Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи

Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Government Organization, Улица Бихаќка, бр. 02 Палата Емануел Чучков Влез 1 кат 2, Skopje.

Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРГ) е самостоен орган на државна управа, надлежен за прашањата од верската сфера во државата.

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ДИЈАЛОГ ЗА ЕДИНСТВО И МИР 2026“На 23 јуни 2026 година, директорката на Комисијата за односи со...
24/06/2026

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ДИЈАЛОГ ЗА ЕДИНСТВО И МИР 2026“

На 23 јуни 2026 година, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, присуствуваше на свеченото отворање на меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ во Скопје. Конференцијата е во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC) и Алумни асоцијацијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов.

На свеченото отворање свои обраќања имаа поранешниот претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем, г. Љупчо Димовски, амбасадорката на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Џијанг Сјаојан, како и потпретседателот на Кинеската асоцијација за меѓународно разбирање (CAFIU), Лиу Хонгцај.

Во рамките на првиот панел посветен на предизвиците за меѓународниот мир, безбедноста и владеењето на правото учествуваа: поранешниот министер за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу; поранешниот претседател на Генералното собрание на Обединетите нации и поранешен министер за надворешни работи на Република Србија, Вук Јеремиќ; поранешниот министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Миро Ковач; како и Ерик Ли, претседател на Центарот за Кина и глобализација.

Конференцијата обедини поранешни шефови на држави, министри, дипломати, универзитетски професори, истражувачи, претставници на меѓународни организации, бизнис-лидери и млади од повеќе земји од Европа и Азија, кои дискутираа за актуелните глобални предизвици, меѓународниот мир и безбедност, економскиот развој, регионалната поврзаност, културната размена, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и улогата на младите во современиот свет.

Комисијата останува посветена на поддршка на иницијативите кои придонесуваат за развој на дијалогот, меѓусебното разбирање и почитувањето на различностите како темелни вредности за градење на мирно и демократско општество.

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈАПо повод Денот на јавната администрација, директорката г-ѓа Оливера Трајковска,...
23/06/2026

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

По повод Денот на јавната администрација, директорката г-ѓа Оливера Трајковска, заедно со административните службеници на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, присуствуваше на свечениот настан организиран под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“.

На настанот свои обраќања имаа претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, министерот за јавна администрација Горан Минчев, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и шефот за соработка на Делегацијата на Европската Унија, Штефен Худолин.

Во рамките на одбележувањето беше одржана и панел-дискусија со високи претставници од регионот, посветена на предизвиците и перспективите во реформата на јавната администрација, дигиталната трансформација и унапредувањето на јавните услуги.

Во своите обраќања говорниците ја нагласија важноста од градење професионална, ефикасна и отчетна јавна администрација, како и улогата на дигитализацијата во јакнењето на довербата на граѓаните во институциите.

По повод Денот на јавната администрација беа доделени и признанија за управување со квалитет во јавниот сектор, при што првото место го освои Министерството за дигитална трансформација, второто место Агенцијата за храна и ветеринарство, а третото место Институтот за акредитација.

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, како еден од најстарите државни органи во Македонија, се приклучува кон овие заложби. Потребно е јавната администрација да претрпи одредени реформи, со цел создавање мотивирани, одговорни и високопрофесионални административни службеници, кои ќе бидат столбот на институциите.

ДИРЕКТОРКАТА ТРАЈКОВСКА НА ВЕЛИЧЕНСТВЕНА ИЗВЕДБА НА „CARMINA BURANA“ ВО ЗНАК НА РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА🇲🇰🇬🇷🇧🇬 На покана н...
21/06/2026

ДИРЕКТОРКАТА ТРАЈКОВСКА НА ВЕЛИЧЕНСТВЕНА ИЗВЕДБА НА „CARMINA BURANA“ ВО ЗНАК НА РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА

🇲🇰🇬🇷🇧🇬 На покана на Амбасадата на Република Грција во Република Северна Македонија, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, присуствуваше на свечената изведба на монументалното дело „Carmina Burana“ од германскиот композитор Карл Орф, која се одржа на отворено во Градскиот парк во Скопје.

Настанот претставуваше исклучителен пример на билатерална и интеркултурна соработка, обединувајќи ги Државниот симфониски оркестар од Солун, Филхармонијата на Република Македонија и Софиската филхармонија. Под диригентската палка на Најден Тодоров, на сцената настапија речиси 240 музичари и уметници од Грција, Македонија и Бугарија, изведувајќи едно од најпознатите музички дела на 20 век.

Во концертот учествуваа и реномираните солисти Ана Дурловски (сопран), Николас Спанос (тенор) и Иво Јорданов (баритон), како и Хорот на Музичкото училиште од Солун и Детскиот хор „Пиколо“.

Преку ваквите културни настани се испраќа силна порака за значењето на меѓусебното почитување, добрососедството и градењето мостови на соработка меѓу народите, потврдувајќи дека културата и уметноста претставуваат универзален јазик кој ги поврзува луѓето без оглед на нивните различности.

ИСЛАМСКАТА ХИЏРЕТСКА НОВА ГОДИНА 1448 ОДБЕЛЕЖАНА СО СВЕЧЕНА МАНИФЕСТАЦИЈАНа 16.06.2026 година, Директорката на Комисијат...
17/06/2026

ИСЛАМСКАТА ХИЏРЕТСКА НОВА ГОДИНА 1448 ОДБЕЛЕЖАНА СО СВЕЧЕНА МАНИФЕСТАЦИЈА

На 16.06.2026 година, Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, присуствуваше на централната манифестација по повод одбележувањето на Исламската Хиџретска Нова Година 1448, организирана од Исламската верска заедница.

На настанот свое обраќање имаше Реисот Ул Улема Шаќир ефенди Фетаи; настапи хорот при ИВЗ, чиј состав го сочинуваат ученици од медресата Иса беј и Факултетот за исламистички науки. Настапија и познати естрадни уметници, беше прикажан краток документарен филм за ИВЗ и беа доделени годишни признанија.

На Ријаситетот и на сите верници од исламска вероисповед, Комисијата им ја честита Новата Хиџретска година, со желби истата да ја поминат во знак на мирољубие, солидарност и добрина!

КОВЗРГ ДОСТОИНСТВЕНО ГО ОДБЕЛЕЖА ЈУБИЛЕЈОТ – 40 ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА АРХИЕПИСКОПОТ АНГЕЛАРИЈВо храмот „Свети велик...
15/06/2026

КОВЗРГ ДОСТОИНСТВЕНО ГО ОДБЕЛЕЖА ЈУБИЛЕЈОТ – 40 ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА АРХИЕПИСКОПОТ АНГЕЛАРИЈ

Во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје денес достоинствено беше одбележана 40-годишнината од упокојувањето на блаженоупокоениот Архиепископ охридски и македонски г.г. Ангелариј, вториот поглавар на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и една од најзначајните личности во поновата историја на МПЦ-ОА.

На одбележувањето присуствуваа претседателката на Република Македонија, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, заменик-претседателот на Владата, г-дин Љупчо Димовски, министерот за култура и туризам, г-дин Зоран Љутков, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, пратеникот Павле Арсовски, Бискупот монс.д-р Киро Стојанов, претставници на ИВЗ како и претставници на верските заедници, бројни граѓани и верници.

Настанот беше организиран од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија.во рамки на годишната програма за одбележување на јубилеи на Комисијата за култура и туризам при Собранието.

Со поменот чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, во сослужение на архиереите г. Иларион и г. Јосиф и свештенослужители на МПЦ-ОА.

Во своето обраќање, Архиепископот Стефан се осврна на животот, архипастирската служба и духовното наследство на Архиепископот Ангелариј, истакнувајќи го неговиот значаен придонес во развојот и афирмацијата на Македонската православна црква.

По завршувањето на поменот, делегациите положија свежо цвеќе пред вечното почивалиште на Архиепископот г. Ангелариј, оддавајќи почит кон неговото дело и трајниот белег што го остави во духовниот, црковниот и националниот живот на македонскиот народ.

Одбележувањето на овој значаен јубилеј претставува потсетник на животот и делото на Архиепископот г. Ангелариј, чие име останува трајно врежано во историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

СЕЌАВАЊЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ АНГЕЛАРИЈНа денешен ден 15 јуни пред цели 40 години во далечната 1986 го...
15/06/2026

СЕЌАВАЊЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ АНГЕЛАРИЈ

На денешен ден 15 јуни пред цели 40 години во далечната 1986 година вториот по ред Архиепископ на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква – Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски Ангелариј трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа далечната 1986 година.

За богатата и неуморна работа на дедо Ангелариј има бројни сведоштва. Всушност неговата неуморна пет децениската служба во Црквата беше крунисана со избор за втор Претстојател на возобновената МПЦ во 1981 година.

Блаженоупокоениот Ангелариј, вториот Претстојател на Македонската православна црква е роден како Цветко Крстески на 25 март 1911 година во селото Долнени – Прилепско. Потекнува од патријархално семејство, од татко Костадин – свештеник и мајка Ѕвезда, домаќинка. Основно образование завршува во своето родно место и во Прилеп. Потоа, во 1926 година, воден од неговата силна желба достојно да ѝ служи на Светата Црква, следејќи ги стапките на својот родител, се запишува во Богословијата „Свети Јован Богослов“ во Битола, која со одличен успех ја завршува во јуни 1931 година. По ослободувањето го завршува и Филозофскиот факултет во Скопје - група историја. Имајќи ги во предвид приликите во кои живее и работи приоритет им дава на народните стремежи и својата пастирска дејност во која е воведен како ѓакон уште во 1932 година, во црквата „Свети вмч. Димитриј“ во Битола, а истата година е ракоположен за свештеник во црквата „Пресвета Богородица“ во Битола. Веднаш потоа е поставен за парохиски свештеник на градската парохија при Дебарско архиерејско намесништво. Во 1937 година, пак е поставен за парох во Прилеп.

По ослободувањето, во 1945 година, како член на Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква, а подоцна и како член на Здружението на Православното свештенство на НР Македонија, неуморно работи на полето на нашата Света Црква. За живата активност што ја покажал работејќи на нивата Господова, од покојниот Патријарх Викентие одликуван е со црвен појас, а на предлог на Архиепископот Доситеј во 1959 година, Светиот архиерејски синод го одликува право на носење на граден крст, односно со чин протоереј-ставрофор како највисоко одличие во Македонската православна црква, што се доделува на свештеници. Како свештеник и архиерејски намесник во Прилеп, во својата работа пројавува голема љубов. За неуморниот труд за општото добро на своите парохјани и на верниот македонски народ, од страна на Југословенскиот црвен крст е одликуван со златна плакета и златен знак, а од претседателот на СФРЈ со Орден за братство и единство од II ред.

За потребите на службата во еден период е испратен за парох во првата Македонска црковна општина при црквата „Св. вмч. Георгиј“ – Фицрој, Мелбурн – Австралија, каде што останува до 1964 година. Од 1964 до 1975 година со висок приоритет продолжува да ја врши парохиската должност во Прилеп. Во овој период истовремено ја вршеше должноста архиерејски намесник за градот Прилеп и околијата, на која должност останува до неговото монашење.

По смртта на својата сопруга во 1972 година, својот животен пат го определи за монаштвото. Се замонашил под името Ангелариј. Во 1975 година од страна на Светиот архиерејски синод е избран за Епископ пелагониски, а во 1977 година е избран и востоличен за Митрополит на Дебарско-кичевската епархија. На оваа должност се наоѓаше сѐ до изборот за Архиепископ охридски и македонски.

За богатата и неуморна работа на Архиепископот Ангелариј има бројни сведоштва кои говорат дека највисокото тело на Македонската православна црква избра еден од најдостојните архиереи, кој достојно го носеше тешкиот крст и мудро го водеше бродот на Македонската православна црква, сѐ до неговата трагична смрт, во сообраќајна несреќа во 1986 година. Архиепископот Ангелариј е погребан во црквата Црквата „Св. Димитрија“ во Скопје. За неговата скромност сведочат следниве негови зборови: „Господ ме возвиши и востоличи на тронот на Македонската православна црква. Но, со тоа ништо не ќе се измени во мојот живот и мојата работа. Јас и во иднина ќе продолжам со љубов кон Бога да го проповедам словото Негово, да го пазам и поучувам довереното ми паство, да бидам пример и светлина пред македонскиот православен народ и свештенството.“

Особено во црковната меморија на МПЦ-ОА се памети неговата беседа одржана за време на панихидата на гробот на војводата Гоце Делчев на 12 јуни 1986 година, каде меѓу другото тој ќе рече: „Балканот не е тесен, тесни се срцата наши. На некои им пречи Балканот да биде зона на мирот, а светот поле за културно натпреварување меѓу народите“.

Денес македонскиот народ и МПЦ-ОА трајно го чуваат споменот на овој црковен великан. За неговиот живот и дело издадена е монографија со наслов „Така словеше Ангелариј“, а исто така е издадена и поштенска марка.

Нека е вечен неговиот спомен!

СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА РЕПУБЛИКАТА ИТАЛИЈА🇮🇹🇲🇰 На покана на амбасадорот на Република Италија во Република...
05/06/2026

СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА РЕПУБЛИКАТА ИТАЛИЈА

🇮🇹🇲🇰 На покана на амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Н. Е. Паоло Палминтери, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, присуствуваше на свечениот прием организиран по повод Националниот ден на Република Италија, кој се одржа во Музејот на современата уметност во Скопје.

Националниот празник на Италија се одбележува на 2 јуни, во спомен на историскиот референдум од 1946 година, кога италијанскиот народ се определил за републиканско уредување, отворајќи ново поглавје во современата историја на земјата.

Свеченоста во Скопје ги обедини претставниците на државните институции, дипломатскиот кор, меѓународните организации, верските заедници, културниот и јавниот живот, потврдувајќи ги традиционално добрите односи и пријателството меѓу Македонија и Италија.

Со своето присуство на настанот, директорката Трајковска ја потврди посветеноста на Комисијата кон негувањето на добрата меѓународна соработка, меѓуверскиот дијалог и вредностите на толеранцијата и меѓусебното почитување, кои претставуваат значаен мост на поврзување меѓу двете пријателски земји.

Одбележување на Националниот ден на Република ХрватскаДиректорката на Комисијата за односи со верските заедници и религи...
29/05/2026

Одбележување на Националниот ден на Република Хрватска

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи вчеравечер присуствуваше на свеченото одбележување на Националниот ден на Република Хрватска.

На почетокот на свеченоста беа интонирани химните на Република Хрватска и Македонија, по што следуваше обраќање на амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ, која ја истакна важноста на пријателските односи и соработката меѓу двете земји.

На настанот присуствуваа: претседателката Н.Е. Гордана Сиљановска-Давкова, вицепремиерот Љупчо Димовски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, претставници на дипломатскиот кор, амбасадори, бискупот монсињор Киро Стојанов, Реис-ул-Улема Шаќир ефенди Фетаи, како и бројни гости од јавниот и културниот живот.

Свечената атмосфера беше дополнително збогатена со настапот на легендарниот македонски музичар Влатко Стефановски.

Одбележување на традиционалната манифестација "Бајрамска баклава"Вчеравечер, на покана на Поглаварот на Исламската Верск...
29/05/2026

Одбележување на традиционалната манифестација "Бајрамска баклава"

Вчеравечер, на покана на Поглаварот на Исламската Верска Заедница,Реис-Ул Улема Хаџи Хфз. Шаќир еф. Фетаи, Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска присустваше на традиционалната свеченост „Бајрамска баклава“.

Во присуство на претставници од политичкиот и верскиот живот, оваа манифестација е светол пример на соживот и меѓусебно почитување. На свеченоста присуствуваа и: претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, митрополитот Тетовско- гостиварски г. Јосиф, бискупот Скопски и епарх Струмичко- скопски монсињор Киро Стојанов, како и од другите верски заедници, претставници на државни и образовни институции.

Продолжуваме да го негуваме трендот на соживот, солидарност и конструктивен дијалог помеѓу државните институции и верските заедници во земјава.

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ ДО ИСЛАМСКАТА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ КУРБАН БАЈРАМДиректорката на Комисијата за односи...
27/05/2026

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ ДО ИСЛАМСКАТА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ КУРБАН БАЈРАМ

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам.

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

Почитуван Реис Ул Улема Шакир ефенди Фетаи,

Дозволете ми во мое лично име и во име на Комисијата за односи со верските заедни-ци и религиозни групи, да Ви упатам Вам, на членовите на Ријасетот, муфтиите и имамите, искрени честитки по повод големиот муслимански празник - Курбан Бајрам.

Овој голем муслимански празник нѐ потсетува на возвишената смисла на жртвата, верата и човечката добрина. Симболиката на Курбанот не се согледува само во прине-сувањето, туку пред сѐ во искреноста на срцето, милосрдието и подготвеноста човекот да биде потпора на другиот, како што се вели во Светиот Куран:

„До Аллах не стигнува ниту нивното месо ниту нивната крв, туку до Него стигнува вашата богобојазливост.“(Сура Ел-Хаџ, 22:37)

Празничната порака нека ја зачува суштината, вистинската вредност отсликана преку чистата намера, љубовта кон ближниот и делата исполнети со човечност и солидар-ност. Празничните денови нека внесат спокој во домовите, радост во семејствата и духовна сила кај сите верници од исламска вероисповед.

Во духот на меѓусебното почитување и разбирање, како и традицијата на соживот што со векови се негува во нашата татковина, остануваме посветени на заедничката мисија- градење општество исполнето со мир, достоинство и взаемна почит.

Ви посакувам Вам, на Ријасетот и на сите верници: добро здравје, благосостојба и бајрамски благослови.

Бајрам шериф мубарек олсун!

Address

Улица Бихаќка, бр. 02 Палата Емануел Чучков Влез 1 кат 2
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share