Златко Перински

Златко Перински 🇲🇰 | Министер за локална самоуправа | Minister of Local Self Government

Во Музејот на современа уметност, на покана на Н.Е. Паоло Палминтери, амбасадор на Италија, присуствував на приемот по п...
04/06/2026

Во Музејот на современа уметност, на покана на Н.Е. Паоло Палминтери, амбасадор на Италија, присуствував на приемот по повод Националниот ден на Италија.

Односите меѓу двете држави ги градиме преку доверба, меѓусебно почитување и конкретна соработка, а во духот на заедничките европски вредности.

На покана на амбасадорот на Шведска во Македонија, Ola Sohlström, присуствував на прием по повод одбележувањето на Нацио...
03/06/2026

На покана на амбасадорот на Шведска во Македонија, Ola Sohlström, присуствував на прием по повод одбележувањето на Националниот ден на Шведска.

Шведска е долгогодишен партнер и поддржувач на реформските процеси, локалниот развој и јакнењето на демократските институции.

На пратеничките прашања дадов јасни и аргументирани одговори поткрепени со факти.Во политиката најважни се конкретните р...
28/05/2026

На пратеничките прашања дадов јасни и аргументирани одговори поткрепени со факти.

Во политиката најважни се конкретните резултати и проектите што носат подобри услови за граѓаните и општините, а не празните обвинувања.

📌Остварив работна средба со Бранко Азески, претседателот на Стопанска комора, на која разговаравме за потребата од посил...
27/05/2026

📌Остварив работна средба со Бранко Азески, претседателот на Стопанска комора, на која разговаравме за потребата од посилна и конкретна соработка помеѓу министерството и Комората.

🗣️Разменивме мислења и идеи за повеќе значајни теми поврзани со локалниот економски развој, инфраструктурните инвестиции, дигитализацијата на локалните услуги, и што тоа значи за приватниот сектор, како и можностите за подлабока соработка на Комората со општините и планските региони.

🤝Само преку координирана соработка помеѓу институциите, локалната самоуправа и бизнис заедницата можеме да создадеме одржлив локален и регионален развој, подобра деловна клима и поквалитетни услуги за граѓаните.

#ЗлаткоПерински

📌Официјално беа потпишани договорите за шесте проекти поддржани во рамки на ИПА III Програмата за прекугранична соработк...
22/05/2026

📌Официјално беа потпишани договорите за шесте проекти поддржани во рамки на ИПА III Програмата за прекугранична соработка со Косово.

💰Вкупната вредност на проектите изнесува 3,24 милиони евра, а се насочени кон заштита на животната средина, развој на туризмот, социјална инклузија, институционално јакнење и локален економски развој.

✅Овие иницијативи претставуваат значајна поддршка за општините, националните паркови и приватниот сектор, но и потврда дека преку партнерски пристап и добро планирање можат да се реализираат проекти со конкретна и долгорочна вредност за граѓаните.

❗️Како Министерство за локална самоуправа, продолжуваме посветено да работиме на унапредување на локалниот развој, јакнење на капацитетите на општините и поголемо искористување на европските фондови и можности.

#ЗлаткоПерински

Остварив средба со Anacláudia Rossbach,  извршен директор на УН -Хабитат, на која разговаравме за можностите и програмит...
20/05/2026

Остварив средба со Anacláudia Rossbach, извршен директор на УН -Хабитат, на која разговаравме за можностите и програмите што и се достапни на Македонија преку УН -Хабитат.

Разменивме мислења и за поддршката во областа на одржливиот урбан развој и домувањето со цел унапредување на квалитетот на живот во општините.

Преку соработката со УН-Хабитат ќе се отворат нови можности за поддршка на одржливиот урбан развој, јакнење на локалната самоуправа, унапредување на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.

Остварив билатерална средба со Tim Lardner, регионален директор за Европа и Централна Азија на УНОПС. На средбата размен...
19/05/2026

Остварив билатерална средба со Tim Lardner, регионален директор за Европа и Централна Азија на УНОПС.

На средбата разменивме мислења и искуства за можностите за продлабочување на соработката во делот на локалниот и регионалниот развој, како и за спроведување на капитални инфраструктурни проекти, со посебен акцент на ефикасноста, транспарентноста и одржливиот развој.

📌Во рамки на Светскиот урбан форум во Баку, на покана на генералниот секретар, Чемил Арслан, како и Бурчухан Шенер, дире...
19/05/2026

📌Во рамки на Светскиот урбан форум во Баку, на покана на генералниот секретар, Чемил Арслан, како и Бурчухан Шенер, директорка за меѓународни прашања, го посетив штандот на Marmara Municipalities Union на Urban Expo.

Разговаравме за можностите за продлабочување на соработката, размена на искуства и добри практики во делот на локалниот развој, урбаното планирање, дигитализацијата и јакнењето на капацитетите на општините, начините на поврзување на општините со ЕУ програми и слично.

Интересот за соработка со Македонија и нашите општини и институции е се поголем, и токму затоа Министерството за локална самоуправа останува посветено на градење активни меѓународни партнерства кои ќе значат современи, ефикасни и развојно ориентирани локални заедници.

Како носител на делегацијата од Македонија, учествувам на World Urban Forum 13, еден од најзначајните глобални настани п...
17/05/2026

Како носител на делегацијата од Македонија, учествувам на World Urban Forum 13, еден од најзначајните глобални настани посветени на иднината на градовите, локалниот развој и создавањето одржливи и отпорни заедници.

Форумот, организиран од UN-Habitat, претставува глобална платформа каде се отвораат најважните прашања поврзани со урбанизацијата, домувањето, климатските предизвици, инфраструктурниот развој и политиките што директно влијаат врз квалитетот на живот на граѓаните.

На самиот почеток на форумот, заедно со повеќе од 100 министри и носители на национални делегации, се обратив на отворањето на настанот, во делот предвиден за обраќања на министрите, посветен на темата „Housing the World: Safe and Resilient Cities and Communities“.

📌Учествував на Форум и Финална конференција на проектот „Иновативни дигитални општински решенија во Општина Тетово“, пос...
12/05/2026

📌Учествував на Форум и Финална конференција на проектот „Иновативни дигитални општински решенија во Општина Тетово“, посветени на унапредувањето на дигитализацијата и модернизацијата на локалната самоуправа.

🗣️Во рамки на панелот на кој учествував, дискутирав за потребата од системски пристап во делот на дигитализација на локалните услуги, развој и креирање политики што ќе овозможат сите општини, независно од нивната големина и капацитет, да располагаат со лесно достапни дигитални услуги што ќе значи пократки административни процедури и поефикасни општини.

💻Воедно, се осврнав и на улогата на дигиталната трансформација во зајакнувањето на процесот на децентрализација и унапредувањето на локалните услуги во интерес на граѓаните.

#ЗлаткоПерински

Address

Sv. Kiril I Metodij 54
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Златко Перински posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share