НСДП - Нова социјалдемократска партија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • НСДП - Нова социјалдемократска партија

НСДП - Нова социјалдемократска партија 🔵Силно❕️⚫️Одговорно❕️🟡Чесно❕️ Political party
https://nsdp.org.mk/

🟨МИСОВСКИ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НСДП НА СЕДМИОТ КОНГРЕС‼️ 🟦НСДП ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ БОРИ ЗА ДОСТОИНСТВЕНО ВРЕДНУВАЊЕ НА ...
01/06/2026

🟨МИСОВСКИ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НСДП НА СЕДМИОТ КОНГРЕС‼️
🟦НСДП ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ БОРИ ЗА ДОСТОИНСТВЕНО ВРЕДНУВАЊЕ НА ТРУДОТ И ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ‼️

🟨Вчера во Скопје се одржа Седмиот конгрес на НСДП на кој за претседател беше избран Горан Мисовски, досегашниот претседател на партијата. На Конгресот беа избрани Централен одбор со 70 члена и Надзорен одбор со 9 члена.
🟦Покрај изборот на претседател на партијата и партиски органи за мандатниот период 2026-2030 година, делегатите на Конгресот го разгледаа и усвоија Извештајот за работата на НСДП за периодот 2022-2026 година.
🟨Седмиот конгрес на НСДП усвои и неколку програмски документи:
1️⃣Декларација за заштита на трудот‼️
2️⃣Декларација за намалување на прекарната работа и несигурниот работен однос‼️
3️⃣Етички кодекс на НСДП‼️
🟦НСДП ја усвои Декларацијата за заштита на трудот имајќи ги предвид тешката општествена и економска положба на обичните работници, нефункционирањето на економско-социјалниот дијалог, понижувањето на синдикалната борба, како и отсуството на реални кризни мерки за поддршка на најранливите и најзагрозените граѓани.
🟨Затоа VII Конгрес на НСДП ја реафирмира заложбата за заштита на трудот и за негово вистинско вреднување во процесот на создавање и распределба на општественото богатство.
🟦НСДП останува на уверувањето дека економскиот напредок има смисла само доколку се одразува врз животниот стандард и сигурноста на граѓаните. НСДП со оваа Декларација ја афирмира идејата дека трудот не е само фактор на производство – трудот е капитал, општествена вредност и темел на демократското општество.
🟨Со Декларацијата за намалувањето на прекарната работа и несигурниот работен однос НСДП ја препознава прекарната работа како отстапување од стандардниот и достоинствен работен однос. Таа се манифестира преку несигурност на работното место, ниски и нестабилни приходи, ограничен пристап до пензиско и здравствено осигурување, слаба заштита на работничките права и постојан страв од губење на работата.
🟦Во македонски услови, прекарноста не е само прашање на видот на договорот. Таа претставува поширок социјален и економски проблем што ја намалува вредноста на трудот, ја поткопува средната класа и го забрзува иселувањето на младите и квалификуваните работници. Особено погодени се младите, жените, сезонските работници, работниците во текстилната индустрија, трговијата, угостителството и новите дигитални платформи. Наместо сигурна иднина, тие се соочуваат со нестабилност, ограничени можности за напредок и зависност од краткорочни работни ангажмани.
🟨НСДП смета дека оваа состојба не е неизбежна последица на модерната економија, туку резултат на политички и економски избори. Затоа, борбата против прекарната работа претставува борба за достоинствен труд, социјална правда и развој на општество во кое човекот е поважен од профитот.
🟦Со донесувањето на Етичкиот кодекс на НСДП се воспоставуваат јасни, применливи и обврзувачки стандарди на етичко однесување, како и основи за нивно доследно спроведување, со цел заштита на угледот на партијата, зајакнување на довербата на граѓаните и унапредување на политичката култура.
🟨НСДП е определена за доследна и принципиелна борба против корупцијата, злоупотребата на функцијата и судирот на интереси, како и за воспоставување и унапредување на систем на финансиска транспарентност, отчетност и одговорно управување со јавните ресурси, како предуслов за градење доверба на граѓаните во институциите и политичките субјекти.
🟦Политичкото делување на членовите и функционерите на НСДП се темели на принципите на законитост, чесност, интегритет, одговорност, транспарентност и доследно почитување на јавниот интерес, како и на унапредување на демократијата, владеењето на правото и човековите права.

🟨🟦СЕДМИ КОНГРЕС ✊️✊️✊️НСДП - Нова социјалдемократска партија
31/05/2026

🟨🟦СЕДМИ КОНГРЕС ✊️✊️✊️
НСДП - Нова социјалдемократска партија

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Св. Кирил и Методиј, НСДП упатува искрени честитки ...
24/05/2026

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Св. Кирил и Методиј, НСДП упатува искрени честитки до сите граѓани.

Нивното дело претставува темел на словенската писменост, култура и духовност. Со создавањето на глаголицата и ширењето на писменоста, тие го отворија патот кон образованието и просветителството, оставајќи трајна и неизбришлива трага во историјата на словенските народи.

За македонскиот народ, делото на светите браќа Кирил и Методиј претставува и темел врз кој се развивале македонската писменост, македонскиот јазик, идентитетот и културата. Нивната просветителска мисија е вградена во нашето духовно и национално наследство.

Денес, нивниот завет нè потсетува на значењето на знаењето, образованието и зачувувањето на културното наследство како основа за напредно и достоинствено општество.

Нека ни е честит 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Св. Кирил и Методиј!

🖲️ ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа предлогот за министри со едно државјанство❗️НСДП оценува дека вчерашното однесување на прате...
19/05/2026

🖲️ ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа предлогот за министри со едно државјанство❗️

НСДП оценува дека вчерашното однесување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието претставува класичен пример на политичко лицемерие и целосно откажување од јавно декларираните принципи.

ВМРО-ДПМНЕ со месеци гласно најавуваше измени на Законот за пратеници со кои избраните народни претставници би морале да имаат исклучиво македонско државјанство.

Се претставуваа како најголеми бранители на државниот интерес, отвораа дебати и бараа поддршка од јавноста.

Но кога во Собранието од страна на Пратеничката група на СДСМ, НСДП и Коалицијата беше предложено истиот принцип да важи и за членовите на Владата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се повлекоа и не го поддржаа предлогот. Со тоа паднаа на сопствениот патриотски тест.

НСДП јавно прашува: Ако пратеник треба да има исклучиво македонско државјанство, зошто тоа да не важи и за министер? Ако овој принцип важи за законодавната власт, зошто не важи и за извршната власт?

Очигледно е дека за ВМРО-ДПМНЕ патриотизмот служи само за дневнополитички настапи, а не како вистински принцип зад кој стојат и кога треба да гласаат.

Граѓаните уште еднаш видоа дека зад големите зборови на ВМРО-ДПМНЕ не стојат принципи, туку двојни стандарди и политички калкулации. Кога треба да се гласа и да се преземе одговорност, нивниот „патриотизам“ исчезнува.

🖲Владата повторно удира по стандардот на студентите и младите‼️НСДП укажува дека Владата на Мицкоски работи исклучиво во...
19/05/2026

🖲Владата повторно удира по стандардот на студентите и младите‼️

НСДП укажува дека Владата на Мицкоски работи исклучиво во интерес на богатите, додека студентите и нивните семејства се оставени сами да се справуваат со новите финансиски удари.

Прво УЈП започна да ги таргетира студентите кои работеле сезонска работа во странство, барајќи оданочување на средства што младите ги заработиле со сопствен труд за да можат да студираат и да обезбедат подобра иднина.

Сега, со новите измени на Законот за студентски стандард, власта дополнително го зголемува притисокот:
❌ се намалува опфатот на стипендии за студенти од социјално ранливи категории,
❌ се зголемуваат трошоците за сместување во студентските домови,
❌ се создава систем во кој оние што можат да платат повеќе ќе живеат во реновирани домови, а останатите ќе бидат оставени во нереновирани и со полоши услови.

Ова не е реформа – ова е директен удар врз еднаквите можности на студентите.

Додека младите масовно ја напуштаат државата, Владата наместо да создава услови за квалитетно образование и достоинствен студентски живот, носи политики што ги оттурнуваат уште повеќе.

Образованието не смее да стане привилегија само за богатите!

НСДП бара итно повлекување на овие штетни мерки и креирање политики што вистински ќе ги поддржат студентите и ќе обезбедат еднакви шанси за сите.

Младите не се трошок – тие се иднината на државата!

18/05/2026
🟨19 СЕДНИЦА НА ЦЕНТРАЛНИОТ ОДБОР‼️ 🟦ГОРАН МИСОВСКИ ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НСДП НА СЕДМИОТ КОНГРЕС НА ПАРТИ...
17/05/2026

🟨19 СЕДНИЦА НА ЦЕНТРАЛНИОТ ОДБОР‼️
🟦ГОРАН МИСОВСКИ ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НСДП НА СЕДМИОТ КОНГРЕС НА ПАРТИЈАТА‼️
🟨УТВРДЕНИ КОНГРЕСНИТЕ ПРОГРАМСКИ ДОКУМЕНТИ‼️

Денес во Скопје се одржа 19тата седница на Централниот одбор на НСДП.

На седницата се разгледуваа програмските и извештајни документи за претстојниот Седми Конгрес на партијата и кадровски прашања за утврдување на предлог-кандидат за претседател и за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор.

Седмиот Конгрес на НСДП ќе се одржи на 31 мај 2026 година во хотел Хилтон, во Скопје.

Централниот одбор на Конгресот му предложи усвојување на следните документи:

1️⃣Извештај за работата на НСДП помеѓу Петтиот и Седмиот Конгрес, 2022 – 2026 година;
2️⃣Декларација за заштита на трудот;
3️⃣Декларација за намалување на прекарната работа и несигурниот работен однос;
4️⃣Етички кодекс на НСДП;
5️⃣Одлука за бројот на членовите на Централниот одбор на НСДП и за дополнување на Централниот одбор со членови до статутарниот максимум помеѓу два конгреса;
6️⃣Одлука за престанок на членство во Централниот одбор.

✅️За единствен предлог-кандидат за претседател на НСДП на Седмиот Конгрес, едногласно беше утврден досегашниот претседател на партијата, Горан Мисовски.

✅️Исто така беше утврдена предлог-листа за членови на Централниот одбор на НСДП, орган кој ќе брои 70 членови и предлог-листа за членови на Надзорниот одбор на НСДП, орган кој ќе брои 9 члена.

Централниот одбор го утврди и Дневниот ред на Седмиот Конгрес.

🟨🟦Силно и чесно‼️

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when НСДП - Нова социјалдемократска партија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to НСДП - Нова социјалдемократска партија:

Share