Движење ЗНАМ За Наша Македонија - ОО Кисела Вода

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Движење ЗНАМ За Наша Македонија - ОО Кисела Вода

Движење ЗНАМ За Наша Македонија - ОО Кисела Вода Адреса: Ул. Емил Зола бр.6 лок.13

Телефон: +389 78 215 873

Канцеларијата е отворена
Среда
18-20h

Емаил: [email protected]

Заедничка поддршка за сите наши ученици во Општина Кисела Вода. Секое прваче во Општина Кисела Вода ќе добие бесплатен а...
27/08/2026

Заедничка поддршка за сите наши ученици во Општина Кисела Вода.

Секое прваче во Општина Кисела Вода ќе добие бесплатен анатомски ранец и училишен прибор (без критериуми и без дополнителни процедури).

Сите 5500 основци ќе добијатбесплатни училишни униформи.

Со ова директно се олеснува домашниот буџет и создаваат еднакви услови за секое дете.

Ви посакуваме среќен и безгрижен почеток на учебната година!

27/08/2026

МЕГА ИНТЕРВЈУ | Никола Мемов: Потребна е реформа на пензискиот систем - Прочитај повеќе на Економија и Бизнис. Економија и бизнис

16/08/2026
02/08/2026

Почитувани,

Во име на Министерството за јавна администрација и во мое лично име, дозволете ми да го честитам 2 Август – Илинден, Денот на Републиката.

Илинден е најсветлиот симбол на нашата државност, слободарскиот дух и непоколебливата верба во сопствената иднина. На овој голем празник со длабока почит им оддаваме признание на сите што се бореа за слободна Македонија, како и на историското Прво заседание на АСНОМ, со кое беа поставени темелите на современата македонска државност.

Илинден не е само спомен, тоа е трајна обврска да ја чуваме државата, да го негуваме единството и да работиме за општото добро. Секоја генерација има своја задача, да ги продолжи идеалите на слободата, правдата и достоинството, со одговорност, чесност и посветеност.

Силна држава се гради со силни институции и луѓе што совесно и служат. Токму затоа, Министерството за јавна администрација останува посветено на создавање професионална, ефикасна и транспарентна јавна администрација, која секојдневно ќе го оправдува доверениот јавен интерес и ќе биде вистински сервис на граѓаните.

Нека Илинден не обедини околу она што е најважно, љубовта кон татковината, почитта кон нашата историја и одговорноста кон иднината. Да продолжиме заедно да градиме држава во која ќе владеат правдата, знаењето, солидарноста и еднаквите можности за сите.

Нека е честит 2 Август – Илинден, Денот на Републиката! 🇲🇰

Срдечно,
Горан Минчев
Министер за јавна администрација

02/08/2026

Илинден не е само датум во нашиот календар.
Тој е симбол на храброста, жртвата и непокорот на македонскиот народ, но и вечен потсетник дека слободата и државноста се чуваат со чесна работа, единство и љубов кон татковината.

На денешниот голем празник им оддаваме почит на илинденците и на сите кои ги вградија своите животи во темелите на современа Македонија.

Наша обврска е со одговорност и посветеност да ја продолжиме нивната идеја, да создаваме подобра, посилна и попросперитетна држава за идните генерации.

Нека е честит и вечен 2 Август – Илинден! 🇲🇰

Илинден е повеќе од датум!Илинден е заклетва!
02/08/2026

Илинден е повеќе од датум!
Илинден е заклетва!

30/07/2026

Општина Кисела Вода објави два јавни повика за субвенции при набавка на пелети и печки на пелети, наменети за домаќинствата од општината. Средствата од Буџетот за 2026 година ќе се доделуваат преку Архивата, по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Со првиот јавен повик се нуди субвенционирање за набавка на пелети, за што е обезбеден буџет од вкупно 2.000.000,00 денари. Општината ќе кофинансира 50% од вредноста на набавените пелети, но не повеќе од 10.000,00 денари со вклучен персонален данок. Рокот за аплицирање трае до исцрпување на средствата, а најдоцна до 31.10.2026 година. Дополнителни информации можат да се добијат на електронската адреса [email protected].

Вториот повик се однесува на поддршка за купување на печки на пелети, намена за која се одвоени 300.000,00 денари. Преку оваа мерка ќе се покријат 50% од трошоците на домаќинствата за купување на печката, до максимален износ од 20.000,00 денари со вклучен данок. Услов е барателите претходно да немаат искористено субвенции за печка на пелети или инвертер од кој било извор во државата. Овој повик ќе биде отворен најдоцна до 30.11.2026 година, односно до исцрпување на предвидените финансии, додека за прашања е достапна адресата [email protected].

И за двата повика право на учество имаат домаќинствата кои не се поврзани на градското парно греење. Ќе се рефундираат средства за купувања извршени почнувајќи од 1 јануари 2026 година па сè до завршувањето на повиците. Како доказ е задолжително приложување на фискална сметка или фактура, како и извод од банка за извршена уплата во оригинална форма. Барањата можат да се подигнат од Архивата или од општинската веб-страница (www.kiselavoda.gov.mk), по што заедно со целосната документација се доставуваат исклучиво во затворен плик преку Архивата на Општина Кисела Вода до Комисијата за спроведување на постапката. Пријавите со непотполна документација или оние пристигнати по рокот нема да се земат предвид. Сите дополнителни информации се достапни на следните линкови:

https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2026/07/peleti2026.pdf

https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2026/07/pecki2026.pdf

30/07/2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Општина Кисела Вода во ги известува граѓаните дека денес (30.07.2026 година), во периодот од 22:00 до 00:00 часот, во соработка со Град Скопје ќе се спроведе прскање против комарци на територијата на општината.

Да не забораваме. Да го чуваме градот, но пред сè — да се чуваме едни со други и да го цениме секој миг. 🤍
26/07/2026

Да не забораваме. Да го чуваме градот, но пред сè — да се чуваме едни со други и да го цениме секој миг. 🤍

26 јули 1963, 05:17 часот.

​Моментот кога времето во Скопје застана.
​Овој часовник на Старата железничка станица е вечен потсетник за тоа колку брзо сè може да се промени. Во само една секунда, во еден единствен трепет на земјата, исчезнаа насмевки, домови, цели светови...

​Животот нè учи да планираме, да брзаме, често заборавајќи колку сме всушност кревки. Но, овој ден нè потсетува на суштинската вистина — дека сè што имаме е сега. Секој момент со најблиските, секој глетка, секоја прегртка е дар, зошто во следниот момент сè може да биде поинаку.

​Скопје тогаш падна, но се издигна од пепелта благодарение на солидарноста, љубовта и пркосот на своите луѓе.

​Да не забораваме. Да го чуваме градот, но пред сè — да се чуваме едни со други и да го цениме секој миг. 🤍🕊️

#скопје #Солидарност #26јули

Започна поднесувањето на барањата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. Ги повикувам земјоделците нав...
25/07/2026

Започна поднесувањето на барањата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. Ги повикувам земјоделците навреме да се информираат, да ги проверат своите податоци и да аплицираат најдоцна до 30 септември.
Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се достапни за помош во целиот процес.
Финансиската поддршка претставува вложување во поголемо домашно производство на храна!

Земјоделските стопанства можат да поднесат барања за основна и дополнителна поддршка на доходот по површина и по грло добиток, директни плаќања по единица производ, поддршка на влезните елементи во производството и поддршка за малите земјоделски стопанства.

Барањата се поднесуваат електронски преку веб-порталот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. За сите земјоделци на кои им е потребна помош при аплицирањето, на располагање се подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Пред поднесувањето, потребно е земјоделците внимателно да ги проверат и навреме да ги ажурираат податоците во соодветните регистри. За полесно разбирање на мерките, условите и постапката за аплицирање, објавен е и Водич за директни плаќања во земјоделството за 2026 година.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 30 септември 2026 година.

https://www.mzsv.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/novosti/zapocna-podnesuvanjeto-baranja-za-finansiska-poddrska-vo-zemjodelstvoto-za-2026-godina

———————————————————————————

Ekonomitë bujqësore mund të paraqesin kërkesa për mbështetje bazë dhe shtesë të të ardhurave sipas sipërfaqes së kultivuar dhe numrit të krerëve të bagëtive, pagesa direkte për njësi produkti, mbështetje për elementet hyrëse në prodhim, si dhe mbështetje për ekonomitë e vogla bujqësore.

Kërkesat paraqiten në mënyrë elektronike përmes portalit të Agjencisë për Mbështetje Financiare në Bujqësi dhe Zhvillim Rural. Për të gjithë fermerët që kanë nevojë për ndihmë gjatë aplikimit, në dispozicion janë njësitë rajonale të Ministrisë së Bujqësisë, Pylltarisë dhe Ekonomisë së Ujërave.

Para paraqitjes së kërkesës, fermerët duhet t'i kontrollojnë me kujdes dhe t'i përditësojnë me kohë të dhënat në regjistrat përkatës. Për të lehtësuar kuptimin e masave, kushteve dhe procedurës së aplikimit, është publikuar edhe Udhëzuesi për Pagesat Direkte në Bujqësi për vitin 2026.

Afati i fundit për paraqitjen e kërkesave është 30 shtator 2026.

https://www.mzsv.gov.mk/sq-AL/odnosi-so-javnost/novosti/zapocna-podnesuvanjeto-baranja-za-finansiska-poddrska-vo-zemjodelstvoto-za-2026-godina

Address

Улица Св. Кирил и Методиј бр. 50/1-1, Центар
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Движење ЗНАМ За Наша Македонија - ОО Кисела Вода posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share