи имаа свои корени и во Македонската револуционерна организација како носител на модерната, прогресивна идеја за слобода и создавање на држава, независна и ослободена од влијанието на сите соседни пропаганди од надвор. Меѓу претставиците на левото крило во македонското револуционерно движење најзначајно место заземаат Гоце Делчев и Никола Карев.

Програмата на СДСМ е нашата политичка платформа и нашата визија за развој на државата. Во следните 10 години сакаме Македонија да стане поинаква Македонија.

Да биде економски развиена, без сиромаштија, со вработени и социјално обезбедени граѓани.

Сакаме да има повеќе лични слободи, поголеми колективни права и сите да се еднакви пред институциите, кои ќе функционираат според највисоките професионални стандарди.

За еднаквост и рамноправност на сите граѓани, и да имаме еднаква застапеност на жените во сите сфери на општеството.

03/09/2026
03/09/2026
🚨⚠️🚨
03/09/2026

🚨⚠️🚨

ЕПСКИ "УСПЕХ" на ДПМНЕ-ОКГ Центар😂„Преполн штаб“, „прилив на нови членови“ ни 50 луѓе со тројца министри, десет директор...
01/09/2026

ЕПСКИ "УСПЕХ" на ДПМНЕ-ОКГ Центар😂„Преполн штаб“, „прилив на нови членови“ ни 50 луѓе со тројца министри, десет директори и пола вработени во администрација, со 0 симпатизери 😁 Одливот ви е библиски потоп!
Пораката од Центарци е јасна: Штабот ви зјае празен - Центар не е со вас!

🏀 Хуманитарен турнир во баскет во организација на СДММ, каде играта значи многу повеќе од поени. 🤝Со собраните средства ...
23/08/2026

🏀 Хуманитарен турнир во баскет во организација на СДММ, каде играта значи многу повеќе од поени. 🤝

Со собраните средства ќе обезбедиме училишен прибор за децата од социјални ранливи катагерории, за новата учебна година да ја започнат со насмевка и сè што им е потребно. 🎒📚✏️

Солидарноста се покажува на дело.

Благодарност за сите за учеството и за придонесот.

🏀 НЕДЕЛА ЗА ДОБРОТО – ХУМАНИТАРЕН БАСКЕТ НАСТАН ❤️Во недела, 23 август, со почеток во 18:00 часот, на кошаркарското игра...
22/08/2026

🏀 НЕДЕЛА ЗА ДОБРОТО – ХУМАНИТАРЕН БАСКЕТ НАСТАН ❤️

Во недела, 23 август, со почеток во 18:00 часот, на кошаркарското игралиште во Капиштец, СДММ организира хуманитарен кошаркарски настан со една заедничка цел – да помогнеме таму каде што е најпотребно.

Средствата собрани од настанот ќе бидат наменети за обезбедување училишен прибор за деца од социјално ранливи категории, за новата учебна година да ја започнат со еднакви можности и со насмевка. 🎒📚✏️

На хуманитарниот настан ќе присуствува и раководството на СДСМ.

🤝 Да покажеме дека со солидарност, дружење и добра волја можеме да направиме вистинска разлика.

📅 23 август (недела)
🕕 18:00 часот
📍 Кошаркарски терен – Капиштец, Скопје

Играме за децата. Помогни и ти! ❤️

Со почит,

ОО СДСМ ЦЕНТАР

#НеделаЗаДоброто #Хуманост #ЗаедноЗаПодобраИднина #СДММ

20/08/2026

Фрчкоски: Мицкоски создава медиумски мрак.

🎙️ Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја оставаат Македонија изолирана, а паралелно се обидуваат да воспостават медиумски мрак во државата, нагласи членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, во гостувањето во „Вести плус“ на телевизија Канал 5.

Фрчкоски посочи дека власта свесно не сака Македонија да ја придвижи кон Европската Унија, туку сака државата да остане изолирана, бидејќи така ѝ одговара на власта на ВМРО.

Тој додаде дека една од причините е тоа што се плашат од европските стандарди кои значат и поголема контрола врз власта, вклучително и преку европските институции за борба против корупцијата и организираниот криминал.

👉 https://sdsm.org.mk/soopstenija/113500

20/08/2026

Address

Skopje
1110

Telephone

02 329 3100

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општинска Организација СДСМ Центар posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општинска Организација СДСМ Центар:

Shortcuts

Share