Академија за судии и јавни обвинители

Академија за судии и јавни обвинители Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Академија за судии и јавни обвинители, Public Service, Булевар Јане Сандански број 12, Skopje.

Официјална Фејсбук страна на Академијата за судии и јавни обвинители, преку која јавноста може да се информира за тековното работење на Академијата.


Академијата за судии и јавни обвинители е јавна установа која има за цел професионално, независно, непристрасно и ефикасно извршување на судиската и јавно - обвинителската функција, како и стручно и ефикасно извршување на работите на стручните служб

и во судството и јавното обвинителство.

Академијата врши прием и стручно усовршување на кандидатите за судии и јавни обвинители, континуирана обука за унапредување на стручноста на судиите и на јавните обвинители, континуирана обука на стручните служби во судството и во јавното обвинителство, специјализирана обука за судиите поротници, обука на субјектите кои учествуваат во спроведување на законите од областа на правосудството, како и заради вршење аналитичко-истражувачка дејност од областа на правосудната теорија и практика.

Академијата својата дејност ја спроведува преку: - организирање и спроведување почетна обука на идните кандидати за судии и јавни обвинители за потребите на основните судови и основните јавни обвинителства, - организирање и спроведување континуирана обука за унапредување на стручноста на судиите и јавните обвинители, - организирање и спроведување континуирана обука на стручните служби во судството и јавното обвинителство, како и обука на другите субјекти кои учествуваат во спроведувањето на законите од областа на правосудството,- спроведување аналитичко - истражувачка дејност од областа на правосудната теорија и практика.

18/05/2026

Академијата организраше тркалезна маса посветена на примената на пробацијата во практиката со посебен акцент на извршувањето на алтернативните мерки и условен отпуст

Академијата за судии и јавни обвинители организираше тркалезна маса на која се дисктуираше за примената на пробацијата во практиката со посебен акцент на извршувањето на алтернативните мерки и условниот отпуст.

На тркалезната маса присуствуваа судии од апелационото подрачје Гостивар, како и претставници на пробациските канцеларии и адвокати.

Своите искуства во однос на темата, со присутните ги споделија: Лидија Петровска, судија на Основен кривичен суд Скопје, Билјана Коцевска, судија на Основен кривичен суд Скопје, Дијана Ѓеровска, раководител на Одделение за надзор над извршување на пробациски работа, Маја Апостоловска, раководител пробациска канцеларија Тетово и Весна Матевска, програмска раководителка на Здружение „ХЕРА“, Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Целта ма тркалезната маса беше да се унапреди практичната примена на пробацијата преку размена на искуства и стручни согледувања помеѓу судиите, претставниците на пробациските служби и другите релевантни чинители, со посебен фокус на извршувањето на алтернативните мерки и условниот отупст со заштитен надзор. Преку дискусиите се настојуваше да се афирмира значењето на пробацијата како механизам за ресоцијализација на сторителите, намалување на примената на изолациските санкции и поефикасно остварување на целите на казнувањето, како и да се разгледаат можностите за унапредување на психосоцијалниот третман и институционалната координација во постапувањето со сторителите на кривичните дела.

Во рамки на своите заложби за унапредување на стручната едукација и јакнење на институционалната соработка, Академијата ќе продолжи со организирање на вакви стручни настани посветени на примената на пробацијата во практиката. Оваа тркалезна маса претставува прва од циклусот на тркалезни маси посветени на оваа тема, кои Академијата ќе ги организира по апелациони подрачја, со цел поттикнување на континуирана размена на искуства, усогласување на практиката и унапредување на примената на алтернативните мерки и условниот отпуст.

Академијата организираше обука на тема:  „Злоупотреби на процесните овластувања во кривичната постапка“ Академијата за с...
14/05/2026

Академијата организираше обука на тема: „Злоупотреби на процесните овластувања во кривичната постапка“

Академијата за судии и јавни обвинители организираше обука на тема: „Злоупотреби на процесните овластувања во кривичната постапка“ која се одржа на 14 мај 2026 година, во просториите на Академијата.

Обуката беше наменета за судии од кривичните оддели во судовите и за јавни обвинители од сите апелациони подрачја, а истата ја спроведоа: Славица Темелковски, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Велес и Васка Николовска Масевска, судија на Основниот кривичен суд Скопје.

Целта на обуката беше да се согледаат злоупотребите на процесните овластувања во текот на кривичната постапка од сите учесници во постапката, низ призма на практичните искуства, поради што истата имаше интерактивен карактер. Посебен акцент беше ставен на размената на искуства и практики за спречување на злоупотребите на процесните овластувања, како и на улогата на судијата во ефикасното раководење со главната расправа. Преку анализа на конкретни ситуации и примена на процесните механизми за спречување на одолговлекување на постапките, учесниците ги унапредија своите знаења и вештини за обезбедување поефикасно и поефективно водење на кривичните постапки со цел навремено и законито остварување на правдата

11/05/2026

WEBINAR EU Savings and Investments Union

Date: 27 – 29 May 2026

Language(s): English

Event Number: 226D102 (programme brochure uploaded)

Online event

Objective

The aim of this event is to present the EU Savings and Investments Union strategy, its aims and envisaged initiatives, as well as their implications for the current financial system.

Although non-legislative measures proposed under the SIU will be addressed, the conference focuses on the foreseen legislative actions and their impact on the regulatory framework in EU financial markets and banking sector and their future implications. Key topics to be discussed at the event include: the foundations, legal architecture and aspired goals of the EU SIU, retail participation in capital markets, banking and the SIU, market integration in the EU and the SIU and supervisory architecture’s contribution to integration.

Key topics

The EU Savings and Investment Union: foundations, legal architecture and aspired goals
Retail participation in capital markets
Banking and the SIU
Market integration in the EU
The SIU and supervisory architecture’s contribution to integration
Who should attend?

https://jpacademy.gov.mk/webinar-eu-savings-and-investments-union/

Академијата реализираше обука на тема: Примена на законската и судската рехабилитација во практикатаАкадемијата за судии...
11/05/2026

Академијата реализираше обука на тема: Примена на законската и судската рехабилитација во практиката

Академијата за судии и јавни обвинители на 08 мај 2026 година, реализираше обука на тема: „Примена на законската и судската рехабилитација во практика.“

Обуката беше наменета за судии за извршување на санкции и судски службеници од кривичните оддели од сите апелациони подрачја на Република Северна Македонија, а истата ја спроведоа: Лидија Зимобвска, судија на Апелационен суд Скопје и Славица Наумова Јосифовска, судија на Оснвоен кривичен суд Скопје.

Целта на обуката беше унапредување на практичната примена на законската и судската рехабилитација, како и правилно постапување при бришење на осудите од казнената евиденција преку анализа на судската пракса и актуелните предизвици во постапувањето. Во вториот дел од обуката беше даден осврт и на праксата на Европскиот суд за човекови права во однос на заштитата на личните податоци и правото на приватност.

Со реализацијата на обуката, учесниците имаа можност да ги продлабочат своите знаења и да разменат практични искуства за поефикасна и усогласена примена на законската и судската рехабилитација во судската практика.

Судска соработка во граѓанска, трговска и семејна материја во Европската унијаНа 7-8 мај 2026 година, Европскиот институ...
08/05/2026

Судска соработка во граѓанска, трговска и семејна материја во Европската унија

На 7-8 мај 2026 година, Европскиот институт за јавна администрација (ЕИПА) од Луксембург во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија и Правосудната академија на Косово спроведува онлајн обука на тема: „Судска соработка во граѓанска, трговска и семејна материја во Европската Унија“.

Обуката ја спроведуваат обучувачите: д-р Клаудио Матера, предавач, директор на EIPA Луксембург – Европски центар за судии и адвокати, д-р Кристина М. Мариотини, предавач во EIPA Луксембург – Европски центар за судии и правници, г-дин Кристијане Ламеш, виш службеник за програмски менаџмент на проекти во организацијата на Луксембург.

Целта на оваа обука е да им обезбеди на учесниците општ преглед на главните инструменти на судската соработка на ЕУ во граѓанските, трговските и семејните предмети, со посебен акцент на нивното спроведување во пракса, нивното толкување од страна на Судот на правдата на Европската Унија и нивната релевантност за земјите-кандидатки за членство во ЕУ кои се подготвуваат да учествуваат во европскиот простор на граѓанска правда.

Методологијата на обуката е комбинација од експертски презентации со интерактивни дискусии, фокусирани на практичната имплементација на инструментите за судска соработка на ЕУ. Учесниците ги анализираа главните одлуки на Судот на правдата на Европската Унија, дискутирајќи за практични примери што произлегуваат од прекугранични спорови и разменувајќи искуства во врска со имплементацијата на граѓанското правосудство на ЕУ.

Обука е наменета за: судии од основните судовите во Косово, како и за судии и јавни обвинители од Северна Македонија

Повеќе за обуката можете да најдете на следниот линк: https://ad.rks-gov.net/bashkepunimi-gjyqesor-ne-ceshtjet-civile-komerciale-dhe-familjare-ne-bashkimin-evropian-0

Академијата организираше советување посветно на Законот за јавни набави и спроведувањето на постапките за јавни набавкиА...
07/05/2026

Академијата организираше советување посветно на Законот за јавни набави и спроведувањето на постапките за јавни набавки

Академијата за судии и јавни обвинители во рамки на Каталогот за обуки за 2026 година организираше советување на тема: „Закон за јавни набавки/Спроведување постапки за јавни набавки“, кое се одржа на 6 мај 2026 година во просториите на Академијата.

На советувањето кое беше наменето за судиите на Виш управен, Управен суд и стручните соработници, своите практични искуства ги споделија: Александар Аргировски, државен советник во Биро за јавни набавки и Анета Мострова, адвокат.

Советувањето беше организирно со цел унапредување и зајакнување на ефикасноста на управното судство во областа на јавните набавки.

Во рамки на советувањето беше даден преглед на законските одредби како и надлежностите на националните институции за јавни набавки, со посебен осврт на надлежностите и улогата на мислењата на Бирото за јавни набавки. Воедно беа анализирани актуелните состојби во примената на одредбите од Законот за јавни набавки со посебен акцент на жалбената постапка и управниот спор во областа јавни набавки.

Со оглед на тоа што јавните набавки претставуваат комплексен процес, а потребата од понатамошна едукација во спроведувањето на постапките за јавни набавки постојано се наметнува, Академијата ќе продолжи да организира едукативни настани на оваа тема.

Средба на Јавниот обвинител на РСМ Савески со директорката на Академијата Трајкоска-СтрезоскиЈавниот обвинител на Републ...
06/05/2026

Средба на Јавниот обвинител на РСМ Савески со директорката на Академијата Трајкоска-Стрезоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска ја посети Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, каде со директорката Ирина Трајкоска – Стрезоски разговараше за интензивирање на соработката меѓу двете институции.

Соработката во следниот период ќе се фокусира на зголемување на можностите за обуки на јавните обвинители и на јавнообвинителските службеници за јакнење на транспарентноста и ефикасната комуникација со јавноста, но и на специјализирани стручни обуки од повеќе различни области.

Дополнително, беа договорени и заеднички активности кои вклучуваат и објава и промоција на прирачник за примена на мерката притвор низ призма на членот 5 од Европската конвенција за човекови права.

Академијата и Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF) успешно реализираа обука на тема: „Вештачка...
05/05/2026

Академијата и Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF) успешно реализираа обука на тема: „Вештачка интелигенција (ВИ): Етичко користење на ВИ и комуникација во правосудниот сектор “

Обуката беше наменета за судии, јавни обвинители и правни експерти, со цел зајакнување на капацитетите на правосудството за справување со етичките и правните дилеми кои ги наметнува развојот на новите технологии.

Програмата на обуката понуди продлабочен приказ на европските стандарди, со посебен фокус на Актот за вештачка интелигенција на ЕУ (EU AI Act) и неговата рефлексија врз националното законодавство. Беше елабориран клучниот баланс помеѓу ефикасноста на алгоритмите и заштитата на основните човекови права, нагласувајќи дека вештачката интелигенција мора да служи како помошна алатка, додека финалниот човечки супсумптивен силогизам и одлучување мора да останат во рацете на судијата.
Целта на оваа обука, поддржана од DCAF, беше учесниците да се стекнат со практични знаења за етичката примена на ВИ во судските процеси, да ги препознаваат ризиците од алгоритамска пристрасност и да го разберат значењето на транспарентноста и отчетноста при користењето на технолошки решенија во правосудниот сектор. Преку интерактивни сесии и анализа на случаи, беше истакната потребата од дигитална писменост како предуслов за зачувување на интегритетот и независноста на судската власт во дигиталната ера.

Академијата организраше обука на тема: „Благајничко работење, исплата на дневници и патни трошоци во земјата и странство...
30/04/2026

Академијата организраше обука на тема: „Благајничко работење, исплата на дневници и патни трошоци во земјата и странство“

Академијата за судии и јавни обвинители организраше обука посветена на темата: „Благајничко работење, исплата на дневници и патни трошоци во земјата и странство“, која се одржа на 29 април 2026 година, во просториите на Академијата.

Обуката беше наменета за сметководители, благајници и раководни лица кои изготвуваат решенија од сите судови и јавни обвинителства во Република Северна Македонија, а истата ја спроведоа: Бљерта Ганиу, помошник на главниот државен ревизор во Државен завод за ревизија, Данче Ангеловска, раководител на сектор за финансиски прашања во Државен завод за ревизија и Сања Гоцева Прочкова, виш ревизор во Државен завод за ревизија.

Целта на обуката беше да ги унапреди знаењата и практичните вештини на учесниците во делот на благајничкото работење и правилната исплата на дневници и патни трошоци, како во земјата така и во странство. Во рамки на обуката беа обработени законските прописи, колективни договори, процедури и практични аспекти на финансиско работење, со акцент на транспарентност, точност и отчетност.

Реализирана обука за „Заштита на честа и угледот во контекст на правото на слобода на изразување од членот 10 од ЕКЧП“Ак...
30/04/2026

Реализирана обука за „Заштита на честа и угледот во контекст на правото на слобода на изразување од членот 10 од ЕКЧП“

Академијата за судии и јавни обвинители успешно реализираше обука посветена на „Заштита на честа и угледот во контекст на правото на слобода на изразување од членот 10 од ЕКЧП“ која се одржа на 28 април 2024 година во просториите на Академијата.

Обуката беше наменета за судии и стручни соработници од граѓански оддели од апелационо подрачје Скопје, а истата ја спроведоа: м-р Александар Шопов, судија на Апелационен суд Скопје, Драган Петрушевски, судија на Основен граѓански суд Скопје и Лазар Сандев, адвокат.

Обуката прикажа продлабочен приказ на односот меѓу заштитата на честа и угледот како аспект на правото на приватен живот од членот 8 од Европската конвенција за човековите права (ЕКЧП) и слободата на изразување загарантирана со членот 10 од Конвенцијата. Овој баланс претставува едно од најсложените прашања со кои се соочуваат националните судови, особено во ера кога стратегиските тужби против јавното учество (СЛАПП) стануваат сè почеста алатка за замолчување на новинари, активисти, академици и други учесници во јавниот дискурс.

Целта на обуката беше преку анализа на стандардите и гледиштата на Европскиот суд за човекови права и Препораката CM/Rec(2024)2 на Советот на Европа, учесниците да се стекнат со практични знаења за примена на тестот на пропорционалност, да умееат да ги разграничуваат фактичките тврдења од вредносните судови, да умеат да го оценат јавниот интерес и ширината на прифатливата критика, рано да ги препознаваат очигледно неосновани тужби за навреда и клевета, да ги идентификуваат обележјата на СЛАПП тужбите и да се запознаат со разликите на легитимните барања за заштита на честа и угледот.

Академијата спроведе обука за стручни соработници од судовите и обвинителствата за тимска работаАкадемијата за судии и ј...
28/04/2026

Академијата спроведе обука за стручни соработници од судовите и обвинителствата за тимска работа

Академијата за судии и јавни обвинители на 27 април 2026 година спроведе обука наменета за стручните соработници од судовите и јавните обвинителства од сите апелациони подрачја на тема: „Тимска работа“.

Обуката ја спроведоа: м-р Билјана Пешова и д-р Благица Ваниќ.

Целта на обуката беше зајакнување на вештините за тимска работа и нудење практични алатки и стратегии за успешно градење и функционирање на тимови.

Во рамки на обуката беа опфатени следниве теми: запознавање со процесот на тимска работа и тимска динамика, разбирање на клучни елементи за успешно градење на тимови, фазите на развојот на тимот, препознавање на тимските улоги и нивните карактеристики, како и развивање стратегии за успешна тимска работа насочена кон промовирање на психолошка благосостојба на работното место.

Обуката се реализираше преку комбинација на теоретски предавања, практични вежби и интерактивни групни активности, пришто учесниците имаа можност директно да ги применат стекнатите знаења во ситуации блиски до нивното секојдневно работење.

Address

Булевар Јане Сандански број 12
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 16:00
Tuesday 07:30 - 16:00
Wednesday 07:30 - 16:00
Thursday 07:30 - 16:00
Friday 07:30 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Академија за судии и јавни обвинители posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category