Инфо Бутел - Info Butel

Инфо Бутел - Info Butel Пријавете проблем или дајте предлог за вашето место на живеење.

24/05/2026
24/05/2026
24/05/2026

ВЛАДАТА НА МИЦКОСКИ ГИ ШТИТИ КОЦКАРСКИТЕ БИЗНИСИ ПОВРЗАНИ СО КОРУПЦИЈА И ПОТКУП ВО АВСТРИЈА

⚠️ #Левица алармира дека македонската коцкарска индустрија е длабоко поврзана со меѓународни компании чии сопственици се гонат за корупција и ПОТКУП на политичари. Односно, најголем удел во македонскиот бизнис со коцкање има австриската компанија ,,NOVOMATIC AG", која преку низа фирми контролира значителен дел од автомат клубовите во државата.

❗️Додека граѓаните тонат во сиромаштија, фирмите поврзани со австриската ,,Novomatic" извлекуваат милионски профити од зависноста и социјалната беда. Само една од нивните компании во Македонија – ,,ХТЛ Мацедониа" – во 2025 година остварила чист ПРОФИТ од над 955.000 евра! Особено скандалозно е што токму кога австриското обвинителство официјално подигна ОБВИНЕНИЕ против сопственикот на австриската ,,Novomatic" за поткуп и корупција поврзани со коцкарски лиценци во Австрија, владата на Мицкоски предлага закон со кој коцкарските компании ќе продолжат да плаќаат симболични давачки.

🚨Според предлог-законот на Владата, лиценцата за автомат клуб изнесува само 100.000 евра за период од шест години. Тоа значи дека само една фирма поврзана со ,,Novomatic" - за само една година заработува ДЕВЕТ ПАТИ ПОВЕЌЕ од износот што го плаќа за лиценца за период од шест години. Ова е јасен доказ дека законите не се пишуваат во интерес на граѓаните, туку во интерес на коцкарските лобија.

⁉️Се поставува логичното прашање: како е можно власта на ВМРО-ДПМНЕ да предлага толку НИСКИ ДАВАЧКИ за индустрија која врти милиони, ако зад тоа не стојат политички договори, клиентелизам и коруптивни релации. Јасно е дека власта на ВМРО-ДПМНЕ е под директно влијание на коцкарското лоби, кое со години ја поткопува државата преку политички врски, мито и привилегирани лиценци. Наместо заштита на јавниот интерес, Владата се претвора во сервис на странски коцкарски корпорации со сомнително корупциско минато.

Додека во европските држави се отвораат истраги за поткуп и влијание врз политичари, во #Македонија истите тие компании добиваат повластен третман, ниски давачки и законски решенија скроени по НИВНА МЕРКА. Тоа е уште еден доказ дека власта на Мицкоски не води борба против криминалот и корупцијата, туку ја институционализира.

24/05/2026

ДОЛГОТ НА ОПШТИНА БУТЕЛ НАДМИНУВА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА

Општина Бутел заклучно со првиот квартал од 2026 година има доспеани, а неплатени обврски во износ од 55.127.832 денари, односно 896.387 евра.

Дополнително, ЈКП Бутел има доспеани, а ненаплатени долгови во висина од 5.895.857 денари, односно околу 95.000 евра, додека основните училишта во Општина Бутел имаат вкупен долг од 11.806.523 денари или околу 190.000 евра.

Тоа значи дека вкупниот долг на Општина Бутел, заедно со јавните претпријатија и училиштата, изнесува околу 1.181.387 евра.

Ова е особено загрижувачки ако се земе предвид дека Општина Бутел располага со најголемиот буџет во својата историја од 1.017.495.777 денари, односно 16.464.333 евра.

Податоците за јавниот долг се преземени од системот на Министерството за финансии за прикажување на јавниот долг за првиот квартал од 2026 година.

Левица секогаш се залага за рационално и домаќинско трошење на народните пари.

Граѓаните имаат право да знаат во каква финансиска состојба се наоѓа општината и колкав е нејзиниот долг

#Левица
#ЛевицаБутел
#ОпштинаБутел

24/05/2026

Прашај ги Јануш и Ацо-Лигња, тие се искусни Маратонци!!

24/05/2026

📣Координаторот на Секторот за Надворешна политика при политичката партија Левица, Емир Шкриељ, преку објава на социјалните мрежи остро ја критикуваше експанзијата на коцкарската индустрија во Македонија, оценувајќи ја како сериозен општествен и здравствен проблем. Тој предупредува дека коцкањето претставува високоадиктивно однесување со тешки последици врз поединецот и неговото семејство, притоа доведувајќи ја во прашање ефективноста на постојните мерки и повикувајќи на радикални ограничувања, вклучително и целосно затворање на казината и обложувалниците.

Повеќе на линкот:👉https://antropol.mk/2026/05/22/skr-koc-e-ser-psih-rast-a-ne-igr-na-srekj/

24/05/2026

ВЛАДЕЈАЧКОТО МНОЗИНСТВО ПРИФАТИ САМО ТРИ, А ПРЕДЛОЖИ ЕДЕН ЗАКЛУЧОК ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД МАЛОЛЕТНИЧКОТО НАСИЛСТВО

‼️На десетата седница на советот на општина Ѓорче Петров филтерот на владејачкото мнозинство го поминаа само 3 од предложените 14 заклучоци за превенција од малолетничкото насилство во општината.

1️⃣Во рок од пет работни денови до советот на општина Ѓорче Петров да се достави извештај од работата на ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА ДЕТСКОТО ПРЕСТАПНИШТВО согласно донесената одлука за формирање на советот за превенција на детско престапништво во минатиот мандат на советот на општина Ѓорче Петров.

2️⃣Изготвување на извештај за случаи по кој е постапено согласно со правилниците за начинот за пријавување и заштита на ученик-жртва на било која од формите на насилство, злоупотреба и занемарување донесени од страна на наставничките совети на општинските основни учулишта во општина Ѓорче Петров. Вакви извештаи во рок од 30 дена до советот на општина Ѓорче Петров да достават директорите на општинските основни училишта.

3️⃣Општина Ѓорче Петров месец Октомври да го прогласи за месец на борба против булингот и врсничкото малолетничко насилство со што ќе организира трибини, медиумски кампањи и тематски родителски средби во општинските основни училишта се со цел да се подигне свеста на родителите дека воспистувањето на децата е партнерски однос на релација родител-наставник.

⛔Мнозинството на ДПМНЕ и ЗНАМ предложи само еден заклучок за превенција на малолетничкото насилство

▶️Советот на општина Ѓорче Петров ги охрабрува основните општински училишта во зголемување на веќе применетите активности во насока на превенција на врсничкото насилство и булингот во училиштата

⚠️Очигледно апсолутната власт покажува апсолутна инертност во заштита на најмладите од однесување на ниско поведение проследено со насилство, малолетничка деликвенција и булинг.

✊Левица и во иднина ќе биде максимално гласна кога се работи за заштита на правата на децата и превенција на врсничкото насилство. Здрава младина значи проспреитетно општество
#ЛевицаОдСоветот

Address

БУТЕЛ
Skopje

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Инфо Бутел - Info Butel posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category