19/06/2026
Две години постоење на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини!
Зад нас е историска година на силни реформи, клучни инвестиции и бескомпромисна заштита на државните ресурси. Во чест на двегодишнината, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини може да се гордее со испорачани видливи резултати и повеќе од 700 домашни и меѓународни активности во периодот јуни 2025 – јуни 2026 година.
Министерката Сања Божиновска исткана дека ова беше година во која се создадени нови закони, започнати историски инфраструктурни проекти и воведени се ред во секторите од суштинско значење за развојот на државата.
Ставивме ред, план и транспарентност таму каде што со децении владееше стагнација, и затоа денес можеме да споделиме дека:
• По цели 13 години повторно е ставен во функција продуктоводот Солун-Скопје и започна изградбата на гасната интерконекција со Грција!
• Сигурноста во снабдувањето со енергија бележи рекорден раст од 21% на 41%, а донесен е и новиот Закон за енергетика усогласен со ЕУ.
• Воспоставен е детален дигитален надзор во рударството, со што приходите од концесии се зголемени за повеќе од двапати.
• Македонскиот рубин за првпат доби институционална заштита и статус на заштитено национално минерално наследство.
• Обезбедени се 50 милиони евра за енергетска ефикасност и започна проект од 11 милиони евра за комплетна реконструкција на јавни објекти во кои се сместени 33 државни институции.
• Доделени се 4.070 ваучери за инвертер клима уреди и исплатени се 148,8 милиони денари помош за ранливите потрошувачи.
• Намален е финансискиот ризик од судски побарувања за неверојатни 380 милиони денари во корист на државата.
И понатаму ќе продолжиме со силно темпо создавајќи енергетски независна, модерна и силна Македонија!
Повеќе инфаормации на линкот во прилог: https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/godina-na-rezultati-merms-gradi-sigurna-moderna-i-evropska-energetska-idnina