03/06/2026
Реализацијата на Развојната секторска стратегија за правосудство достигна 56,9%, а реформите во судството и обвинителството надминаа 81% ⚖️🇪🇺
Денес беше промовиран Годишниот извештај за спроведувањето на Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028 за 2025 година — документ кој дава сеопфатен преглед на напредокот во реализацијата на реформите во правосудниот сектор.
Резултатите покажуваат дека реформите во правосудството се движат во вистинска насока. Од предвидените 116 активности, 66 се целосно реализирани, а 50 се во фаза на реализација, со вкупна стапка на спроведување од 56,9%.
Особено значајни се резултатите во областа на судството и јавното обвинителство, каде што реализацијата надминува 81%, како и напредокот во реформите поврзани со Уставниот суд, со стапка од 75%.
Овие показатели претставуваат потврда за посветеноста на институциите кон изградба на современ, ефикасен и транспарентен правосуден систем, усогласен со европските стандарди и потребите на граѓаните. 📊
Продолжуваме со засилена динамика во реализацијата на реформските приоритети, со фокус на дигитализацијата, јакнењето на институционалните капацитети и унапредувањето на владеењето на правото.
Секој чекор напред во правосудството значи поголема правна сигурност, посилни институции и поголема доверба кај граѓаните. ✅