Дом на култура „Илинден“

Дом на култура „Илинден“ Дом на култура „Илинден“
- Галерија за изложби
-Модерн

25/07/2025

Спремно за вечерва! 20 ч!

⚠️
23/07/2025

⚠️

25/06/2025

Прв Регионален саем за економски развој во општина Илинден

Во општина Илинден на 26 и 27 јуни (четврток и петок) , ќе се одржи првиот Регионален саем за економски развој „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2025“ во просториите на спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден.

Станува збор за Регионлен саем пришто генерален покровител е Општина Илинден а организатор Панекс Експо, кој ќе биде фокусиран на промоција на економските можности на регионот. Целта на саемот е да се поврзат локалните бизниси, претприемачи, инвеститори и други клучни актери за стимулирање на економскиот развој и создавање нови можности за раст.

Во текот на овие два дена, ќе се претстават компании од различни сектори, како што се од областа на индустријата, градежништвото, земјоделие, туризам, угостители и технологијата. Саемот ќе биде место за размена на идеи, контакти, искуства и проекти, токму она што му е потребно на современиот економски развој. Програмата вклучува и забавен дел, вечерни активности со диџеј и музика со што се отвора простор за вмрежување во опуштена атмосфера.

За посетители саемот ќе биде отворен во текот на овие два дена од 10:00 до 18:00 часот, а од 19 часот почнува забавната програма на паркингот веднаш до спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден.

26-27 јуни ЕКСПО ИЛИНДЕН 2025
20/06/2025

26-27 јуни ЕКСПО ИЛИНДЕН 2025

👍👍👍
16/06/2025

👍👍👍

08/06/2025
04/06/2025

На 5-ти јуни во општина Илинден Меѓународен фолклорен фестивал „Св.Троица“

Во општина Илинден и оваа година ќе се одржи меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Троица“, кој претходно има десет годишна традиција во Долно Лисиче. Жителите на општина Илинден ќе имаат можност да се запознаат со сите гости на овогодишниот фестивал од Романија, Бугарија, Словенија, Србија, КУД „Гоце Маркоски“ и АНПИ „Илинден“.

Овој фестивал ќе се одржи на 5 јуни во 19:30 часот со фестивалско дефиле кое ќе започне од пред ПОУ „Гоце Делчев“ во Илинден со сите учесници по ул.2 се до Домот на култура ,,Илинден” каде што во амфитеатарот со почеток во 20:00 часот ќе се одржи концертот.

Овој фестивал има за цел преку фолклорот да се направи едно зближување помеѓу народите, запознавање на нови пријателства, дружење, едукација на младите за Македонскиот фолклор, култура и традиција, запознавање со нови култури и традиции, презентација на Македонија и сите убавини, размена на знаења и искуства, отворање на портите кон нови патувања на нашите играорци.

12/05/2025
13 до 15 мај!
08/05/2025

13 до 15 мај!

Крводарителска акција во петок во Дом на култура „Илинден“ Во општина Илинден ќе се спроведе крводарителска акција која ...
03/04/2025

Крводарителска акција во петок во Дом на култура „Илинден“

Во општина Илинден ќе се спроведе крводарителска акција која се реализира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден” на 04.04.2025 година (петок) од 09:00 од 13:00 часот. На оваа крводарителска акција граѓаните од општина Илинден ќе можат доброволно да даруваат крв.
Ги покануваме сите хумани жители на општината да го дадат својот несебичен придонес и да им помогнат на оние на коишто им е најпотребно!

Крводарителска акција во петок во Дом на култура „Илинден“

Во општина Илинден ќе се спроведе крводарителска акција која се реализира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден” на 04.04.2025 година (петок) од 09:00 од 13:00 часот. На оваа крводарителска акција граѓаните од општина Илинден ќе можат доброволно да даруваат крв.

Ги покануваме сите хумани жители на општината да го дадат својот несебичен придонес и да им помогнат на оние на коишто им е најпотребно!

20/12/2024

,,Три генерации Трајковски” ликовна изложба на Новица Трајковски во општина Илинден

Во Домот на култура ,,Илинден” во општина Илинден на 21-ви декември (сабота), со почеток во 13 часот ќе биде отворена ликовната изложба на академскиот уметник од општина Илинден, Новица Трајковски наречена ,,Три генерации Трајковски”.
На оваа изложба љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да погледнат околу 70 врвни уметнички дела на трите генерации од фамилијата на Трајковски.

01/04/2024

Address

Н. илинден
Skopje
1041

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Дом на култура „Илинден“ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Дом на култура „Илинден“:

Share