26/05/2026
На ден 26.05.2026 година, во просториите на ,,Меморијален центар на Холокаустот на Евреите од Македонија” се одржа свечено доделување на награди на конкурсот на тема „Холокаустот низ призмата на детските очи“ за изработка на ликовни, литературни творби и краткометражни документарни филмови .
На конкурсот учествуваа голем број ученици од повеќе училишта од Република Македонија кои преку својата креативност, истражување и уметнички израз ја прикажаа трагедијата на Холокаустот од перспектива на младите.
Нашето училиште освои прво место со краткометражниот филм „Под исто небо“ кој остави силен впечаток кај жири-комисијата со својата емотивна приказна, оригинално сценарио и внимателно изработена драматизација.
Во реализацијата на филмот учествуваа учениците од трета година.
Сценарио:Бојана Стојковиќ
Главни ликови: Ангела Блажевска, Ива Стефновска, Стефанија Бошковска, Илија Буцевски и Марко Величковски.
Споредни ликови: Глорија Трендафилова, Јана Китановска, Моника Тапарчевска, Деница Денковска и Христина Боцевска.
Камера:Ана Марија Стамчевска и Бојана Стојковиќ.
Наратор:Давид Арсов
Жири-комисијата упати особени пофалби за филмот, истакнувајќи:
„Овој филм е зрел, филмски убедлив и емотивно силен. Средношколците не само што ја разбраа задачата, туку ја надминаа – преку одлична драматизација и сопствено сценарио, внесоа лично гледиште за судбината на македонските Евреи. Со внимателна работа и користење на стари и нови технологии, оригинални и артифициелни кадри на вистинско место, со добар звук и монтажа, филмот покажува вистинска авторска зрелост и длабока почит кон жртвите. Заслужено е победник.“
Овој успех претставува голема чест и гордост за нашето училиште, како и поттик за учениците и понатаму преку уметноста, креативноста и тимската работа да испраќаат силни пораки за човечност, почит и сеќавање