17/04/2026
Со особено задоволство ја споделуваме оваа значајна иницијатива на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, реализирана во соработка со Council of Europe Programme Office in Skopje, преку која лектирата „Пинокио“ се користи како алатка за едукација и превенција на трговија со деца.
Изработени се прирачници за наставници, прилагодени според возраста на учениците, со цел да се овозможи навремено препознавање на ризици, развивање на критичко размислување и зајакнување на заштитата на децата.
Бајките отсекогаш се сметале за моќни алатки за учење на малите деца за животот: како да ги препознаваат емоциите, да научат да прават разлики меѓу доброто и лошото и да ги разберат последиците од своите постапки.
Сценаријата ја користат богатата симболика на приказната за "Пинокио" за да ги научат учениците за градењето на доверба и како да препознаваат манипулации, лаги, лажни ветувања и експлоатација. Се нагласува развивањето меки вештини кај учениците, како што се ефективна комуникација, критичко размислување, тимска работа, креативност и одговорно однесување. Целта е да се подготват децата да препознаваат штетни однесувања и да се заштитат себеси и другите од трговија со деца и други злоупотреби.
Методологијата вклучува прилагодени сценарија во зависност од возраста и нивото на разбирање на учениците од 1-во до 6-то одделение.
Изразуваме искрена благодарност до Совет на Европа за поддршката и партнерството во унапредување на системот за заштита на децата.
Прилагодени материјали сега достапни за секое одделение (1-6).
Проверете тука за повеќе информации: https://go.coe.int/jiy10
#Пинокио #основнообразование
Бајките отсекогаш се сметале за моќни алатки за учење на малите деца за животот: како да ги препознаваат емоциите, да научат да прават разлики меѓу доброто и лошото ...